(Видео)СТРАШНИ СНИМКИ ОД РАЗОРНИОТ ЗЕМЈОТРЕС: Погледнете како изгледаше разорниот земјотрес од 6.4 по Рихтер!

Земјотрес со магнитуда од 6,4 степени ја погоди областа 68 километри источно од централниот италијански град Перуџа во 21.18 по локално време, соопшти Геолошкиот институт на САД. Ова е втор земјотрес вечерва чии потреси беа почувствувани дури до главниот град Рим, кој е 150 километри на југ, пренесе Ројтерс.italija_zemjotres

Само два часа претходно истата област ја потресе земјотрес од 5,4 степени, на околу 66 километри југоисточно од Перуџа, во планинскиот дел на регионот Марке, што предизвика прекин на електричната енергија и оштетени згради. Неговиот епицентар бил прилично плитко, на околу 9 км под земјата.

Вториот земјотрес се случил на 71 км источно од Перуџа.

„На плоштадот сме, нема никакво светло, не можеме да гледаме, се пребројуваме да видиме кој е тука, сè уште не се знае колку е лоша ситуацијата“, рече Мауро Фалкучи, градоначалник на Кастелсантанџело сул Нера, мала општина најблиску до епицентарот на земјотресот, за Скај њуз. „Ситуацијата е деликатна. Важно е да се остане смирен.“

Градоначалникот изјави дека вонредната состојба ја влошуваат дождот и повремените проблеми со комуникацијата преку мобилни телефони.

Според првичните информации, се урнале неколку стари згради, но штетата ни оддалеку не е како онаа предизвикана од големиот земјотрес што ги погоди регионите Марке, Лацио и Умбриа на 24 август, кој уништи неколку града и уби речиси 300 луѓе.

На интернет се појавија и снимки од потресот.

НАСА шокирана: Месечината е страшно насилно место, не знаеме како ќе правиме таму база

Научниците дури сега сфатиле дека на површината на Месечината удираат огромен број на ситни честици, кои лесно би можеле да ја пробушат планираната астронаутска база.

Податоците кои Лунарниот извиднички орбитер – LRO, ги пратил по новото пребројување на кратери, покажуваат дека на Месечината постојат 30 проценти повеќе нови кратери од тоа што покажале снимките од претходните летала.

“LRO” открил и повеќе од 47.000 таканаречени “дамки”, односно ситни промени од помали удари. Ги има повеќе околу местата на удари на поголеми метеорити, што укажува на тоа дека зад себе оставале материјал исфрлен во примарниот удар. И тие ситни удари ќе изменат дури 99 проценти од површината на Месечината по 81.000 година – 100 пати побрзо од тоа што досега се мислело.


“Пред да го лансираме LRO, мислевме дека се потребни милиони години од метеоритски удари, за на површината да се направи промена со големина од 2 сантиметри. Но, новите фотографии кои ги прати LRO, откриваат мали промени кои површината ја менуваат многу побрзо од тоа што се мислело”, вели Емерсон Пејерер од Државниот универзитет Аризона за списанието Nature.

Проблемот е во тоа што досега во предвид биле земани последици само од примарни удари, а не и секундарни, кои очигледно исто влијаат на промената на горниот слој на површината на Месечината. А тие промени и тоа како се важни за дизајнирањето на идните бази на Месечината – материјалите од кои ќе се градат мора да ги издржуваат ударите на ситните честички, кои летаат со брзина од 500 метри во секунда или 1.800 километри на час.
mesecina-mali-sekundarni-udari-01

Познат научник открива: Еве каков свет нè очекува за 500 години

„Ако светската популација продолжи да расте со исто темпо како сега, за 500 години на Земјата ќе има место за сите луѓе да застанат еден покрај друг“, вели познатиот научник Нил ДеГрас Тајсон.
Познатиот американски астрофизичар Нил ДеГрас Тајсон открива за магазинот Business Insider како според него, нашата планета Земја би можела да изгледа за 500 години.

„Ако светската популација продолжи да расте со исто темпо како сега, за 500 години на Земјата ќе има место за сите луѓе да застанат еден покрај друг. Тоа, очигледно не е онаа иднина која што сакаме да ја имаме, што значи дека ќе мора да ја колонизираме планетата Марс, или пак да научиме како да го контролираме растот на популацијата“, изјави Тајсон.

Host Neil DeGrasse Tyson participates in FOX's "Cosmos: A Spacetime Odyssey" panel at the FOX Winter TCA Press Tour, on Monday, January 13, 2014 at the Langham Huntington, in Pasadena, Calif. (Photo by Frank Micelotta/Invision for FOX/AP Images)

Тој исто така објасни дека во иднина би можело да се случи човештвото да започне да гради и да населува се повеќе масивни градежни конструкции, а некои од нив би можеле длабоко да навлегуваат под површината на Земјата.

„Доколку до тогаш не се случат некои важни промени и не сфатиме дека благодарение на технологијата, ние всушност имаме шанси за опстанок, нема да го доживееме тој ден“, предупредува научникот.

„На мојата смртна постела најмногу ќе жалам што не сум живеел подолго за да ги видам сите оние изуми кои што допрва ќе се појават. Го обожувам тоа што сега можам да експериментирам и да бидам дел од генијалноста на човековата раса“, порача американскиот астрофизичар.

 

НОВО ОТКРИТИЕ: Пронајдена нова планета во Сончевиот систем

Научници од Мичиген откриле уште една “џуџе” планета, на крајот од Сончевиот систем.

На околу 8,5 милјарди километри од сонцето се наоѓа “џуџе” планета со ширина од околу 530 километри, а чија соларна година, односно еден круг околу сонцето, трае неверојатни 1.100 години. Сепак, најинтересен податок за објектот кој сега го носи името 2014 UZ224, е начинот на кој е пронајден.

 

patuljasta_planeta-696x398

Давид Гердес од Универзитетот во Мичиген се наоѓа на чело на тимот заслужен за откривање на оваа планета. Тој развивал камера наречена “Dark Energy Camera” која американското Министерство за енергетика ја нарачало за мапирање на оддалечени галаксии.

Студентите на Универзитетот ги следеле мапите еднаш во неколку дена или дури и седмици, со што се отежнувало регистрирањето на вселенските објекти. Сепак, развиле софтвер кој ја олеснил работата, што на крај резилтирало со откривање на мали движења на планетата 2014 UZ224.

(Видео)МЕТЕОР ЈА СТРЕСЕ АВСТРАЛИЈА: Огромна огнена топка паднала во Австралија, се треселе куќите – граѓаните во паника!

Огромна огнена топка била забележана на небото над Квинсленд, која предизвикала невидена паника. На социјалните мрежи веднаш се појави информација за горечкката светлина на небото.

Полицијата добила повеќе извештаи од мештани во врска со потрес во регионот, а геолозите потврдуваат дека немало земјотрес. Се укажува на метеор, а во моментов се врши истрага која треба да покаже што гја предизвикало горечката светлина на небото.

Амбициозните Холанѓани ја колонизираат вселената: На Марс ќе живееме веќе во 2027!

“Ќе живееме на Марс во 2027. година”, најавил Холанѓанецот Бас Лансдорп, шеф на компанијата “Mars One”, која бара авантуристи подготвени да умрат на црвената планета.
Неодамна јужноафриканскиот милијардер Илон Маск најавил планови за слетување на човечки екипаж на Марс, а американската компанија “Boeing” веднаш потоа најавила дека ќе го престигне.

Од друга страна, “Mars One” е многу помала организација, но и најамбициозна. Тие планираат, ни повеќе ни помалку, туку да изградат прва човечка колонија надвор од Земјата.

“Одиме во мисија на населување”, рекол Лансдорп за CNN. “Луѓето кои ќе ги пратиме одат на мисија засекогаш, до крајот на својот живот. Тоа е тоа што го прави “Mars One” возможен”, вели тој.

Екипажот на таа можеби прва вонземјена колонија ќе го сочинуваат одбрани волонтери. Веќе се пријавиле 200.000 заинтересирани, но “ќе им се посреќи” само на четворица.

https://www.youtube.com/watch?v=weMTRBL76YU

 

“Четири лица на секои две години. Наместо да ги враќаме луѓето кои ќе ги пратиме, ќе праќаме дополнителен екипаж во редовни интервали”, убеден е Лансдорп.

Многумина се сомневаат во остварливоста на таквите планови и не го кријат својот скептицизам, но Лансдопр е убеден во успех. Тој е убеден и дека ги знае главните вештини потребни за успех на тој амбициозен проект. Повеќето луѓе очекуваат дека е потребно познавање на медицина, техника или биологија, но холандскиот визионер вели дека секој може да научи да поправа расипани работи.

“Најважната вештина е соработка. Сите мора да бидат тимски играчи затоа што ќе зависат едни од други. Ќе ги стават своите живот во рацете на соработниците и на тоа ќе се базира целата мисија”, вели Лансдорп.

Тој има големи планови – До 2020. година да лансира беспилотна сонда која ќе ја снима површината на Марс, две години подоцна на површината на Црвената планета да прати робот, кој ќе најде најдобра локација за слетување, и дури потоа да прати сè што е потребно за да изгради населба. Дури потоа одат пионери.

mars-one-kolonija-03

“Ќе ги напуштат семејствата и пријателите засекогаш. По седум месеци патување низ вселената, ќе дојдат до место каде ќе го минат остатокот од животот”, рекол Лансдопр за CNN.

Молекули претвориле во наномашина: Тројца научници поделиле Нобелова награда за хемија

Кралската шведска академија на науки оваа година со Нобеловата награда за хемија одликувала тројца научници од Франција, Велика Британија и Холандија – Жан Пјер Суваж, Фрејзер Стударт и Бернард Л. Феринг.

“Тие развиле молекули со движења кои може да се контролираат и кои може да извршат одредени задачи кога се додава енергијата…Молекуларните машини најверојатно ќе бидат користени за развој на нови материјали, сензори и системи за складирање на енергија”, стои во соопштението. Лауреатите ја делат наградата во вредност од осум милиони круни, односно 930.000 долари, за “дизајн и синтеза” на таквите молекули.

 

Станува збор за развој на нано машини – синтетичко возило направено од молекули кои се 1.000 пати помали од косата.

Пробојот бил направен во 1983. година, кога Суваж со помош на јони на бакар успеал да поврзе молекули со механички врски.

 

https://www.youtube.com/watch?v=I5JgJsjq3Q4

 

tocka-209422

 

 

Има ли живот во вселената? НАСА открила изненадувачки докази за активностите на сателитот на Јупитер

Пред три дена НАСА објавила дека вселенскиот телескоп “Hubble” уловил “изненадувачки докази за активностите” на сателитот на Јупитер, Европа, и дека сите детали ќе ги објави на конференција во понеделник.

Многумина се понадевале дека НАСА ќе каже дека е откриен некаков вид на вонземјански живот, но агенцијата одлучила да прекине било какви шпекулации.

На Твитер напишале дека во понеделник ќе објават нови сознанија за Европа, но дека не станува збор за вонземјани.

https://www.youtube.com/watch?v=DNubc-VCHGQ

Месечината Европа под својата замрзната кора има океан кој е двојно поголем од Земјиниот, пишува Daily Mail. Многу експерти се уверени дека во него би можел да постои живот. Сепак, откритието кое го објавила НАСА веројатно се однесува на “гејзирите” водена пареа кои “Hubble” ги забележал високо над Европа уште во 2012. година.

 

Кога би се покажало дека тие Гејзири се поврзани со океанот по замрзнатата кора, тоа би го олеснило истражувањето за потенцијал за живот. Наместо да ја бушат дебелата ледена кора, научниците би можеле да го анализираат хемискиот состав на гејзирите.

Некои сметаат дека Европа е одлично место за барање на докази за постоење на вонземјани.

Претпоставка е дека Европа има два до три пати повеќе вода отколку сите океани на Земјата. Експертите исто така веруваат дека тој океан е солен.

https://www.youtube.com/watch?v=TGqQptXEPIM

Убавините на Македонија кои чекаат да бидат посетени

Сте помислиле ли некогаш колку е убава нашата Македонија, подалеку од Скопје, Охрид, Маврово и Попова Шапка? Сте помислиле ли дека на секоја точка на мапата на оваа наша мала земја се кријат убавини, убавини за кои многумина од нас се’ уште не слушнале? Од север до југ, од исток до запад, ќе ве одведеме на едно мало патување низ Македонија каква што не ја познавате!
Смоларски водопади

На подножјето на планината Беласица, скриено од допир на сообраќајот, метежот и нечистотијата, на 650 метри надморска височина, до кои ве делат околу триста скалила и илјадници чекори, се наоѓаат прекрасните Смоларски водопади. Некогаш населеното село Смоларе сега е само споменик кој ја дополнува природната убавина. Патот нагоре е напорен, вистина, но ако бидете упорни на врвот ве очекува вистинска оаза! Смоларските водопади, студени како мраз, се вистински бисер на Струмица и источните краеви на Македонија.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

smolarki-2

smolarki-3

 

Зрзе

На падините на Даутица, на 34 километри северозападно од Прилеп, речиси на 1000 метри надморска височина, се наоѓа селото Зрзе. Зрзе, освен со „тишината во која може да се слушне и сето постоење на светот“, се наоѓа манастирот „Свето Преображение“, кој порано меѓу народот бил познат и како „Овчарска црква“. Освен со манастирот кој најверојатно постои уште од 8-ми век, Зрзе може да се пофали и со најверојатно најубавата глетка во целата Македонија.

zrzeeee-1

Брајчино

Брајчино, или рајот на Преспа, е место каде што може да побегнете од динамиката на градот, сообраќајот и звуците на секојдневниот замор. Брајчино, на Балтан Планина, низ кое тече и реката Балтан, е село во кое ќе најдете само хармонија, зеленило, и секако – одлична кујна! Бескрајно чисто, одлично организирано, иако нема многу население, Брајчино е одлично да ве одмори и да ги исполни сите ваши сетила. Звуците на реката Балтан, мирисот на прекрасните планински билки и секако – вкусот на локалниот специјалитет, сушена белвица која се вика циронка.

brajcinooo-3

 

Куклица

Селото Куклица во Кратовско е само уште еден доказ дека Македонија е преполна со мистерии, чуда и неоткриени приказни. „Скаменетите свадбари“ кои сведочат за преданието за гневот на девојката која била заљубена во младоженецот, па фрлила клетва која ги скаменила сватовите, денес се вистинска атракција за заљубениците во леенди и преданија. Овој геолошки резерват е еден од трите такви во целиот свет. Останатите два се наоѓаат на Лезбос и во Камниц.

kuklicaaa-2

 

Јанче

Селото Јанче, како отфрлено, на средината помеѓу Дебар и Маврово, е како рај на Земјата, скриен од секојдневниот метеж. Селото, кое се карактеризира со традиционална мијачка архитектура, го привлекува вниманието на туристите откога е отворен хотел-ресторанот Туто. Овде, освен што можете да пробате традиционална македонска кујна од овој крај, можете и да уживате во мирот и спокојот, крај ладовината на реката Радика. Дури и можете да ја посетите Питијадата, која се одржува еднаш годишно, во месец јули.

jance-1

 

Малта – медитеранскиот бисер и земјата на Попај морнарот!

Сакате да патувате – а не знаете каде – одличен избор ќе направите ако ја изберете Малта. Оваа фасцинантна островска држава сместена во центарот на Медитеранот веднаш ќе ве плени со својата безвременска убавина. Уште повеќе што од пред некоја година на располагање ви стојат евтини авио-летови од Софија и Белград, а и самото сместување е со прифатливи цени за наши услови.

Островската, густо населена Малта е навистина привлечна за туристите. Сместена во центарот на Медитеранот, под Сицилија, има одлична географска положба. Составена е од пет преубави острови – Малта, Дилдла, Гозо, Комино и Коминото. Најголем меѓу нив е островот Малта со површина од 245 км2. Главен град на оваа земја е приморскиот град Валета. Ѕидините што го опкружуваат градот се одлично зачувани и се на списокот на UNESCO за Светски градини. Најинтересни градби за посета во овој главен град се: катедралата Свети Јован, палатата Кастиља, палатата Големиот мајстор, Националниот музеј на фини уметности, итн. Малта нуди богат ноќен живот со голем број дискотеки особено во улицата во Сан Гулијан.
Всушност, Малта е една интересна островска земја, која ја посетуваат повеќе од милион туристи секоја година. Многумина доаѓаат поради преубавите плажи и чистото море. Сепак, најголемо влијание и придонес за оваа земја има културниот туризам. По бројот на културно-историски споменици Малта се наоѓа на прво место во светот. Односно на 400 илјади граѓани има дури 360 цркви, има црква за скоро секој ден од годината. Покрај спомениците и црквите, островот Малта, неговиот брег, и морето кое го заплискува, одлично го отсликуваат синилото на Медитеранот. Плажите на Малта се совршено место за сончање, бањање, пливање или нуркање. Постојат бројни скриени плажи, идеално место за оние кои преферираат да бидат сами. Најголемата песочна плажа на Малта е плажата Мелича за која се верува дека е една од најдобрите плажи на целиот Медитеран. Кога ќе дојдете во Малта, прво што ќе забележите се куќите изградени од варовник, единствен градежен материјал, а претставува заштитен знак на островот. Овој камен на сонце ја менува својата боја од бела во бледо жолта и се стврднува. Уште една атракција се познатите чамци, кои ве водат на романтично возење како во некои минати времиња. Кога ќе зачекорите во кривите и тесни улички ќе ве изненадат капиите на куќите. Тие го задржале колоритот на Медитеранот, а сепак го прифатиле духот на новото време. Малта е земја со многу убавини, но ако немате доволно време за истражување на островот можете тоа да го направите во обиколка со туристички автобус. Има многу места од каде што се поаѓа и со аудиоводич ќе дознаете интересни факти и притоа ќе ги обиколите поголемиот дел од значајните локации. Во билетот е вклучено и разгледување на заливите, така што ќе имате можност да ги видите и најзначајните пристаништа на овој остров.

Доколку сте љубител на манастрискиот туризам- Малта е државата за вас. Во Малта ќе наидете на голем број цркви и катедрали. Нејзините граѓани важат за религиозни луѓе, па речиси секој ден во годината е посветен на одреден светец, а бучните прослави со огномети се секојдневна појава од мај до септември. За туристите задолжителна е посетата на катедралата „Сент Џорџ“ од 16 век, која ја изградиле тамошните витези, кои неколку векови владееле со ова место.
Дали сте гурман? Посетете ја Малта и нема да останете гладни. Медитеранот особено се чувствува во кујната, па така ќе уживате во свежите локални сезонски производи и вкусно припремените морски плодови. Осбено се чувствува влијанието на италијанската кујна, а во најново време од британската и француската кујна. Се јаде многу риба и се пијат италијански вина. Специјалитети во храната, покрај рибата, се и малтешкиот зајак, туната и пикантните колбаси, кои ќе ви откријат еден поинаков вкус.
Малтежаните се љубезен и дружељубив народ, кои вашиот одмор со сигурност ќе го направат многу поубав со нивното гостопримство. Најпознатите летувалишта на Малта настанати се во округот на стариот град и рибарските местенце. Ако ја посетувате Валета, никако не ја пропуштајте катедралата Свети Иван во која е сместено едно од последните ремек дела на Караваџо, како и палатата на малтешките витези, која денес е седиште на претседателот и парламентот.
Уште едно место што вреди да се посети во малта е Слиема. Тоа е модерен град и престижна туристичка дестинација. Заливот St. Julians, е едно од поживите места и е секогаш полн со млади туристи, но и сите оние кои сакаат активен одмор во текот на денот и на ноќта.
Има уште нешто што можеби ќе ве привлече да ја посетите Малта. Тоа е познтото село каде што „живее“ Попај Морнарот, еден од омилените анимирани ликови на сите генерации. Станува збор за забавен парк, а селото уште е наречено „Сладок Рај“. Местото претставува туристичка атракција за најмладите, но и за сите други возрасти. Тука можат да се видат сите останати ликови од легендарниот цртан филм како Олива, Дибек, Перо Плескавица, бебето и останатите. Посетителите имаат на располагање луди железници, куќички со разни игри, музеи, куклени претстави, проекција на филмови со Попај, скари на отворено и други интересни настани. За возрасните понудата вклучува мини голф, и бесплатна дегустација на вино. Во зависност од сезоната се менуваат и активностите, па во зима се приредува Божиќна парада со Дедо Мраз.

Жителите на Малта се љубители на животните – особено мачките. Интересно е што мачките ги сметаат за свети животни за кои имат изградено куќички и ги хранат како кралеви.
Малта претставува магнет за туристите. Мала и уникатна земја која навистина вреди да се посети барем еднаш во животот. Ако сакате море, прекрасни плажи, културни споменици, богат ноќен живот – посетете ја Малта. Јас ја посетив и останав воодушевена, решена што поскоро пак да се вратам!

 

maxresdefault

Извори:
http://www.visitmalta.com/, посетено септември 2016 година
http://www.visitmalta.com/en/valletta посетено септември 2016 година
http://www.malta.com/en, посетено септември 2016 година
http://www.visitmalta.com/en/religious-sites, посетено септември 2016 година
http://www.visitmalta.com/en/food-and-drink, посетено септември 2016 година
http://www.popeyemalta.com/, посетено септември 2016 година
http://www.mydestinationmalta.com/travel-articles/cats-of-malta, посетено септември 2016 година

Автор – Емилија Анѓеловска, Институт за географија – насока туризам.