Прекрасен поглед на Пијавица во Хвар-Хрватска

Минатиот месец или поточно на 18 септември оваа година на Хрватскиот остров Хвар доста нестабилната Атмосфера придонесе за создавање на многу интересна и прекрасно оформена Пијавица.

Пијавицата се формираше на јужната обала од островот Хвар:

14379889_972158102906918_2290154136968741703_o

Подетални информации за островот Хвар:

Хвар е хрватски остров во Јадранското Море. Зафаќа површина од 297 km2, население од 11.103 жители и главен град е Хвар со 4.138 жители.

Име:

Денешното име на островот е од грчко потекло (од грч. Pharos – светилник). Од тој назив Римјаните го обликувале името Pharia. Далматинските Романи го претвориле во Fara, а во раното средновековие доселените Хрвати согласката f ја замениле со група согласки hv, менувајќи го називот во Хвар. Локалното население го нарекува “Hvor”, “For”, а книжевниот облик „Хвар“ се јавува на источниот дел на островот.

Местоположба Јадранско Море
Координати 43°08′ СГШ 16°44′ ИГД

Површина 297,37 км2
Должина 68 км
Макс. надм. височ. 628 м
Највисока точка Св. Никола
Земја
Хрватска
Жупанија Сплитско-далматинска
Најголем град Хвар (нас. 4,138)
Демографија
Население 11,103 (2001)
Густина 38,5 /км2

ШТО Е ТОА МЛЕЧЕН ПАТ: Галаксијата во која се наоѓа нашиот сончев систем – какви се верувањата за „Кумовата Слама“ во Македонија

Млечен Пат (лат. Via Lactea)со народен назив; Гумно или Кумова Слама е спирална галаксија која припаѓа на локалната група на галаксии во нашиот универзум. Иако Млечен Пат е само една од милијардата галаксии кои егзистираат во познатиот универзум, галаксијата е од особено значење на човештвото и е дом на нашиот сончев систем.

mlecen_patlog

Терминот „Млечен“ потекнува од лелеавата бела светлика која се простира над земјината атмосфера, видлива од Земјата. Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во оваа галаксија, која е најсветла во делот каде што е соѕвездието – Стрелец, кон галактичкиот центар.

Главниот диск на галаксијата е широк меѓу 80.000 и 100.000 светлосни години во дијаметар, и околу 1000 светлосни години во дебелина. Се претпоставува дека галаксијата Млечен Пат содржи меѓу 200 и 400 милијарда ѕвезди.

Сонцето, а со тоа и Земјата и соларниот систем, се наоѓа во близината на надворешниот крак наречен Раката на Орион, на оддалеченост од 7,94 ±0,42 парсека од галактичкиот центар. Далечината меѓу Орионовата рака и Раката на Персеј која е следна изнесува 6,500 светлосни години.

На Сонцето му се потребни меѓу 225-250 милиони години да заврши една орбита околу галактичкото јадро. Орбиталната брзина на соларниот систем е околу 217 км во секунда.

Најновите истражувања покажуваат дека галаксијата Андромеда се приближува до галаксијата Млечен Пат со брзина од 300 км/с. Според ова истражување двете галаксии ќе се судрат за отприлика 3-4 милијарда години. Доколку ова се случи се претпоставува дека нашето Сонце и другите ѕвезди нема да се судрат меѓусебно, туку ќе се спојат за да формираат елиптична галаксија чие формирање ќе трае околу милијарда години.

Народни верувања во Македонија
Летно време, по средината на целото небо се гледа белузлавата лента на нашата галаксија Млечен Пат. Кај народот таа лента има две имиња: Кумова Слама и Попова Слама, од кои второто најверојатно е постаро народно име. Според преданијата, на небото е отсликана кражбата на слама на некој поп (или кум) од кумашинот.[4]

Што се знаеме за молњите?!

Факт е дека молњата е ена од најфасцинатните атмосферски појави која воедно е и најраспространетата „застрашувачка“ појава на планетева.

Науката досега ја има проучена во големе мера, но остануваат уште „куп“ нејаснотии околу неа. Еден интересен факт: „воздухот околу молњата во дел од секундата се загрева и до 5 пати повеќе отколку што е температурата на површината на сонцето“.

Историја на вулканот Санторини

Најактивниот вулкан во наша околина се наоѓа под островот Санторини на Средоземно море. Самата околина на островот  всушност е вулканска калдера (облик на кратер, но со многу поголеми димензии).

santorini-volcano-history

Џиновски печурки пронајдени во Порече

Не само што вргањот добро роди во Порече, туку еден жител на село Косово, во два дена, на две различни локации, пронајде џиновски печурки со досега невидени димензии и тешки над 15 килограми, секоја поединечно.

– Како и секоја година така и годинава, редовно собирам печурки во околината на моето село. Но, за разлика од претходните години, годинава ми се случи нешто специјално, а тоа се огромните печурки кои ги пронајдов на две локации над селото, на околу три километри одалеченост од мојот дом. Прво кога ги забележав овие огромни примероци, не можев да им верувам на своите очи. Бидејќи едната печурка имаше над 60 сантиметри широк корен, морав да се вратам во селото да ја земам моторната пила за да ја пресечам печурката, додека другиот примерок , дури тројца го корневме додека го откорнавме. И наместо со полна торба печурки, јас во двата наврати се вратив дома со по една џиновска печурка, која вредеше многу повеќе. Кога ги донесов овие примероци дома, кај мене се собраа сите соседи да видат печурки, какви што во животот не стретнале – ни ги пренесе своите впечатоци Зоре Слијаноски од село Косово.

Инаку, на теренот каде ги собрал овие печурки имало стара смрека и доволно сончева светлина.

01102016115953_main_pecurki1

Извор: Нова Македонија!

Астрономски календар за денес (01.10.2016)

Денес е сабота, 1 октомври 2016 година, 275-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 6:31, а ќе зајде во 18:15 часот.

Денот ќе трае 704 минути.

ИСЛАНД ГИ ИСКЛУЧИ СВЕТЛАТА: Поларната светлина приреди спектакл за Исланѓани

Аurora Бorealis инаку познат како поларна светлина често може да се види над Исланд во периодот од септември па се до мај.

Во средата во текот на вечерните часови во главниот град на Исланд (Рајкјавик) уличните светла беа исклучени така да граѓаните на овој град можеа да уживаат во танцот на небото и во поларната светлина.

Исто така жителите на овој град беа охрабрени да ги исклучат светлата и од своите домови и тотално да се вклучат во уживањето на поларната светлина.

Како настанува поларната светлина и што точно значи?!

Поларната светлина е природна појава на светлина на небото, особено во поларните региони, предизвикана од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата.

Поларната светлина обично се забележува ноќе, а настанува во јоносферата.

Таа е позната и како поларна аурора или колективно, како поларни светлини (аурори).

Овие феномени обично се видливи помеѓу 60 и 72 степени северна и јужна географска ширина, со што се ставаат во рамките на Северниот и Јужниот поларен круг. Поларните светлини настануваат подлабоко во поларните региони, но тие се реткост и често се невидливи за голо око.

Видеото во врска со ова можете да го погледнете тука:

Кога и каде е измерена најниската температура во Македонија?!

Најниска температура во Македонија е измерена во 1954 година  и тоа во Берово (-31,5°C)

Ваквата температура во Македонија е евидентиран како најниска температура од 1925 година.

Највисока снежна покривка во Македонија е забележана во 2006 година и тоа на Попова Шапка (215 цм).

Астрономски календар за денес (30.09.2016)

Денес е петок, 30 септември 2016 година, 274-иот ден во годината.

Сонцето изгреа во 6:30, а ќе зајде во 18:17 часот.

Денот ќе трае 707 минути.

Месечината ќе изгрее во 05:44 часот а ќе зајде во 18:12 часот.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Што е тоа Суперќелијски облак и што предизвикува?!

Суперкелија или Суперкелијски облак е најмоќниот облак во Атмосферата.

Се развива во премногу нестабилна Атмосфера.

Со себе носи ГОЛЕМИ НЕВРЕМИЊА , СИЛНИ ВЕТРИШТА , МНОГУ ДОЖД , ГРАД И ТОРНАДА.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!