Meteomax.mk медиум кој потекнува од Струга-прочитајте ги сите детали за градот Струга

Стругаград во југозападниот дел на Република Македонија и центар на Општина Струга. Градот Струга лежи во рамнината на Струшкото Поле на двата брега на реката Црн Дрим и на северниот брег наОхридското Езеро. Од Скопје е оддалечена 171 км, а од Охрид 15 км.

Струга
Поглед на Црн Дрим во Струга

Поглед на Црн Дрим во Струга

Знаме на Струга
Грб на Струга
Mестоположба
Mестоположба на Струга
Струга на картата на Македонија
Координати : 41°10′39″ СГШ 20°40′44″ ИГД

Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2)

Општи податоци
Име:Струга
Прекар:„Град на поезијата“
Поштенски бр.:6330
Повикувачки бр.:(+389) 046
Автомобилска ознака:SU
Портал:struga.gov.mk
Историја
Управа
Земја:Flag of Macedonia.svg Македонија
Регион:Logo of Southwestern Region, Macedonia.svg Југозападен регион
Општина:Coat of arms of Struga Municipality.svg Општина Струга
Градоначалник:Зијадин Села
Географија
Надм. височ.:675 м
Население
Население:16.559
Образование:
Етнички групи:Македонци, Албанци, Власи, Турци

Етимологија

Едрилици кај Струга

Античкото име на градот е Енхалон кој на старогрчки значи јагула и во тоа време градот бил мала населба. Подоцна населбата го добива името Струга.

Името на Струга произлегува од чист и карактеристичен словенски збор. Народот од Струшко и Охридско дава две свои објаснувања за потеклото на ова име.

Според првото народно толкување, името Струга доаѓа од отворената географска положба на градот: место каде што постојано струже (дува) ветер.

Второто е сосем поинакво : Одамна некогаш македонските Словени (Брсјаци и Мијаци) во Струшко се занимавале со сточарство и во точно определено време ги дотерувале многубројните овци на стриг (стрижење волна) во близина на истекот (Устата) на Црн Дрим од Охридското Езеро. Меѓутоа, тоа може многу пологично да се поврзе со преминот низ ограда за молзење овци, наречен струга (страга, стронга).

Некои автори тврдат дека градот е наречен така заради тоа што Црн Дрим поминува низ далјаните (турски збор за место заградено со трски и друг материјал за лов на јагули и риби воопшто).

Можеби е најблиску до вистината објаснувањето дека Струга значи речен ракав, притока (во случајов истек на Црн Дрим) и тоа на место со уреди за риболов.

За првпат под словенското име Струга, градот се споменува во еден документ од XI век. Во друг документ од XVI век (Калимановата грамота) е дадена една царска повелба „приходите од рибното ловиште на град Струга да се испраќаат на Зографскиот манастир“.

ИСТОРИЈА

Струга е стара населба која потекнува од неолитскиот период. Во антиката, Струга има многу профитирано заради тоа што се наоѓала на патот Виа Игнација, кој ги поврзувал Источното и Западното Римско Царство. Археолошките наоди и откриените пишувани споменици зборуваат дека животот овде датира уште од праисторијата. Првата неолитска населба е регистрирана околу 3.000 години п.н.е. Античкото име на градот е Енхалон што значи јагула, а сегашното име Струга го добива подоцна од старословенскиот збор „страга“ што означува премин.

Претсловенски период

Врз основа на некои археолошки наоди, се претполага дека античкиот град Енхалон, најверојатно основан од припадниците на илирското племе Десарети, се наоѓал во непосредна близина на денешната рекичка Климетица. Меѓу поважните археолошки наоди спаѓаат: една надгробна плоча со релјеф (од IV век) и една стаклена ваза во боја, за која се претпоставува дека е донесена од Египет, потоа римски милјоказ и неколку стари гробови со украсни предмети и керамика, откриени при црквата Св. Ѓорѓија. Стариот историчар Полибие дава податоци за борбите меѓу древните Македонци и Илирите во Охридско и тврди дека кралот Филип II го зазел Енхалон во 334 година п.н.е. Во 148 година п.н.е. градот потпаднал под власта на Римјаните, кои го изградиле прочуениот стратешки пат Виа Игнација за да го поврзат Рим, преку Драч и Солун, со Цариград. Тој пат поминувал и низ древниот Енхалон.

Во тоа време градот Енхалон извезувал во другите области на Римската Империја земјоделски и сточарски производи, а внесувал предмети за практична употреба од злато, сребро, од метал воопшто и од стакло. Римската власт прекратила во IV век. Тогаш Охридската област била приклучена кон Епир. Речиси во исто време, почнува и ширењето на христијанството во Струшко. Се претпоставува дека прв христијански мисионер во овие краишта бил антиохискиот епископ Еразмо. Тогаш тука биле изградени повеќе цркви.[1]

Населување на Словените

По масовното навлегување на Јужните Словени, кои го преплавиле Балканскиот Полуостров, на некогашната илирска територија, крај бреговите на Охридското Езеро, стигнале припадниците на словенското племе Березити (Брсјаци). Тие дошле од исток, преку Битолско и Преспа. Березитите, несомнено, едно од најголемите македонски словенски племиња, се населиле и во Струшко, каде се измешале и со еднокрвните Мијаци, коишто таму навлегле од север.

Веројатно тогаш, кон крајот на VI или во почетокот на VII век, Березитите ја основале денешна Струга. Некои автори претпоставуваат дека Березитите нашле на тоа место пусти урнатини од многу постара несловенска населба.

Постои и друга можност за разгледување на ова прашање. Можеби древниот град живеел сè до наближувањето на Беерзитите во Охридско и Струшко, кога неговите илирски и други жители, опфатени од страв, го напуштиле и се засолниле по планините. Ако било така, Македонските Словени до темели го разурнале градот и изградиле нова населба, слична на населбите што ги правеле во општословенската прататковина, некаде зад Карпатите. Околината на новиот град мошне прилегала на некои месности во прататковината. Поточно: околу истекот (устата) на Црн Дрим се протегало големо мочуриште – што веројатно го покривало целото денешно Струшко Поле – полно со разновиден и богат растителен свет (шевар, трски и др.), а и со диви животни. Заради тоа, жителите на младата населба Струга немале зошто да се плашат од недостиг на храна. Березитите биле одлични ловци и риболовци, а Црн Дрим и Охридското Езеро им давале неограничени можности за богат риболов. Оваа необично важна стопанска основа, потоа изобилството со вода и со други природни богатства во најнепосредната околина, ѝ овозможиле на Струга да се развива постепено и непрекинато, до одредени граници, обусловени од близината на Охрид, град со очигледно поважна и поклучна стратешко-географска положба. Околу Струга никнале словенски полски и планински села. Таа им станала центар во секој поглед.

Набргу по доаѓањето на бугарските несловенски племиња на Балканскиот Полуостров, нивните ханови се стремеле да ги прошират границите на својата држава за сметка на другите Јужни Словени и на Византија. Ханот Пресијан навлегол во источниот дел на Македонија, најверојатно во Брегалничката област и северно и јужно од неа. Кнезот Борис (853-888), којшто ги присилил Бугарите на покрстување, ги истиснал Византијците од територијата на цела Западна Македонија и ја покорил Струга со околината. Тој навлегол длабоко и во Албанија, каде живееле и Словени.

Отпрвин Византија воопшто не сакала да ја признае новата положба во овој дел на Балканскиот Полуостров, но подоцна, во 864 година, склучува договор со бугарскиот кнез Борис I и ја признава, де јуре, неговата власт во новопокорените области, значи и во Македонија. Струга останала под бугарска власт и во времето на бугарскиот цар Симеон Велики (893927), кој настојувал сосема да ја истисне Византија од Балканот, за да создаде едно огромно јужнословенско царство (такви идеи имале подоцна и македонскиот цар Самуил и српскиот цар Душан).

За време на и после Самоил

Положбата на Македонските Словени во Струга и Струшко била просечно добра во времето на Самуиловото владеење, иако тој водел постојани војни против Византијците. Тогаш, во овој крај, богомилите биле во мнозинство, но не ги прогонувале. Големо влошување настапило по воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Струга се нашла во границите на Охридската тема и била изложена на сурова феудална експлоатација. Византиските службеници (и воените и цивилните), дојдени крај Црн Дрим од поголеми и поразвиени градски центри во царството, свесни за временоста на своето живеење таму, се стремеле да го исползуваат своето службување побргу да се збогатат за сметка на Македонските Словени. Притоа, тие не знаеле за милост. Цеделе сè што можело да се исцеди, ограбувале сè што можело да се ограби. Во тоа особено се истакнувале државните органи за собирање на даноци, а и грчкото духовенство, кое правело сè за да ја отстрани од употреба словенската богослужба во црквите. Познатиот Охридски архиепископ Теофилакт (10841108), кој го превел и го прикажал како свое опширното житие на Климент Охридски (а потоа го изгорел словенскиот оригинал), во некои свои писма се жали дека државните органи ги оптоварувале неговите поданици – рибарите и воденичарите – со двојно зголемени даноци, без да имаат законско право. Тоа се однесувало и за Македонските Словени во Струшко, зашто и тие му биле „поданици”.

Струга потпаднала повторно под бугарска власт во времето на Калојан (11971207). Таа и робувала на бугарската држава и во времето на Иван Асен (12161240). Може да се рече дека пак заживеела слободно, како во времето на Самуила, по создавањето на самостојната државичка на македонскиот феудален владетел Стрез.

Струга и Струшко пострадале многу во текот на XI век, кога Норманите, предводени од Роберт Гвискард и од неговиот син Боемунд, навлегле длабоко во Македонија, по Виа Игнација. Пред пристигнувањето на норманските освојувачи, византиските власти во Охридската тема собрале војници за својата пешадија. Исто така, при поминувањето на Норманите, Струшко било пљачкосано. Воинствениците од Северна Европа извршиле бројни злосторства во Струшко. Некое време градот се наоѓал и под власта на Епирците, чијшто деспот Теодор Ангел Дука Комнин бил крунисан за цар од охридскиот архиепископ Димитар Хоматијан (12171234) (автор на кусото житие на Климент Охридски).

Во XI век Струга ја посетува византиската патописка Ана Комнина во чии записи Струга се нарекува град на сто мостови. Во средниот век благодарение на веќе постојната Виа Игнација и Самуиловите новоизградени патишта Струга веќе станува и богат трговски центар. Патописецот Бернард ја опишува како значајна крстосница, а Евлија Челебија кој овде престојувал во втората половина на XVII век сведочи за големите струшки панаѓури, по два во текот на годината, на кои доаѓале и до 50.000 посетители. Месноста на кои биле изградени илјадници дуќани и други објекти и денес се нарекува Панаѓуриште. Во градот, XIX век поминува во знакот на преродбата и ослободувањето од грчкото духовно влијание. Токму Струга преку браќата Димитрија и Константин Миладинови станува предвесник и средиште на македонската народна преродба.

Под српското царство

По обновата на Византиското Царство во 1261 година, Византијците управувале околу 20 години во цела Македонија, без да бидат вознемирувани во тоа од некоја страна. Но, во текот на истиот век, започнува ширењето и зацврстувањето на српската власт кон југ, на територијата на Македонија. Српскиот крал Милутин бил прв што зазел македонски области. Душан Силни (13311355) ја вклучил Струга во границите на своето големо царство, со престолнина во Скопје. Тој го именувал за управител на Охрид и Струга севастократорот Бранко Младеновиќ (татко на Вук Бранковиќ). Но, поверојатно е дека практично власта ја држел неговиот син Гргур Бранковиќ.

Во тоа време Струга и натаму е познат стопански центар, особено со развиениот риболов. Во една повелба на царот Душан Силни, градот Струга се споменува како рибарско ловиште подарено на храмот „Света Богородица Перивлепти“, во Охрид. Од истиот документ се гледа дека тогашната Струга се делела на две градски целини: Вранинска Струга и Мала Струга, најверојатно наречени така според речните ракави на Црн Дрим, при далјанот.

Цар Душан им овозможил на прочуените дубровнички трговци да можат да се движат низ неговата држава. Таа положба придонесла да се развие трговијата во позначајните македонски градови. Карваните на дубровничките трговци, натоварени со скапоцена и разновидна стока од западните европски земји, се задржувале главно во Скопје, тогашна престолнина на српската држава, а еден помал дел од трговците го продолжувале својот пат и кон јужниот дел на Македонија. Тие често ги посетувале и Прилеп, Битола и Охрид. Дубровничките трговци, кои ќе стигнеле до Охрид, наминувале и во Струга за да го продадат она што го носеле, но и за да купат струшки сточарски и земјоделски производи.

Под османлиско владееше

Душановиот наследник кралот Урош не бил кадарен да го спаси царството од цепкање и слабеење. Одделни српски феудалци се стремеле да станат што е можно посамостојни и да не зависат од централната власт. Тогаш се засилил амбициозниот крал Волкашин (13651371). Тој успеал да ја зајакне својата власт во Прилепско, Битолско, Охридско и Струшко. По неговото загинување во битката кај реката Марица, во 1371 година, таа територија ја наследил легендарниот јунак од народната поезија на сите Јужни Словени Крале Марко (13711395). Иако турски вазал, Крале Марко се грижел да ги заштити Македонските Словени од сè почестите турски грабежи во овој дел на Македонија.

Струга не останала долго под непосредната власт на Крале Марко, зашто великиот жупан Андреа Гропа (најверојатно по потекло Албанец) се зацврстил во Охридско и во Струшко како самостоен господар. Но и Гропа не можел да направи нешто позначително за заштита на населението во својата управувачка област.

Животот станал неснослив. Завладеало чувство на општа несигурност и страв, уште пред воспоставувањето на турската власт во целата област. А во тоа време Турците започнале трајно да ги освојуваат и покоруваат македонските градови. Прочуениот војсководач Тимур Таш-бег, организирал поход од Самоков преку Овче Поле кон Југозападна Македонија. Неговите војски ги зазеле градовите Штип, Велес, Прилеп и Битола. Во хрониката на турскиот автор Ашик-паша ЗадеТеварих-и-ал-Осман” за турското навлегување во споменатиот правец пишува:

Потоа се зададоа кон албанскиот вилает. Co мошне голема војска стигнаа во Манастир (Битола). Тој крај беше дарежлив. Народот се покори“.

По стабилизацијата на турската власт во Македонија, била извршена управно-територијална поделба на целата земја. Во 1582 година во Охридскиот санџак влегувале следните нахии: Охрид (со Струга), Преспа и Дебарца (од Охридската каза) и Горни Дебар, Жупа и Река (од Дебарската каза).

Грчка пропаганда

Во почетокот на XVII век се засилило грчкото влијание во Струга и Струшко. Грцизмот навлегувал тогаш од јужните дијацези на Охридската архиепископија. Дотогаш, градот крај Црн Дрим ја беше запазил словенската богослужба, а и натписите на фреските и на иконите биле на словенски јазик, со кирилски букви. Струшките свештеници и калуѓери препишувале неуморно и со голема љубов словенски ракописни книги. Како доказ за тоа, може да се земе и фактот дека во Струга е најден словенскиот превод на службата на Климент Охридски, во препис од српската редакција од XV век. Соживеана со словенската традиција во црквите и во ќелијните училишта, приклучени кон храмовите, Струга пројавила необично жилав отпор против грцизмот и се стремела со сета сила да го спречи неговото навлегување во нејзината средина. Но, грцизмот воопшто не отстапил. Од соседниот Охрид започнува да се шири кон Струга, истовремено со сличното штетно влијание што доаѓало од Албанија, исто така загрозена од новата политика на патријаршијата во Цариград.

Во XVII век живнала католичката пропаганда во Охридско и во Струшко. Таа и порано дејствувала во Македонија, главно од политички причини. Одвреме-навреме опаѓала и воопшто не се чувствувала. Во 1651 година папата го именува за католички архиепископ (надбискуп) Андреј Богдани, но тој не ни дошол во Македонија, во Охрид, од страв да не биде убиен од православните христијани.

ВМРО

Внатрешната македонска револуционерна организација во Струга и Струшко развила многу поголема и посестрана дејност по пристигањето на Христо Узунов и Никола Русински, во Охридско и Струшко. Двајцата способни револуционери, централисти, имале сосем јасни концепции за тоа како треба да се одвива натамошното оспособување на македонскиот народ за вооружена борба против многувековниот поробувач. Тие вовеле тактика поразновидна од таа што дотогаш се употребувала и наложиле револуционерните чети да се движат само ноќе, уништувајќи ги трагите зад себе. Освен тоа, со строга наредба четите биле задолжени: воената обука да ја спроведуваат во недостапни планински месности; да одбегнуваат борби што би им ги наметнале турските аскери, со цел да се запази живата сила на ВМРО за решавачката битка. При топло време четите ноќевале надвор од населби, а ако се сместеле во некое село, тогаш селаните биле должни да постават свои стражи.

И градските и селските комитети примале нови членови во борбените редови на Револуционерната организација. Целата околија била покриена co мрежата на ВМРО. Секое село, дури и најмалото, имало свој селски комитет, што го составувале: началник, секретар, благајник, селски војвода и 2-3 члена. Селските комитети, покрај тоа, располагале со свои курири и стражари (чувари) за обезбедување на населбата од непредвидена опасност. Оние кои не се наоѓале во четите, а имале оружје, биле вклучени во народната милиција, што влегувала во дејство само при потреба.

Македонските селани не оделе повеќе по турските судови. Комитетите и војводите ја презеле судската функција. Комитетите на ВМРО, исто така, го забрзале вооружувањето; наредиле штедење при свадби и при други слични обичаи; забраниле девојките и жените да носат скапоцен накит; наложиле зголемување на земјоделското и на сточарското производство за производителите да можат да дојдат и до пари и до резервни количества на прехранбени продукти, неопходни за герилско војување.

Комитетите на ВМРО во Струшко и во Охридско влегле во борба против сите видови суеверија (маѓии, баења, јасновидости и сл.). Организацијата, со помош на учителите и на други попросветени луѓе, ги присилила Македонците постепено да свикнуваат и со похигиенски начин на живеење, а и да бараат лекарска помош при болест, наместо да одат кај надрилекари, што се збогатувале за сметка на непросветените. ВМРО ја забранила нивната дејност и ги прогонувала.

ВМРО во Струшко развива низа морални одлики меѓу своето членство, а преку него среде целиот народ во областа. Од етичките вредности што ВМРО ги всадувала и ги одгледувала, врвно место заземала борбата против омразата кон сите Турци воопшто и пазењето најстрог сексуален морал во четите и по селата. За прекршителите на последното била предвидена смртна казна. Тогаш биле дадени и напатствија како да им се парира на предавниците и на експлоататорите на трудбениците.

Позитивните резултати биле видливи во секојдневниот живот. Четите ги исчистиле разбојниците. Населението здивнало од нивниот терор. Иако ВМРО водела борба и против суровата феудална експлоатација на македонските селани, Струшкиот комитет спроведувал и една поинаква практика во однос на чифлизите во Струшко: револуционерните чети ги штителе чифлигарите од самоволијата на нивните господари, но исто така и чифликсајбиите од разбојничките ограбувања. Заради тоа чифликсајбиитеАлбанци и Турци – бесплатно ги снабдувале четите со храна.

Илинден 1903

Револуционерното знаме извезено во Струга

Пара Спасова, десетарка и активист на ВМРО од Струга

Пред и за време на востанието

По пристигнувањето на Русински во Охридско, Охридската револуционерна околија била поделена, заради полесно функционирање, на десет револуционерни реони, со главен центар во Охрид, а со седиште на потцентар во Струга. Според таа поделба, на струшката територија биле создадени следните револуционерни реони:

  • Деветти револуционерен реон: Струшки, со псевдоним Дримкол, а со центар во селото Вевчани и
  • Десетти револуционерен реон: Малесија, од десниот брег на реката Црн Дрим, а со центар во селото Присовјани.

Настапува и 1903 година. Револуционерните дејности во Струшко не стивнуваат. Комитетите на ВМРО ги ползуваат зимските месеци за понепосредна работа со членството и со целото население. Но и турските власти не седат мирно. Полицијата испраќа насекаде свои агенти, прибира податоци и му ги доставува на струшкиот мудур, за да може да преземе соодветна акција против ВМРО. На 19 јануари 1903 година, мудурот од Струга го напуштил своето седиште, на чело на воен одред од околу 40 аскери, и го посетил селото Радожда за да најде комити. Аскерите извршиле детален претрес по куќите, но не нашле ништо сомнително.

Во текот на првите месеци на 1903 година се заредиле низа важни настани што на соодветен начин се одразиле и во Струшко. Се одржал фамозниот Солунски конгрес на ВМРО, свикан од внатрешни врховисти и пројавени предавници на македонскиот народ. Потоа се одржува и Смилевскиот конгрес на кој охридските делегати, што го претставувале и Струшко, се искажале против објавувањето на востанието, заради положбата на теренот. Сепак, одлуката паднала. Конгресот го определил Христо Узунов за началник на револуционерните чети во Охридско и Струшко. Веднаш по враќање од Смилевскиот конгрес, тој се зафаќа со забрзано подготвување на реонот за активно учество во вооруженото востание. Комитетите продолжиле да купуваат оружје и по планините создале илегални складишта и засолништа. На 14 мај 1903година, до охридското и струшкото раководство пристигнува окружното на Главниот штаб на востаничките сили, раководен од Даме Груев. Тоа окружно препорачува курирските врски од Струга до Главниот штаб да бидат воспоставувани „преку Ресенско или преку Демирхисарско”.

Од истиот месец, забрзано се полнат патрони за четите во куќата на Дудуловци во Струга. Таа илегална леарница полнела просечно, при нормални услови, по 2.000 патрони дневно. Во исто време, Струшкиот комитет на ВМРО ги активирал поопитните женски групи, од кои шест биле посебно активни. Co нив раководеле десетарките: Дола Бамбалова, Фана Бендова, Мара Китанова, Мара Мечкарова и Пара Спасова.

Неколку недели пред Илинденското востание, Струшкиот комитет на ВМРО ја задолжил мошне активната членка Василка Јакимова Матова да го извезе, според дадениот нацрт, знамето на Струшкиот револуционерен реон. Бидејќи за изработка на револуционерните знамиња немало единствена директива со единствен нацрт, стружани го изработиле своето борбено знаме на следен начин: Од едната (главната – тука лева) страна била извезена девојка со знаме во рацете – алегорија на Македонија – и со натпис на тоа знаме: „Слобода или смрт”. Десно од девојката имало исправен мал лав. Девојката газела врз предмети што означувале пораз на Турското Царство. На другата (десна) страна бил прикажан голем лав, со крената опашка, како гази врз турското знаме со верските симболи: полумесечина и ѕвезда. Везот од двете страни бил врз црвена свила.

Знамето стоело прицврстено на долга дрвена, мазна рачка. Интересно е дека ресите од црвена свила и од златна срма не виселе од сите три слободни рабови на знамето, туку само отстрана и оздола. Горниот раб на знамето бил слободен, а на врвот од рачката имало китка (како за на свадба).

Месец јули 1903 година бил исполнет со најразлични забрзани дејности на градските комитети на ВМРО во Охрид и во Струга. Струшкиот комитет често среќавал големи тешкотии заради етничката структура на населението, а и заради близината на Албанија. Иако ВМРО имала голем број симпатизери, соработници и членови меѓу Албанците, сепак струшкото револуционерно раководство не знаело како ќе реагираат Албанците од нивната матична земја, доколку реакционерните кругови би успеале да ги убедат дека борбата на Македонците е антимуслиманска, каква таа ниту била ниту можела да биде.

Друг нерешен проблем бил начинот на водење на борбата по објавување на востанието. И по Смилевскиот конгрес струшкото раководство се двоумело во однос на тактиката и стратегијата на борбата, поради веќе посочените причини. Сосем слични тешкотии имало во Охридско. Па сепак, подготовките продолжиле со забрзано темпо. Охридскиот револуционерен реон бил поделен на пет подреони, од кои два во Струшко: Струшки и Дебарски Дримкол – западно од реката Црн Дрим, со одговорни војводи Лука Групчев и Марко Павлов, и Малесија, на источниот брег на Црн Дрим, со одговорен војвода Тасе Христов.”

По Илинден 1903

По задушувањето на Илинденското востание, Струшкиот комитет на ВМРО презел низа мерки за да им помогне на оние села што најмногу настрадале. Комитетот ја спроведува во дело замислата за самопомош на македонскиот народ, што се покажа побрза и поефикасна отколку средствата давани од разни пропаганди. Помош дала и црквата Св. Ѓорѓија. Во записникот од седницата на управата, одржана на 31 август 1903година, се гледа дека „во таа година (додека беше питроп Теодосие Голабов – бм) (црквата) имаше чист приход од 20.258 грошеви… што беа употребени за платите на учителите, певците (псалтите), слугите и за милостина”. Под милостина се означени средствата дадени како помош на бедни семејства од загинати револуционери.

Во октомври 1903 година уште еден настан ја потврди револуционерноста на жените во Струшко. Мартиница, од селото Јабланица, членка на ВМРО, застрелала еден однароден предавник и турски шпион. Турските власти ја фатиле, ја врзале и ја префрлиле во централниот затвор во Битола. Мартиница не се смирила со судбината, туку успеала да избега од затворот, со помош на други затвореници. Настанот ја изненадил битолската полиција, која не успеала да и влезе во трагата. Мартиница живеела илегално и продолжила да работи за Револуционерната организација.

Струшкиот комитет на ВМРО брзо ја обновил револуционерната мрежа на територијата. Во проретчените раководства на селските комитети влегле нови и помлади луѓе. И женските групи на Организацијата биле проширени и зголемени со нови членки.

Новоживнатата српска пропаганда во Струшко продолжува да создава пречки за нормалната дејност на ВМРО. Иако многу слаба, таа не се откажува од тој реон. Нејзините агитатори врбуваат приврзаници дури и меѓу членовите на Организацијата, што доведе до подготвување убиство на војводата Ставре Гогов, којшто се пројавил како голем непријател на врховистите, и на сите странски пропаганди. Платеникот тешко го ранил војводата, но тој сепак оздравел по неколку седмици и продолжил да дејствува во реонот. Тоа станало во 1906 година. Истата година турските власти го убиле мошне активниот соработник на ВМРО свештеникот Петре од селото Вевчани. Тоа убиство предизвикало голем револт кај населението, а комитетите го исползувале за позасилена агитација меѓу Македонците и меѓу пријателите муслимани.

На 11 април 1907 година, македонски борци од неколку чети се собираат во Вевчани на советување. Пристигнатите чети биле под раководство на војводите Ставре Гогов и други. Турските власти ги откриле. Во селото пристигнале турски воени единици, придружени од башибозуци од Лабуништа, Октиси и Подгорци. Војводата Гогов загинал опкружен во една самечка камена кула.

По Хуриетот, 1908, младотурската власт побарала Македонци од Струга за служење во турската војска. На мнозина им биле врачени покани, за да се јават во определена единица. Тогаш баба Парушка, од Струга, сама префрлила 190 Македончиња од градот в планина каде што ѝ се придружиле на четата на Петар Чаулев (кој се засолнувал повремено во Албанија).

Две години потоа, на 5 мај 1910 година, Македонците во Струга одржале градско годишно собрание за разгледување на некои културно-просветни проблеми. Присутните избрале црковно-училиштен одбор од редовите на поактивните стружани. Сите избрани биле мирјани. Одборот, покрај другото, предложил да се изгради нова училишна зграда во Струга, зашто старата била дотраена. Граѓаните ја прифатиле иницијативата и почнале да внесуваат доброволни прилози.

Балкански и Прва светска војна

Мостот срушен за време на Балканските војни во битка меѓу српските и бугарските окупаторски сили во Струга

Струшката чаршија во 30-тите години од XX век

Кога балканските монархии се здружија да ѝ објават војна на Турција за да ги остварат своите тајни стремежи за делба на живата снага на Македонија, а и на другите балкански области што уште се наоѓаа под власта на султанот, Струга – според картата на таканаречената “спорна зона” – била вклучена во сферата на интереси на Кралството Србија, додека Охрид и бил приклучен на бугарската зона. Струга е окупирана од српските војски без борба, зашто турските единици се повлекле кон Елбасан (Албанија).

И Првата светска војна се одразила во Струшко. Бугарските и српските единици се судриле во самиот град на 26 ноември 1915 година. По неколкудневна борба, српските војски биле присилени да се повлечат кон Албанија. Струга ја окупираат бугарските единици.

По завршувањето на Првата светска војна, Струга се наоѓа повторно под српска власт. Животот во новото Кралство на Србите, Хрвати и Словенци (СХС) не бил многу подобар од тој во турско време, зашто македонскиот народ и натаму останал национално угнетуван и обесправен.

Втора светска војна

Во 1941 година Струга потпаѓа под италијанска власт. Ослободена е на 8 ноември 1944 година.

Географски карактеристики

Местоположба

Струга е сместена е во подножјето на планината Јабланица, во Охридско-Струшката котлина, на северниот брег од Охридското Езеро, непосредно на местото каде се излива реката Црн Дрим од Охридското Езеро.

Клима

Поглед од реката Црн дрим на десната страна на Струга

Според географската положба на Струга, климата односно температурите, Струга има суптропска клима, но влијание има со своите воздушни струи и континеталната клима. Заокруженa со планински предели на запад се наоѓа Јабланица, на североисток Караорман и на југоисток Галичица, како и отвореноста на Струшкото Поле по долината на реката Црн Дрим и Сатеска кон север, условиле пониски годишни температури. Максималните воздушни температури во месеците јули и август можат да варираат од 28°С – 33°С. Во летната сезона односно месеците јули и август, температурата на водата може да достигне дури 26,4°С.

Просечниот број на денови со летна температура на воздухот повисока од 25°С и на површинскиот дел на водата од езерото од 20°С, изнесува од 73-78 денови, со најголем интензитет во јули и август. Во зимскиот период од годината средните месечни температури се над нулата. Во планинските делови над 1600 м.н.в. температурите пониски од 0 степени започнуваат од декември до крајот на март.

Инсолацијата во Струга и Струшкиот регион е мошне висока. Со 2208,3 часови годишно, Струга го зазема првото место во Република Македонија. Во различните годишни периоди Струга има различен сончев сјај. Така на пример, од месец декември до месец август сончевиот сјај е подолг ,а обратно е од месец август до месец декември . Во месеците јули и август просечната инсолација стигнува од 10 до 12 часа, со што позитивно влијае во општата клима на градот Струга.

Статистичките податоци покажуваат дека во Струга и Струшката Котлина облачноста е најголема во декември и изнесува до 7,2 часа, а најмала во август кога се спушта 1,4 часа.

Врнежите од дожд во Струшката котлина се сиромашни. Просечната количина на дожд изнесува 600-700мм. А на околните планини достигнува од 2000-2500мм дожд, тој се наоѓа на планината Јабланица. Во Струшката Котлина годишно има 96 врнежливи денови во годината, со минимум на летните месеци.

Географската положба на Струга, отвореноста на Струшката Котлина, планините околу градот како и близината на езерото, овозможуваат во Струга да дува ветар од сите страни. Ветровите се делат на постојани и локални. Во постојаните ветрови спаѓаат ветровите што доаѓаат од југ и од север. Ветровите од север обично доаѓаат по долината од реката Црн Дрим и носат свежина, ги има низ целиот период на годината, но најчесто во зима. Јужниот ветер дува обично во март и април,а поретко во мај. Јужниот ветер е погоден за лов на јагула, плашици, грунец. Локалните ветрови се производ на нееднаквото загревање на копното и езерската водена маса. Карактеристичен ветер за Охридското Езеро е ветерот Стрмец. Доаѓа од околните планини и затоа е студен, дува преку цела ноќ до изгрејсонце со тивок ветер и полн бран.

Население

Струшко семејство – почеток на XX век

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во градот Струга, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, во градот нема целосни податоци.[заб 1]

Според податоците од пописот на население спроведен во 2002 година, во Општина Струга имало 63.376 жители. Стапката на наталитетот во 2004 е 10,2% (на 1000 жители), a стапката на општиот морталитет изнесува 7,5% (на 1000 жители). Стапката на смртност кај доенчињата изнесува 10,6 промили. Природниот прираст во бројка е 101, во промили е 2,7. Со овие податоци општината е под просекот на Македонија.[2]

Миграционото салдо во 2004 е 6. Притоа како доселени се регистрирани вкупно 223 лица, од кои 152 се доселени граѓани во рамки на Република Македонија. Карактеристично е дека од вкупно отселените граѓани најголем број (113) се од женски пол, а најчестите причини за преселување се склучувањето брак и семејните (78 и 52 респективно).

Просечната густина на населението изнесува 130,6 лица на км². Бројот на склучени бракови во 2004 година е 288 или 7,8 брака на 1000 жители и бројка на разводи 12 или 0,3 разводи на 1000 жители. Во однос на склучените бракови општината е над, а додека во однос на разведените бракови, општината е под републичкиот просек, односно спаѓа во групата со најниска стапка на разведени бракови.

Структурата по пол за Општина Струга е 31.743 (50%) жени и 31.633 (50%) мажи. Просечната старост на населението, според пописот од 2002, изнесува 33,1 години. Учеството на младо население до 20 годишна возраст изнесува 36,2%, а најголемо учество во вкупното население има населението со старост под 40 години 67,2 % додека процентот на население над 60 години е 11.7%.

Етнички групи

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 16.559 жители и спаѓал во групата на средни градови.[3] Етнички гледано, населението е составено од:[4]

Етнички групи[4]
Македонци
53.75%
Албанци
31.96%
Турци
5.48%
други
4.37%
Власи
3.32%
Роми
0.59%
Срби
0.43%
Бошњаци
0.10%
народвкупен број% од вкупното население
Македонци8.90153,75
Албанци5.29331,96
Турци9075,48
Роми970,59
Власи5503,32
Срби720,43
Бошњаци160,10
други7234,37

Скопје-прекрасна метропола и главен град на Република Македонија

Скопјеглавен и најголем град во Македонија, кој воедно претставува административно-политички, стопански, културен и образовно-научен центар. Се наоѓа во средишниот дел на Балканскиот Полуостровраспространет на бреговите на реката Вардар.

Име:

Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики бил именуван со различни имиња. Античкото име е Скупи (латински: Scupi).

Името на градот Скопје има различна транскрипција на различни јазици и култури. Градот е познат како Shkupi (Шкупи) на албански, Скопље/ Skoplje на српски/хрватски јазик, Scupi (Скупи) на латински, Скопье на руски, Skopiye (Скопије) на ромски, Σκόπια (Скопија) на грчки, Skopje на романски јазик, Üsküp (Ускуп) на турски, итн.
Во византиските документи градот е забележан како Скопија, а Словените го означувале и како Скопiе, Скопје, Скопље. За време на владеењето на цар Самоил, Скопје станува дел од Самоиловото Царство. Во подоцнежниот период градот потпаѓа под власт на Византија, Бугарија и Србија, а на 19 јануари 1392 градот го зазелеОсманлиите и го добил името Ускуп (Üsküp).

Праисторија и антички период:

Најстарите сведоштва и археолошки пронајдоци тврдат дека Скопје е населен уште од 4000 г.п.н.е.[2] Скопје за прв пат во документи се споменува од Клавдиј Птоломеј под древното име Скупи. Името Скупи (колиба, засолниште, стреа) за прв пат се јавува кај пајонското племе Агријани (Граи), кои живееле на овие простори.

Според историските податоци, во времето на императорот Октавијан Август, од 13-та до 11-та година пред нашата ера, Скупи од логор (каструм) на двете македонски легии – 5-та македонска и 4-та скитска легија прераснал во град.

Подоцна во 84 или 85 година императорот Домицијан основал колонија Флавија Скупи, град со римски самоуправни права кој бил најголем на просторот од Солун на југ до Дунав на север. Во тоа време Скопје доживува голем развој и станува град со свој бискуп.

Средновековна историја:

За прв пат градот е разурнат во катастрофалниот земјотрес на 28 април 518 година. По земјотресот Скупи веќе не се споменува, а скопската котлина добива нов град со името „Јустинијана Прима“.

На 16 април 1346 год. во Скопје Стефан Душан бил крунисан за цар во присуство српскиот патријарх Јоаникиј.

Османлиско ропство:

Во 1555 година градот повторно е разурнат од катастрофален земјотрес, но набрзо е обновен и станува турско воено упориште.

На 25 и 26 октомври 1689 година градот го освоил австрискиот генерал Силвио Пиколомини кој подоцна го запалил Скопје поради епидемија на чума и за да не им остави ништо на непријателите. Градот горел цели два дена и бил скоро целосно уништен[3].

Пазарен ден во Скопје во почетокот на XX век

Старо Скопје – Офицерскиот дом на главниот плоштад во 1920-тите.

Дел од Скопје, до Камени мост.

Управата на градот Скопје, од 1927 година.

Во XIX век Скопје станува важен сообраќаен центар каде што почнува да цвета занаетчиството. На 25 октомври 1912 година по 520-годишно владеење Османлиите го напуштаат Скопје, а веќе наредниот ден влегува Моравската дивизија на српската војска со што градот потпаѓа под српска власт.

Првата и Втората светска војна:

За време на Првата светска војна Скопје се наоѓа под окупација на бугарските и австроунгарските сили, а по завршување на војната станува дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија. На 22 април 1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и остана во градот сè до 9 септември 1944 година. На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада го ослободуваат Скопје од германската фашистичка окупација.

По ослободувањето од фашистичкиот окупатор на 13 ноември 1944 година, градот брзо се развива и станува индустриски, културен и административен центар на Социјалистичка Република Македонија која е во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Земјотресот од 1963:

Повеќе информации: Скопски земјотрес

Хотел Македонија, кон плоштадот, ул. Никола Вапцаров, поплавата од 1962 во Скопје

Земјотресот во Скопје од 1963 година: Самоиницијатвно граѓаните бараат затрупани и ранети

Во почетокот на ноември 1962 поради обилни дождови, реката Вардар го поплави Скопје. Поплавени беа околу 5000 куќи. Поплавата беше предвесник на една поголема трагедија неколку месеци подоцна.

На 26 јули 1963 година во 5:17 часот Скопје беше разурнато од земјотрес со јачина од 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала). Под урнатините животот го загубија 1.070 негови граѓани, беа повредени над 4.000 граѓани. Повеќе од 90 отсто од зградите во градот беа урнати и над 20.000 граѓани оставени без покрив над главата.

По земјотресот градот почна да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица, денес е музеј на градот Скопје и симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

Првата помош за граѓаните на Скопје дојде од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики, а неколку дена по земјотресот започна да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации во светот испратија некаква помош во Скопје и помогнаа тој да се изгради повторно, и поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

Современа историја[уреди | уреди извор]

На 6 август 2016 година Скопскиот регион го зафати големо невреме, што резултира со силен ветар и полави. Во невремето животот го загубија 22 лица.

Географски податоци

Скопје се наоѓа на 21° 26′ географска должина и 42° северна географска ширина. Надморската височина во центарот на градот изнесува 240 м Се простира на 1.818 км2 во широчина 9 км (Водно-Радишани) и во должина 23 км. (Драчево – Ѓорче Петров). Градското подрачје зафаќа површина од 225 км2.

Климата во Скопје ја карактеризира средна годишна температура од околу 12,4 °C. Летата се долги суви и жешки, а зимите ладни со многу магловити денови. Низ скопската котлина протекуваат реката Вардар со своите притоки: Треска, Пчиња, Маркова Река, Лепенец и Кадина Река. Скопската котлина ја опкружуваат планините: Водно, Караџица,Осој, Жеден и Скопска Црна Гора.

Климатски податоци за Скопје
МесецЈанФевМарАпрМајЈунЈулАвгСепОктНоеДекГодишно
Највисока забележана °C (°F)18.7
(66)
24.2
(76)
28.8
(84)
32.4
(90)
35.2
(95)
41.1
(106)
42.8
(109)
43.2
(110)
37.0
(99)
33.9
(93)
28.2
(83)
22.1
(72)
43.2
(110)
Прос. висока °C (°F)4.5
(40)
8.3
(47)
14.0
(57)
19.1
(66)
24.4
(76)
28.8
(84)
31.4
(89)
31.5
(89)
26.5
(80)
19.8
(68)
11.5
(53)
5.5
(42)
18.8
(66)
Сред. дневна °C (°F)0.1
(32)
2.6
(37)
7.6
(46)
12.1
(54)
17.3
(63)
21.5
(71)
23.8
(75)
23.8
(75)
18.8
(66)
13.1
(56)
6.5
(44)
1.7
(35)
12.4
(54)
Прос. ниска °C (°F)−3.8
(25)
−2.3
(28)
1.6
(35)
5.4
(42)
10.0
(50)
13.7
(57)
15.8
(60)
15.7
(60)
11.6
(53)
7.2
(45)
1.8
(35)
−1.8
(29)
6.2
(43)
Најниска забележана °C (°F)−25.6
(−14)
−21.8
(−7)
−10.8
(13)
−5.8
(22)
−1.0
(30)
3.0
(37)
7.0
(45)
7.0
(45)
−2.0
(28)
−6.4
(20)
−12.2
(10)
−22.9
(−9)
−25.6
(−14)
Прос. врнежи мм (ин)30
(1.18)
29
(1.14)
38
(1.5)
40
(1.57)
43
(1.69)
54
(2.13)
38
(1.5)
36
(1.42)
34
(1.34)
49
(1.93)
45
(1.77)
48
(1.89)
483
(19.02)
Прос. бр. врнежливи денови109101011107667911106
Прос. бр. снежни денови5530.2000000.12520
Прос. релативна влажност (%)83756866666156566374828570
Сред. бр. сончеви часови месечно86.9112.5161.1198.4245.2276.3323.0305.4247.5188.2114.879.62.338,9
Извор бр. 1: Pogoda.ru.net,[4] Светска метеоролошка организација (денови со врнежи)[5]
Извор бр. 2: NOAA (сонце, 1961–1990)[6]

 

 

Прочитајте многу повеќе за климата во Република Македонија

Климата во Македонија се карактеризира со испреплетување на маритимните и континенталните влијанија и се судираат благата медитеранска со острата континентална клима на многу специфичен начин. Маритимните влијанија предизвикуват сушно и топло лето, а континенталните влијанија студена и влажна зима.[1]

Климатски региони и типови

Во Македонија се издвоени неколку карактеристични климатски региони: субмедитерански, регион со изразена транслатација на медитеранската и континенталната клима, регион соконтинентална клима и регион со планинска клима. Субмедитеранскиот регион ги зафаќа: Гевгелиско-валандовската и Дојранската Котлина, каде што најсилно се чувствуваат медитеранските климатски влијанија. Во него во одделни години медитеранските влијанија се потиснати, но и обратно, постојат години кога медитеранските влијанија се чувствуваат по долината на реката Вардардо Скопје, по долината на реката Брегалница до Кочани и по долината на реката Струмица во Струмичко–радовишката Котлина. Регионот на изразена транслатација на континенталната и медитеранската клима ги зафаќа Тиквешката, Велешката и Скопската Котлина, Овче Поле, Штипско и Кочанската Котлина, долината на реката Вардар, Струмичко–радовишката Котлина и по долината на реката Црни Дрим во Дебарската Котлина. На север по долината на реката Вардар климатското влијание брзо ослабува. Регионот на континенталната клима, најмногу се чувствува воПреспанската и Охридско-струшката Котлина (каде што се чувствува и влијанието од езерскиот басен), Кичевската, Бродската, Беровско-делчевската, Славишката, Полошката и Пелагониската Котлина. Регионот на планинска клима ги зафаќа високите планини на Шарскиот и корапскиот планински систем, Јабланица, Баба, Јакупица и сите други високи планини во Македонија. Во нив над 2.200 метри постои вистинска планинска клима или таканаречената алпска клима. За разлика од неа, во сите планини под 1.000 м н.в., кои се определени како ниски планини, владее преодна, од котлинска во планинска клима.[2]

Во жешкиот топлински појас се јавуваат: екваторска, троска, пустинска и монсунска клима.

Според климатските и вегетативните специфики, Македонија е поделена на осум физичко-географски региони:
  • Субмедитеранско подрачје со 50-150 м надморска висина.
  • Умерено континентално-субмедитеранско подрачје со 600 м надморска висина.
  • Топло континентално подрачје од 600 до 900 м надморска висина.
  • Ладно континентално подрачје на висина од 900 до 1100 м.
  • Подгорско континентално-планинско подрачје на висина од 1.100 до 1.300 метри.
  • Горско континентално-планинско, кое се јавува од 1.300 до 1.650 метри висина.
  • Субалпско планинско подрачје од 1.650 до 2.250 метри висина.
  • Алпско подрачје на висина од 2.250 метри.

Климатски факти: [3][4][5]

МестоРегионЛатитудаЛонгитудаАлтитуда (m)Врнежи (mm)Температура
(°C)
СкопјеСеверно од Вардарската Долина42° 00’21° 26’24594013,5
КочаниИсточна Македонија41° 50’22° 00’40053812,9
Охридско ЕзероЈугоисточна Македонија41° 03’20° 42’69375911,4

Климатски податоци за Скопје : [6]

МесецЈанФевМарАпрМајЈунЈулАвгСепОктНовДек
Максимална температура (°C)5101318232831302620107
Минимална температура (°C)-52571216181815116-2
Врнежи (највисоки просечни во mm)100103113175201123132102109127124141

ВИДЕО: Презентерка на метео облече погрешен фустан, па колегата мораше да ја покрие!

Голема телевизиска грешка предизвика презентерката на временска прогноза на една телевизија во Лос Анџелес.

Таа се обиде да ја презентира прогнозата, но сликата од географската карта се преслика на неа.

Едноставниот фустан во сина боја се покажа како огромна грешка, бидејќи ваквиот тип на прогноза се работи на хрома која не дозволува ТВ лицата што презентираат  да носат облека во зелена или сина нијанса.

Сепак, за да и помогне да се извлече од ситуацијата, колегата од вести ја покри со своето сако.

ВОЗЕЊЕ НА ДОЖД – КОРИСНИ СОВЕТИ

Колку и да изгледа наивно, возењето на дожд бара огромна концентрација и претпазливост, а во одредени ситуации од Вас ќе ги изведе на виделина сите Ваши возачки способности. Имајте на ум дека и Вашиот автомобил на дождливо време има сосема поинакви карактеристики на забрзување, кочење и свртување, за разлика од истите параметри на суво време. Затоа држете ги двете раце на управувачот, игнорирајте ги мобилните телефони и внимавајте на патот.

Често пати во текот на летниот период се случуваат интензивни врнежи од дожд кои за кратко време буквално ги преплавуваат коловозите, а акумулираната вода не може доволно бргу да се одлее низ одводните канали, и затоа значителна количина на вода се задржува на патот. Оваа појава е само една од многуте која ќе Ви го отежне возењето во услови на врнежливо време.

Еве неколку совети како да си го олесните возењето на дожд:

Проверете ги гумите на автомобилот – тие се вашиот контакт со патот. Редовно проверувајте го притисокот и длабочината на шарите на гумите. Ако длабината на шарите е под 16мм тогаш тоа е сигурен знак дека треба ги замените со нови. Токму од шарите на гумите зависи контактот на автомобилот со патот.

Проверете ги бришачите на ветробранското стакло. Ако нивната функционалност е намалена – заменете ги со нови. Пред тргнување на пат, ако временската прогноза укажува на дождливо време третирајте ги стаклата со средства кои ја „пролизгуваат“ водата од дождот.

Вклучете ги дневните светла. Така полесно се забележуваат возилата при врнежливи услови.

Држете растојание и успорете. Никогаш не знаете што може да ги изненади возачите пред Вас во услови на лошо време. Не е лошо брзината да ја прилагодите дури и под пропишаната на патот.

Вклучете го греењето на стаклата. Врнежливото време значи и поголема влажност на воздухот. Тоа може да предизвика замаглување на стаклата од внатре. Никако не го вклучувајте внатрешното циркулирање на воздухот, тоа само додатно ќе ги замагли стаклата на автомобилот. Од друга страна пак, зголемената влажност на воздухот додатно ја намалува надворешната видливост.

Бидете претпазливи при ненадејно хидропланирање. Тоа е ситуација кога пневматиците имаат многу мал или пак воопшто немаат контакт со патот, туку пролизгуваат на слојот од вода над патот. Во оваа ситуација НИКАКО не кочете и не свртувајте нагло. Полека отпуштете ја педалата за гас и наведете го автомобилот во правецот на патот. Не дозволувајте да ве обземе паника.

Во никој случај не возете со вклучен cruise control. Користењето на cruise control на дожд го зголемува ризикот од пролизгување и хидропланирање.

Избегнувајте патишта кои се преплавени со вода, особено ако не можете добро да ја оцените длабината на водениот талог. Навлегување на вода во моторот може да го наруши неговото работење.

Не поминувајте низ воден тек на патот, бидејќи истиот може да има многу поголема сила на проток одошто изгледа.

Застанете на најблиското паркиралиште доколку дождот е многу интензивен и почекајте истиот да престане.

Кога ќе престанат врнежите, доколку сте возеле при интензивен дожд или низ подлабока вода, тестирајте ги кочниците. По потреба, со благо и константно кочење исушете ги плочките на кочниот систем.

Прочитајте нешто повеќе за Македонската убавица-планината Јабланица кај Струга

Јабланица e висока планина во југозападниот дел на Македонија, помеѓу Охридско-струшката и Дебарската Котлина, западно од реката Црн Дрим и брегот на Охридското Езеро.

Местоположба и правец на протегање:

Јабланица е втора по големина планина во западната Шарска област[1]. По сртот на планината се протега македонско-албанската граница, при што источната падина е во Македонија, а западната падина од планината лежи во Албанија. Планинскиот гребен е повисок од 2.000 м за приближно 50 км, а највисокиот дел, сместен во самото средиште на планината, е висок 2.257 м.Највисок врв е Црн Камен, со 2.258 м. Врвови повисоки од 2.000 м се: Стрижак (2.233 м), Крстец (2.186 м) и Чумин Врв (2.125 м).

До планината може да се стигне преку Вевчани што се наоѓа на подножјето на планината. Оддалечена е 14 км од Охридското Езеро и градот Струга. На Македонија ѝ припаѓаат источните планински страни, а западните на Албанија. Се протега во меридијански правец од север кон југ со должина на планинското било од околу 35 км, а најголемата широчина во Македонија изнесува 7,5 км. На македонска страна зафаќа површина од 255 км².

Јабланица ужива популарност кај планинарите, кои често ја посетуваат. Покрај тоа, на планината се гради и скијачки центар.[2]

Градба и геологија:

Ова е млада венечна планина, образувана со тектонските олигомиоценски движења[1]. Геолошкиот состав е претставен со палеозојски шкрилци кои се во падината, а преку нив лежат тријаски варовници[1]. Во релјефот доминираат високи врвови, пространи површини, длабоки речни долини, карстни и фосилни леднички облици. За време на ледениот период, високите делови биле зафатени cо интензивнаглацијација. Трагите од глацијацијата се претставени со пет фосилни циркови во кои се наоѓаат четири леднички езера: Вевчанско, Подгорско и Горно и Долно Лабунишко.

Ресурси:

Планината е богата е со вода, а меѓу изворите најпознати се Вевчанските. Од рудно богатство има јаглен кај селото Пискупштина.

ИНТЕРЕСНО: Прочитајте нешто повеќе во врска со Јадранското Море

Јадранското Море (или само Јадран) е дел од Средоземното Море, кое ги раздвојува Апенинскиот Полуостров од Балканскиот Полуостров и планинскиот венец Апенини од Динарските Планини.

Западниот брег е италијански, додека источниот брег поминува крај Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.

adriatic_sea_map_mk-svg

Подрачје Европа
Координати 43° СГШ 15° ИГД Координати: 43° СГШ 15° ИГД
Вид море
Главни приливи Адиџе, Бојана, Дрим, Крка, Неретва, По, Соча
Главни истеци Јонско Море
Слив 235.000 км²
Сливни земји Италија, Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Албанија
Најг. должина 800 км
Најг. ширина 200 км
Површина 138.600 км²
Прос. длабочина 252.5 м
Најг. длабочина 1233 м
Зафатнина 35000 км³
Проточност 3,4±0,4 год.
Соленост 38–39
Брег 3739.1 км
Најг. температура 24°C
Најм. температура 9°C
Острови преку 1.300
Населени места Бари, Венеција, Трст, Сплит, Пескара, Римини, Риека, Драч, Анкона, Задар, Валона, Бриндизи, Дубровник
Јадранското Море (или само Јадран) е дел од Средоземното Море, кое ги раздвојува Апенинскиот Полуостров од Балканскиот Полуостров и планинскиот венец Апенини од Динарските Планини.

Западниот брег е италијански, додека источниот брег поминува крај Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.

Прекрасен поглед на Пијавица во Хвар-Хрватска

Минатиот месец или поточно на 18 септември оваа година на Хрватскиот остров Хвар доста нестабилната Атмосфера придонесе за создавање на многу интересна и прекрасно оформена Пијавица.

Пијавицата се формираше на јужната обала од островот Хвар:

14379889_972158102906918_2290154136968741703_o

Подетални информации за островот Хвар:

Хвар е хрватски остров во Јадранското Море. Зафаќа површина од 297 km2, население од 11.103 жители и главен град е Хвар со 4.138 жители.

Име:

Денешното име на островот е од грчко потекло (од грч. Pharos – светилник). Од тој назив Римјаните го обликувале името Pharia. Далматинските Романи го претвориле во Fara, а во раното средновековие доселените Хрвати согласката f ја замениле со група согласки hv, менувајќи го називот во Хвар. Локалното население го нарекува “Hvor”, “For”, а книжевниот облик „Хвар“ се јавува на источниот дел на островот.

МестоположбаЈадранско Море
Координати43°08′ СГШ 16°44′ ИГД

Површина297,37 км2
Должина68 км
Макс. надм. височ.628 м
Највисока точкаСв. Никола
Земја
Хрватска
ЖупанијаСплитско-далматинска
Најголем градХвар (нас. 4,138)
Демографија
Население11,103 (2001)
Густина38,5 /км2

ШТО Е ТОА МЛЕЧЕН ПАТ: Галаксијата во која се наоѓа нашиот сончев систем – какви се верувањата за „Кумовата Слама“ во Македонија

Млечен Пат (лат. Via Lactea)со народен назив; Гумно или Кумова Слама е спирална галаксија која припаѓа на локалната група на галаксии во нашиот универзум. Иако Млечен Пат е само една од милијардата галаксии кои егзистираат во познатиот универзум, галаксијата е од особено значење на човештвото и е дом на нашиот сончев систем.

mlecen_patlog

Терминот „Млечен“ потекнува од лелеавата бела светлика која се простира над земјината атмосфера, видлива од Земјата. Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во оваа галаксија, која е најсветла во делот каде што е соѕвездието – Стрелец, кон галактичкиот центар.

Главниот диск на галаксијата е широк меѓу 80.000 и 100.000 светлосни години во дијаметар, и околу 1000 светлосни години во дебелина. Се претпоставува дека галаксијата Млечен Пат содржи меѓу 200 и 400 милијарда ѕвезди.

Сонцето, а со тоа и Земјата и соларниот систем, се наоѓа во близината на надворешниот крак наречен Раката на Орион, на оддалеченост од 7,94 ±0,42 парсека од галактичкиот центар. Далечината меѓу Орионовата рака и Раката на Персеј која е следна изнесува 6,500 светлосни години.

На Сонцето му се потребни меѓу 225-250 милиони години да заврши една орбита околу галактичкото јадро. Орбиталната брзина на соларниот систем е околу 217 км во секунда.

Најновите истражувања покажуваат дека галаксијата Андромеда се приближува до галаксијата Млечен Пат со брзина од 300 км/с. Според ова истражување двете галаксии ќе се судрат за отприлика 3-4 милијарда години. Доколку ова се случи се претпоставува дека нашето Сонце и другите ѕвезди нема да се судрат меѓусебно, туку ќе се спојат за да формираат елиптична галаксија чие формирање ќе трае околу милијарда години.

Народни верувања во Македонија
Летно време, по средината на целото небо се гледа белузлавата лента на нашата галаксија Млечен Пат. Кај народот таа лента има две имиња: Кумова Слама и Попова Слама, од кои второто најверојатно е постаро народно име. Според преданијата, на небото е отсликана кражбата на слама на некој поп (или кум) од кумашинот.[4]

Што се знаеме за молњите?!

Факт е дека молњата е ена од најфасцинатните атмосферски појави која воедно е и најраспространетата „застрашувачка“ појава на планетева.

Науката досега ја има проучена во големе мера, но остануваат уште „куп“ нејаснотии околу неа. Еден интересен факт: „воздухот околу молњата во дел од секундата се загрева и до 5 пати повеќе отколку што е температурата на површината на сонцето“.