ВО НЕДЕЛА ПОПЛАДНЕ И НАВЕЧЕР НАГЛА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО (ДОЖД, СЕВЕРЕН ВЕТЕР, ЗАЛАДУВАЊЕ, СНЕГ)

Нагла промена на временската состојба кај нас ќе има од недела во попладневните и вечерните часови кога поради продор на влажна воздушна маса од северозапад ќе има врнежи од дожд во поголемиот дел од државава и истите на повеќе места ќе бидат ќе бидат со умерен интензитет, во исто време од север ќе се спушта студен воздух со што ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен правец па врнежите од дожд на планините ќе преминат во врнежи од снег а поради падот на температурите во вечерните часови и во текот на ноќта кон понеделник послаби врнежи од снег ќе има и на повисоките места (околу 1000 м.нв) не се исклучува можноста снежната граница накратко да се спушти и под 1000 метри (не секаде).

Можна е и локална нестабилност проследена со грмежи. Во текот на денот (недела) поради сеуште топлото време ќе дува умерен а во западните предели како и во Пелагонија повремено засилен ветер од југозападен правец.

Максималната температура на воздухот во недела ќе се искачи во интервалот од 15 до 23 степени но во вечерните и ноќните часови нагло ќе опадне (дури за повеќе од 10 степени, понекаде и за 15 степени). Во понеделник сеуште ќе има локални слаби врнежи од дожд на ниските и  снег на повисоките места и планините додека максималната температура во недела ќе се искачи во интервалот од 7 до 14 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

Сабота ни носи многу топло време но попладне и локален дожд

Утре (25.03.2017) и натаму теритоијата на Македонија ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ која е невообичаена за овој дел од годината. Времето ќе биде сончево со умерена облачност во претпладневните часови но попладне со локално зголемување на облачноста ќе има локален дожд и услови за локални грмежи и тоа особено во западните планински предели но и во оние населени места кои се во близина на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец особено Долж Повардарието.

Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 17 до 25 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

Славчо Попоски: Погледнете што не чека до крајот на овој петочен ден

Под влијание на невообичаено топла воздушна маса од југ до крајот на денешниот ден во државава ќе се задржи сончево и топло време со умерена локална облачност. Во попладневните часови не се исклучува можноста за сосема краткотраен дожд во планинските предели.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец додека максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 19 до 26 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

 

СЛАВЧО ПОПОСКИ СО ВИКЕНД ПРОГНОЗА – ПОГЛЕДНЕТЕ ДАЛИ ВРЕМЕТО ЌЕ БИДЕ НА ВАША СТРАНА

За време на викендот кој доаѓа останува невообичаено топло за овој дел од годината со многу високи температури на воздухот. Времето ќе биде сончево со умерена облачност и топло додека во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи и тоа особено во попладневните часови.

Во сабота ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец особено Долж Повардарието додека во недела ветерот ќе го промени својот правец во југозападен и ќе биде со умерен а во западните предели како и во Пелагонија повремено со засилен интензитет. Максималните температури овие два дена ќе се движат во интервал од: Во сабота од 18 до 24 степени додека во недела од 16 до 23 степени.

Според моменталните анализи со кој располагаме нагла промена на времеската состојба се очекува ноќта недела кон понеделник кога се очекуваат врнежи од дожд во поголемиот дел од државава. Поради спуштање на студен воздух од север ќе започне да дува северен ветер кој ќе предизвика нагло заладување на времето со што на повисоките места и на планините врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег.

Ситуацијата кунтинуирано ја следиме и за секоја новонастаната промена на временската состојба навремено ќе ве информираме.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

Буквално цела Европа ужива во пријатни температури – вистинско лето во југозападна Европа

Овие денови како и денес буквално целиот Европски Континент е под влијание на топла воздушна маса која продира од југ, особено топло е во јужа, југоисточна како и во југозападна Европа. Ранолетни температури на воздухот овие денови владеат  и кај нас.

Најпогодена од овој изразен топол бран кој е невообичаен за овој дел од годината е југозападна Европа каде владеат вистински летни температури и вистинско лето и на многу места температурите на воздухот се искачуваат до 30°C.

Кај нас температурите овие денови на многу места се искачуваат над 20°C.

На следната фотографија можете да ги погледнете денешните температури измерени ширум Европа:

На втората фотографија погледнете ги измерените температури кај нас:

За нови и детални информации можете да го следите и официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОПОСКИ

 

 

 

Попоски: Петок ќе ни го донесе максимумот на овој топол бран

Утре (24.03.2017) ќе биде максимумот на овој топол бран што значи ќе биде невообичаено топло за овој дел од годината. Времето ќе биде сончево и топло во попладневните часови со умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко.

Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 19 до 26 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

Попоски: Пролетта пристигна а со затоплувањето и атмосферата ќе се загрева

Пролетта веќе пристигна што значи полека веќе времето се повеќе и повеќе ќе затоплува а тоа значи и загревање на атмосферата како и зголемување на УВ зрачењето (УВ ИНДЕКС).

Кога станува збор за загревањето на атмосферата на многу луѓе тоа некако не го сваќаат што точно значи па да објасниме: Со загревањето на атмосферата доаѓа до дневен развој на облаци и до дестабилизирање на атмосферата а тоа значи врнежи, грмежи и засилен ветер. Често овие процеси и тоа особено во летниот период се проследени и со НЕВВРЕМЕ со силни грмежи, силен ветер и град.

Изјава на: СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

Најнови информации околу временската состојба во државава

Во текот на изнинатата ноќ во државава имавме стабилно, суво и пријатно време односно ведро а претпладнево веќе има појава на мала локална облачност.

До крајот на денешниот ден ќе се задржи сончево и топло време со умерена локална облачност. Во попладневните часови во северозападните планински предели не се исклучува можноста за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе се искачи во интервалот од 19 до 25 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

23ТИ МАРТ – СВЕТСКИ ДЕН НА МЕТЕОРОЛОГИЈАТА

Почитувани: СЛАВЧО ПОПОСКИ од се срце им го честита светскиот ден на метеорологијата на сите оние кој се занимаваат со оваа наука.

Исто така во иднина да се надеваме дека ќе бидеме сведоци на помирно време без катастрофални невремеиња и поплави како на пример ланското невреме кое го погоди Скопско и кое беше проследено со катастрофални последици и за жал со човечки жртви.

ПЕТОК – МАКСИМУМОТ НА ОВОЈ ТОПОЛ БРАН

Во петок (24.03.2017) ќе биде максимумот на овој топол бран кој е невообичаен за овој дел од годината. Времето ќе биде сончево и топло во попладневните и во вечерните часови со умерена локална облачност, ќе биде претежно тивко.

Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 18 до 26 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ