Денес – повеќе облачност и студен ден во Македонија

Денес (13.11.2016) времето во Македонија ќе биде умерено, на некои места значително облачно и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој долж повардарието повремено ќе се засилува.

12-778gr

Температурата ќе се движи во интервал од 4 до 10 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

ЗИМСКО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Погледнете ги минималните температури измерени во Македонија

За разлика од изминатите утра ова понеделничко утро во Македонија е многу постудено со температури кои на повеќе места се спуштија под нула степени.

15025236_1323846857660562_2661451635081694706_o

Погледнете ги измерените температури ова утро:

Маврово -6°C, Берово -5°C, Тополчани -3°C, Ѓуриште -3°C, Крива Паланка -2°C, Пожаране -2°C, Прилеп 0°C, Виница 0°C, Струмица 0°C, Штип 0°C, Скопје Зајчеврид 1°C, Охрид 1°C, Претор 1°C, Битола 1°C, Скопје Петровец 1°C, Тетово 2°C, Демир Капија 3°C, најтопло ова утро е во Гевгелија каде се измерени 5°C.

Фото: Попова Шапка вчераутро (13.11.2016)

Информациите ги подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

АНТИЦИКЛОН: Утре (понеделник) сув но студен ден

Утре (14.11.2016) територијата на Македонија ќе биде под влијание на висок воздушен притисок нои на студена воздушна маса која се спушта од север.

Поради тоа утре времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој должд повардарието шпвремено ќе се засилува.

Минималната температура на повеќе места ќе се спушти под нула степени и ќе се движи во интервал од -5 до 3 степени.

gfsopit12_24_5

Максималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 9 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Вистинска зима: Погледнете како изгледаше патот за Галичник во текот на вчерашниот ден (сабота)

Поради студениот воздух кој во текот на вчерашниот ден (сабота) се спушташе од север освен на високите планини врнежи од снег донесе  и на повисоките места па така снег падна и на скијачките центри Попова Шапка и Маврово.

Погледнете како изгледаше патот за Галичник во текот на вчерашниот ден:

15068498_10206377921320874_1286952336273496551_o

АМСМ: Препорака до возачите за внимателно возење

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила ќе стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

РАБОТИ НА ПАТ:

На магистралниот пат А2, делница Младо Нагоричане – Страцин почнувајќи од 13.10.2016 год. ќе се вршат геодетски мерења од страна на фирмата ПРО- ГЕО. Мерењата ќе се вршат секој работен ден (понеделник-петок) од 08:00 – 16:00 часот во период од 13.10.2016 до 30.12.2016. На местата каде ќе се одвиваат работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од 19.10.2016 год. од 13:00ч. врз основа на одобрение 0302-737/Х од Страбаг АГ Подружница Страбаг, а во врска со одобрен проект за рехабилитација на државен пат А1 Куманово – Миладиновци извршена е измена на режим на сообраќај од 15+500 до 20+500 км, после наплатна станица Романовце сообраќајот се одвива по десна (спора), а лентата за возење и престигнување е затворена за сообраќај каде е поставена сообраќајна сигнализација за времена измена.

Ве известуваме дека од 09.08.2016 година на магистрален пат А1, делница Велес- Катланово за време на санација, поставување на сигнализација и обележување на тунел , извршена е времена измена на режимот на сообраќај каде непосредно пред тунелот за сообраќај е затворена левата (брзата) лента.Сообраќајот се одвива по десната (спората) лента за сообраќај, а во самиот тунел сообраќајот се одвива по левата лента.

Од градежната фирма А.Д. Илинден- Струга известуваат дека на Државниот Пат А3 делница Ресен- Буково, се извршуваат градежни работи, рехабилитиација на патниот правец, кои предвидено е да траат до Ноември 2016 година. Поради тоа на наведената делница се применува изменет режим на сообраќај кој на одредени делови се одвива по една коловозна лента за што се поставени семафори кои предвидуваат застој во сообраќајот од 3 до 5 минути.

Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.

Од градежната фирма КЕДИНГ известуваат дека на патниот правец Гостивар – Кичевона 2 км пред планинскиот премин Стража , поради изведување градежни работи (санација на мост) сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поставена е соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

На патниот правец А3 Битола – Макази, после клучката за с. Ротино во правец на Макази, се изведуваат градежни работи на едната коловозна лента. Сообраќајот се одвива по другите две коловозни ленти. Препорачуваме внимателно возење на оваа делница.

Според сообраќајниот проект тех.бр.155/2015 за времена измена на сообраќајот на патен правец Скопје – Миладиновци – Куманово сообраќајот се одвива (десно после наплатна станица Миладиновци) преку автопатот Куманово – Велес се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопат Велес – Куманово.

Oд 15.01.2016 година, на патниот правец Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено, се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

amsm-486x321

Г.Д.Гранит А.Д. Скопје, ОЕ – Нискоградба Исток од 11.12.2015 започна со реконструкција и надградба на автопат, делница Смоквица – Гевгелија, како дел од Коридорот 10. Ве известуваме дека сообраќајот се одвива под времен режим.

Друштвото АСФАЛТ ДОО Скопје известува дека поради продолжување на градежните работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Романовце, на државниот пат А1, делница Куманово – наплатна станица Романовце и обратно, сообраќајот се одвива согласно добиено одобрение за времена измена на режимот на сообраќајот, издадено од Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија на25.05.2016. Предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 6 (шест) месеци сметано од денот на издавање на одобрението.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија .

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Поради продорот на студен воздух: Денес (недела) значително постудено

Денес (13.11.2016) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно студено со сончеви периоди.

Во текот на денот сеуште ќе има услови за слаб локален дожд додека на повисоките места и на планините ќе провејува слаб снег и тоа особено во западните предели.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северозападен правец особено долж повардарието и во источните предели.

model_moddeuhd_2016111300_15_954_149

Температурата ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Во моментов идила и врнежи од снег во Маврово

Студениот бран кој полека се спушта од север вечерва врнежи од снег донесе  и во Маврово, во моментов и понатаму врне снег.

Погледнете ја моменталната состојба:

192-168-213-125_01_20161112212134771_timing

 

Во овој момент ИНТЕНЗИВНИ врнежи од снег на Попова Шапка каде владее вистинска снежна идила

На Попова Шапка владее вистинска снежна идила, во овој момент има интензивни снежни врнежи:

15032728_752079371597012_71576209750989957_n

Утрешниот ден (недела) ни носи ПОСТУДЕНО време

Во текот на претстојната ноќ како и утре изутрина сеуште ќе има локални послаби врнежи од дожд на пониските места, додека на планините ќе има слаби врнежи од снег.

Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од југозападен правец.

Утре (13.11.2016) во текот на денот облачноста ќе се намалува и врнежите насекаде ќе престанат.

Ќе дува умерен ветер од северозападен правец особено долж повардарието и во источните предели. Повремено ветерот ќе се засилува по интензитет.

gfsopit06_30_5

Максималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 12 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

Денес – врнежливо и постудено, на планините снег

Денес (сабота) територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност и на влажна воздушна маса од Медитеранот.

Поради тоа денес времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои најпрвин ќе ги зафатат западните а потоа во текот на денот ќе се прошират и во останатите предели од Македонија. На планините ќе има врнежи од снег каде се очекува формирање на снежна покривка.

На некои места особено во западните и во источните предели врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог.

gfsopit00_30_49

Можна е и локална појава на грмежи.

Ќе дува умерен до засилен, на некои места повремено СИЛЕН ветер од јужен правец кој ќе достигнува брзина до околу 70 км/час. Во текот на денот ветерот постепено ќе го менува правецот во западен и југозападен.

Температурата ќе се движи во интервал од 9 до 17 степени, постудено со пониски температури ќе се задржи во западните предели.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!