ЕКСКЛУЗИВНО: НАШИТЕ МОДЕЛИ КОЈ ЕДИНСТВЕНО ГИ ПОГОДИЈА НЕОДАМНЕШНИТЕ ПОПЛАВИ КАЈ НАС И ВО РЕГИОНОТ

Почитувани граѓани на самиот почеток на овој месец бевме сведоци на една незгодна ситуација а тоа се неодамнешниоте поплави кој ја зафатија нашата држава и излевањето на реките низ државава. Исто така и водите во езерата забележаа значителен пораст.

Сепак ние многу подобро поминавме за разлика од регионот поточно соседна Грција и Албанија каде имаше катастрофални поплави кој што носеа се пред себе а во соседна Албанија поплавите однесоа дури и човечки шивоти. На следната метеоролошка карта можете добро да видете дека нашиот регион сосема очекувано го погодија овие поплави. Единствено само нашите метеоролошки модели го предвидоа и најавиа тоа. Погледнете:

За понатаму сеуште ситуацијата е нејасна дали би имало нови временски непогоди во регионот и кај нас но затоа континуирано ние ќе ја следиме ситуацијата и навремено ќе ве информираме за се.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

 

ФРОНТАЛНИОТ СИСТЕМ ПРИСТИГНА – СНЕГ ВЕЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Во овие ноќни часови фронталниот систем поминува над нашата држава па така условува локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет на ниските места додека на повисоките планини паѓа снег.

Во овој момент снег паѓа и на Попова Шапка а тоа можете да го видите на следната фотографија:

Инаки претходно најавивме дека оваа ноќ ќе има брз апромена на времето и врнежи. Потоа од утре па се некаде до понеделник ќе имаме суво и стабилно време а ви утринските часови по котлините не се исклучува можноста за магла. Нова промена на времето и врнежи понеделник навечер така е барем гледано од моменталните анализи.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ

ВО ПОНЕДЕЛНИК ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: УСЛОВИ ЗА ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ! (ДЕТАЛНА АНАЛИЗА)

Во понеделник (23.10.2017) територијата на Македонија ќе биде зафатена од циклонска активност која ќе услови променливо облачно време на повеќе места со повремени врнежи од дожд и тоа повеќе во попладневните и вечерните часови.

Попладне и навечер особено во источните и во југоисточните предели ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а локално е можно и НЕВРЕМЕ со град. Исто така за време на ваквите процеси се очекува да наврне поголемо количество на воден талог (над 20 л/м2). Ќе дува умерен на некои места повремено засилен ветер од јужен правец.

Ветерот навечер и ноќта кон вторник ќе го промени правецот во северен со што ќе започне спуштање на студен воздух од север и температурите на воздухот значително ќе опаднат па така на повисоките планини особено на северозападот врнежите од дожд ќе поминуваат во снег.

Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачат во интервалот од 15 до 23 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ и на КОСТАДИН ПАВЛОВ