По екстремните студови – денес во Македонија измерени пролетни 20°C

Поради влијанието на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која е со потекло од Северна Африка денес во Македонија се забележани и измерени МНОГУ ВИСОКИ температури (невообичаени за овој дел од годината).

Речиси насекаде низ државава се измерени температури од над 10°C, исклучок се високите места и планините како и Скопската котлина каде поради маглата температурата остана значително пониска за разлика од другите места (под 5°C).

Најтополи градови денеска во Македонија беа Демир Капија и Гевгелија каде максималната температура на воздухот се искачи до пролетни 20°C. Исто така поради силното јужно воздушно струење од Сахара кон територијата на Македонија се врнежи транспорт на прашина и песок.

Сето ова влијае лошо кај граѓаните каде што има појава на главоболки, нервоза и тежина.

НАПОМЕНА: Поради невообичаено високите температури снежната покривка интензивно се топи со што условува зголемување на водите во речните корите и во езерата во Македонија.

Погледнете колку дожд донесоа двата влажни бранови во Македонија

Над територијата на Македонија веќе поминаа два влажни воздушни бранови од запад.

Едниот помина во текот на вчерашниот ден додена вториот синоќа и во текот на денешното утро. Овие два влажни бранови со себе донесоа локални врнежи од дожд кој беа нешоти поинтанзивни во западните предели кад ево текот на вчерашниот ден токму овде е забележана и ретка појава на грмежи.

Дуваше умерен, на некои места засилен повремено и СИЛЕН ветер од југозападен правец. Само во Скопската котлина и натаму е претежно тивко и магливо но и значително постудено.

Мерните станици на Управата за Хидрометеоролошки работи (УХМР) го измерија следното количество нанаврнат воден талог во Македонија:

1 Куманово, Виница, Дојран, Скопје-Петровец, 2 Ѓуриште, Кр. Паланка, 3 Крушево, 4 Скопје, Претор, 7 Охрид, 10 Пожаране, 13 Тетово, 16 Дебар, 21 Лазарополе, 31 Маврово

Висина на снежна покривка (05.02.2017)

2 Струмица, 3 Скопје-Петровец, 7 Битола, 9 Скопје-З.Рид, 11 Крушево, 13 Тетово, 14 Берово, 17 Лазарополе, 18 Ѓуриште, 22 Пожаране, 35 Маврово.

ОД САХАРА КОН МАКЕДОНИЈА СЕ ВРШИ ТРАНСПОРТ НА ПРАШИНА И ПЕСОК

Македонија е под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од Северна Африка но исто така е и под влијание на силно јужно воздушно струење кое условува но и понатаму ќе условува транспорт на прашина и песок од Сахара па сето ова и натаму ќе придонесе да имаме мачно и спарно време.

Во Скопската котлина и понатаму ќе се задржи маглата и релативно тивкото време кое ќе придонесе овдека температурата на воздухот да биде значително пониска за разлика од останатите места во државава.

Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер денес од југозападен и западен а утре (понеделник) од јужен правец и на некои места повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО, СПАРНО И МАЧНО ВРЕМЕ

Територијата на Македонија е под влијание на невообичаено топла воздушна маса која продира од јужните географски широчини и со себе носи МНОГУ ВИСОКИ температури на воздухот, спарно и мачно време но исто така поради силното јужно воздушно струење се врши транспорт на Прашина и песок од Сахара. Дува умерен. на некои места засилен ветер од југозападен правец додека во Скопската котлина и понатаму е тивко и магливо.

Максимумот на температурите за денешниот ден во Македонија ќе се искачи во интервалот од 8 до 16 степени со исклучок на Скопската котлина каде ќе биде пониска.

И понатаму ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и тоа во западните предели.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Ноќеска и утре наутро уште еден влажен бран во Македонија

Оваа ноќ како и утре наутро од запад над теритроијата на Македонија ќе помине уште еден влажен воздушен бран кпј ќе донесе локални врнежи од дожд додека само на високите планини во западните предели ќе има врнежи од снег.

Нешто повеќе врнежи повторно ќе има во западните предели. Ќе дува умерен, во западните предели засилен, повремено СИЛЕН ветер од југозападен правец кој локално можно е да достигне брзина од над 70 км/час.

Останува топло со што и понатаму ќе има интензивно топење на снежната покривка.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

СЛАВЧО ПОПОСКИ: Граѓаните на Македонија да бидат спокојни по најавите за екстремно ладен бран

И додека некој само ги заплашува граѓаните на Република Македонија за наводно доаѓање на нов поларен бран (помоќен од оној кој го имавме во јануари) сепак такво нешто нема на видик и тоа се дефинформации за кревање на паника. Секако дека заладување и студени бранови треба сеуште да има но истите не би биле нешто екстремно гледано барем засега.

Сепак од наша страна ситуацијата будно се следи и секако доколку дојде до нешто такво навремено ќе бидете информирани.

Со почит: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

ПОПОСКИ: Големата разлика на воздушниот притисок помеѓу северен и јужен Балкан ќе донесе засилен ветер

Денес особено во вечерните часови како и во текот на ноќта кон утрешниот ден како и утре (недела) ќе има голема разлика на воздушниот притисок помеѓу северен и јужен Балкан (понизок на северен а повисок на јужен Балкан).

Ова ќе услови да дува умерен, на некои места засилен, повремено СИЛЕН ветер од југозападен и западен правец кој локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час.

И понатаму особено во западните предели ќе има повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат нешто поинтензивни а снег ќе паѓа само на највисоките планински места во западните предели.

НАПОМЕНА: Поради високите температури кои се невообичаени за овој дел од годината ќе продолжи интензивното топење на снежната покривка.

Посетете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО ВРЕМЕ

Денешното саботно утро во Македонија донесе НЕВООБИЧАЕНО високи температури за овој дел од годината кој на многу места беа во позитива (над нула степени).

Сепак уште само во неколку котлини низ Македонија се задржа магливо и постудено време.

Мерните станици на Управата за Хидрометеоролошки работи (УХМР) кои се наоѓаат низ Македонија во текот на денешното саботно утро ги измерија следните температурни вредности:

-3 Струмица, Скопје, -2 Штип, Берово, -1 Гевгелија, Куманово, 0 Кр. Паланка, Тетово, Д. Капија, 1 Битола, Дојран, 4 Лазарополе, Крушево, Виница, Ѓуриште, Пожаране, Маврово, Прилеп, 6 Претор, Тополчани, 7 Дебар, Охрид.

Висина на снежна покривка (04.02.2017)

2 Тополчани, 5 Струмица, 8 Д. Капија, 11 Скопје, 13 Битола, 15 Тетово, Берово, 19 Крушево, 24 Ѓуриште, 30 Лазарополе, Пожаране, 44 Маврово.

ВЛАЖЕН ВОЗДУШЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Погледнете каде ќе донесе врнежи

Во текот на денешниот ден (сабота) територијата на Македонија ќе биде зафатена од влажен воздушен бран и истиот повеќе ќе се задржи во западната половина од државава.

Времето ќе биде променливо облачно особено во западните предели со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат нешто поинтензивни а не се исклучува можноста и за локални грмежи. На највисоките планински места во западните предели ќе има врнежи од снег.


На повеќе места ќе дува умерен, во западните предели повремено засилен ветер од југозападен правец.

Максималната температура денес ќе се искачи во интервал од 5 до 13 степени.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

СЛАВЧО ПОПОСКИ: Интензивното топење на снегот ќе предизвика зголемување на нивото на езерата и речните водотеци во Македонија

Во следните неколку деново и тоа поточно за време на овој викенд како и во понеделник територијата на Македонија ќе биде под влијание на изразено јужно воздушно струење кое ќе услови НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ температури на воздухот но и умерен, на некои места засилен ветер од југозападен правец.

Времето ќе биде променливо облачно и ТОПЛО за овој период од годината со локални послаби врнежи од дожд кој во западните предели локално и повремено ќе бидат со умерен интензитет.

Утре (сабота) максималните температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од 5 до 12 степени додека во недела и во понеделник истите ќе бидат уште повисоки и ќе се искачат во интервалот од 8 до 15 степени.

Во понеделник (06.02.2017) во доцните попладневни и вечерни часови најпрвин во западните и во југозападните предели а во текот на ноќта кон вторник и во останатите предели ќе има врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ а не се исклучува можноста и за локална појава на грмежи.

Во текот на ноќта понеделник кон вторник поради спуштање на постудена воздушна маса од север на повисоките места и на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Во вторник (07.02.2017) и понатаму ќе има повремени локални врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и на планиниде додека максималната температура на воздухот во вотрник ќе се искачи во интервалот од 4 до 12 степени.

Барем според моменталните анализи со кои располагаме во текот на ноќта вторник кон среда послаби локални врнежи од снег можни се и на некои пониски места но тоа не би било нишо особено и доколку истото се случи.

НАПОМЕНА: Релативно топлото време овие денови ќе предизвика интензивно топење на снежната покривка насекаде во Македонија па затоа поради тоа се очекува и зголемување на водите во речните корита и во езерата.

Мора да напоменеме и за тоа дека денеска во Гевгелија е измерена висока максимална температура на воздухот и тоа 14 степени.

Попоски додева дека постудено е само во тие котлини каде што има магла и ниска облачност но веќе и таму температурите полека се искачуваат во позитива (над нула степени).

Очекувајте нови а по потреба и обновени информации околу временската состојба во Македонија.

За многу повеќе информации посетете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ