КРАТКОТРАЈНА ЗИМА: Погледнете ги измерените температури рано утринава

Во текот на изминатата ноќ како што и најавивме насекаде во државава настапи разведрување на времето кое услови температурите значително да опаднат и на некои места се спуштија под нулата. Утринава веќе насекаде е сончево со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Мерните станици на Управата за Хидрометеоролошки работи утринава во 05:00 часот ги измерија следните температурни вредности:

Следете го и официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

СЛАВЧО ПОПОСКИ: НАЈАВА ЗА ПРЕКРАСНИ ДЕНОВИ СО МНОГУ СОНЦЕ НО И ТОПЛИНА

Во следните денови територијата на Македонија ќе биде во поле на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса, во исто време од југ повторно ќе продира топла воздушна маса која ќе услови постепен пораст на температурите на воздухот.

Ќе дува слаб до умере а во четврток умерен до засилен ветер од северен правец. Сепак од петок поради малку повеќе облачност ќе има услови и за слаби локални врнежи од дожд.

Температурите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ПОПОСКИ: ПО ДЕНЕШНИОТ ДЕН КОЈ НЕ ПОТСЕТИ НА ЗИМА ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НЕ ЧЕКА УТРЕ (ВТОРНИК)

Утре (28.03.2017) територијата на Македонија ќе биде под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна, сува но во текот на денот од југ ќе продира потопла воздушна маса која ќе услови пораст на дневните температури на воздухот. Времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер кој Долж Повардарието ќе биде од северозападен а во западните предели од североисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти во интервал од -3 до 4 степени додека во западните и во северозападните високи планински предели истите ќе се спуштат под -5 степени.

Максималната температура ќе се искачи во интервалот од 12 до 18 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

СЛАВЧО ПОПОСКИ: НАЈАВА ЗА НЕГАТИВНИ ТЕМПЕРАТУРИ НА ВОЗДУХОТ

До крајот на денешниот понеделнички ден во државава времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди додека позначителна облачност ќе има во јужните и во југозападните предели каде сеуште има помали услови за слаб локален дожд и снег на планините.

Во текот на ноќта облачноста насекаде ќе се намалува и токму ова ќе предизвика температурите до утре изутрина значително да опаднат и на некои ќе се спуштат под нулата  и ќе се движат во интервал од -3 до 4 степени додека во западните и во северозападните високи планински предели истите се очекува да се спуштат под -5 степени. Ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

СНЕЖНА ИДИЛА УТРИНАВА НА СТРАЖА – ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА СОСТОЈБАТА ТАМУ

Студениот бран кој од синоќа ја зафати државава донесе врнежи од снег  и формирање на тенка снежна покривка на Стража, сепак овие снежни врнежи не го попречуваат одвивањето на сообраќајот.

Како што можете да погледнете патиштата се суви и без остатоци на снег.

ПРЕМИН ОД РАНО ЛЕТО ВО ЗИМА И СНЕЖНА ИДИЛА ПРЕКУ НОЌ (АНАЛИЗА НА ПОПОСКИ)

Уште еднашка сме сведоци на една многу брза но и нагла промена на временската состојба во државава, додека во вчера имавме вистинско ранолетно време од синоќа настапи нагла промена на временската состојба кај нас и тоа поради спуштање на значително постуден воздух од североисток но и поради поминувањето на фронталниот систем од северозапад кој предизвика врнежи од дожд на ниските но и снег на повисоките места и на планините.

Денес на планинските и повисоките предели владее вистинска зима (снежна бајка но и минусни температури на воздухот).

Сево ова како што веќе изјавивме многу лошо влијае врз граѓаните а особено кај метеопатите. Во ваква ситуација истите чувствуваат (замор, несоница, болки во коските како и на старите рани,  повремена нервоза како и главоболка).

Попова Шапка утрово

Маврово утрово

Понатаму ќе дознаете дали ваквото време ќе потрае или наскоро следува ново затоплување на времето. Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

ОГРОМНА РАЗЛИКА НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: ЗА КРАТОК ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД ПАД ЗА ДУРИ ОКОЛУ 15 °C

На првата карта можете да ги погледнете измерените температури на воздухот во текот на веќе вчерашниот ден недела (26.03.2017)

На втората фотографија погледнете ги измерените температури оваа вечер:

Се работи за огромен пад на температурите за краток временски период (за само неколку часови температурите на воздухот во државава паднаа за 15 °C) – сето ова МНОГУ ЛОШО влијае врз метеопатите.

Да напоменеме дека оваа нагла промена на времето но и на температурите на воздухот е резултат на спуштање на значително постуден воздух од североисток но и поради вронталниот систем од северозапад.

За нови и детални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ ВЕЕ ОВАА ВЕЧЕР

Студениот бран кој со денови го најавувавме пристигна вечер и беше проследен со врнежи од дожд и умерен до засилен ветер од северен правец а температурите нагло опаднаа (за повеќе од 10 степени). Во овие доцни вечерни часови веќе на планините има врнежи од снег каде дојде до формирање на потенка снежна покривка. Во текот на оваа ноќ па се до утре изутрина слаб снег е можен и на некои места со пониска надморска височина (околу или малку под 1000 метри)

Исто така снег вечерва паѓа на скијачките центри Попова Шапка и Маврово.

За многу повеќе и секако нови информации околу временската состојба во државава следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

ПОПОСКИ: ПО ОВАА НАГЛА ПРОМЕНА ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НЕ ОЧЕКУВА ВО ДЕНОТ ПОНЕДЕЛНИК

Утре (27.03.2017) територијата на Македонија ќе биде под влијание на значително посвежа воздушна маса која се спушта од североисточните предели на Европскиот Континент. Времето ќе биде променливо облачно и свежо со сончеви периоди но и со услови за локален слаб дожд додека на повисоките места и на планините со слаб снег.

Ќе дува умерен ветер претежно од североисточен правец.  Минималната температура ќе се спушти во интервалод од 0 до 7 степени додека максималната ќе се искачи во интервалот од 9 до 16 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

СЛЕДЕЊЕ ВО ЖИВО НА ВРЕМЕТО: РАЗВОЈОТ НА НЕСТАБИЛНОСТ ЗАПОЧНУВА

Ова попладне облачноста веќе насекаде се зголемува и веќе локално се развива конвективна облачност од која се очекуваат локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат од пороен карактер и последени со грмежи а во зоната на нестабилност ќе има и засилување на ветерот.

На следната радарска слика можете да погледнете каде точно се развива оваа веќе спомената конвективна облачност:

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ