ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ ВО МОСКВА, РУСИЈА! ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА РУСКАТА БАЈКА

Дефинитивно оваа година есента може да се нарече дека е снежна поради тоа што веќе некој период во многу предели на Европа па и на Балканот паѓа снег претежно на повисоките и планинските места а температурите на воздухот се далеку под просекот за овој дел од годината. Исто така на многу места веќе е забележана и појава на мраз.

Мора да напоменеме дека веќе скијачката сезона е започната во делови од Балканот посебно на највисоките планински места каде во делови од Балканот веќе снежната покривка изнесува од 20 до 30 цм.

Падна првиот снег и во прекрасната Москва па во продолжение погледнете ја долната фотографија од снежната Москва:

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

СИЛЕН ЦИКЛОН ВО МАКЕДОНИЈА – ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО СЕ ПОЈАВИ НАД ПРИЛЕП

Овие денови сме сведоци на еден силен циклон кој во делови од државава ислови силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд, град, засилен ветер и електрични празнења. Ваквите невремиња се вообичаени за летниот период иако може да се појават и во овој есенски период како што е случај со овој циклон кој не зафати.

Во текот на вчерашниот понеделнички ден над Прилеп се појави еден чуден феномен, на фотографијата може да погледнете олуен облак а од десната страна на фотографијата може да се забележи нешто што личи како на недооформено торнадо. Погледнете во продолжение на долната фотографија:

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ВИСТИНСКА ЗИМА И СНЕГ ВО РЕГИОНОТ – ЗАПОЧНА ЗИМСКАТА СЕЗОНА!

Малку невообичаено и иако сме сеуште месец октомври сепак последниот студен бран низ регионот на повисоките места услови интензивни снежни врнежи и формирање на снежна покривка за некаде од 20 до 30 цм.

Со овие врнежи веќе е отворена и зимската сезона во регионот но и на високите предели на Шар Планина. Според најновите анализи кој ние ги направивме нови врнежи од снег овие места очекуваат за време на викендот и следната недела.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ПОТСЕТУВАЊЕ: ПОГЛЕДНЕТЕ КОГА ДА ГИ СМЕНИТЕ СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИЦИТЕ

Зимското сметање на времето почнува следниот викенд односно ноќта помеѓу сабота (28 октомври) и недела (29 октомври). Со поместување на стрелките од часовниците за едеч час наназад времето во недела наутро наместо 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ОГРОМНА ОГНЕНА ТОПКА (МЕТЕОР) СЕ ПОЈАВИ НА НЕБОТО НАД ПОЛСКА (ФОТО)

На 16 овој месец некаде околу 23 часот и 46 минути на небото над Полска од многу камери на оваа држава е регистрирана огромна огнена топка (метеор) како паѓа на земјата.

Немаме информации за евентуални штети поради тоа што се работи навистина со огромен метеор.

Погледнете ја во продолжение возбудливата фотографија од овој огромен метеор:

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: СНЕЖНА БУРА ВО БРАТИСЛАВА (СЛОВАЧКА)

Почитувани граѓани следното видео што ќе го погледнете е навистина возбудливо. Се работи за снежна бура и инензивни снежни врнежи кој ја зафатија Братислава (Словачка) – уживајте во идилата:

https://www.facebook.com/SevereWeatherTurkey/videos/1679419742102440/

 

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА: СЕРИЈА НА ЗЕМЈОТРЕСИ ОД ПРЕТПЛАДНЕВО ЈА ТРЕСАТ МАКЕДОНИЈА

Серија на земјотреси ова претпладне ја тресат источна Македонија. Земјотресите се со епицентар во Пехчевско и се со интензитет од 25 степени до 3.4 степени според Рихтеровата скала.

Инаку во изминатиот период многу земјотреси се случија во овој регион.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

БИОМЕТЕОРОЛОШКА ПРОГНОЗА НА МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ (ВЛОШУВАЊЕ НА ИСТАТА)

Почитувани граѓани биометеоролошките услови кај нас постепено ќе се влошуваат иако и до сега кај дел од метеопатите се појавуваа повремени тегоби. Понатаму како што кажавме биометеоролошките услови кај нас ќе се влошуваат најмногу поради натпросечното топло време и сахарската прашина и песок која ја има над Македонското небо но и поради тоа што сме се поблиску пред најавената промена на времето која ни доаѓа од понеделник.

Кај метеопатите ќе има појава на главоболки, болки во коските и на местата од старите рани а можна е и повремена нервоза како и несоница. Сепак освен кај метеопатите дел од овие тегоби можни се и кај обичните граѓани. Секако можна е појава и на тежина на телото и на главата.

Им препорачуваме на оние кој и доколку осетат поголеми тегоби веднаш да се пријават кај својот лекар за совет.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

СЛАБ ЗЕМЈОТРЕС ГО СТРЕСЕ ОХРИД

Денес околу пладне или поточно во 11:18 часот слаб земјотрес со интензитет од 2.6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Охрдскиот регион. Епицентарот е во Охрид додека земјотресот се наоѓа на длабочина од три километри.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

МЕДИУМОТ МЕТЕОМАКС ИЗЛЕГУВА СО АНКЕТА: ГЛАСАЈТЕ!

Почитувани граѓани метеоролошкиот медиум МЕТЕОМАКС реши да излезе малку со анкета за вие да гласате. Станува збор за претстојната зима а од вас бараме ваше мислење за претстојната зима односно каква би била претстојната зима според вас? Топла и сува? Топла и врнежлива? Студена и сува? Студена и снежна? Екстремно топла и сува? Екстремно топла и врнежлива? Екстремно студена и сува? Екстремно студена и снежна?

Ве замолуваме вашето мислење да го оставате во коментар токму на овој линк.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ