Славчо Попоски со најнова прогноза за денес и за вечерва: Не чека промена

Денес навечер и во текот на ноќта кон утрешниот ден (понеделник) ќе има промена на временската состојба односно пад на температурите на воздухот. Токму ова ќе биде поради продор на малку постуден воздух кој ќе се спушти од север.

Во текот на денешниот ден во државава ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кој ќе бидат од локален карактер додека на планините и на повисоките места ќе има повремени врнежи од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен, локално и со умерен интензитет.

Ќе започне да дува слаб до умерен ветер од северен правец кој на планините во текот на ноќта повремено ќе биде засилен по интензитет. Исто така во текот на ноќта поради падот на температурите не се исклучува можноста за слабо провејување на снег и на некои од пониските места особено оние кои се наоѓаат во северозападните и северните предели.

Максималната температура на воздухот денес во државата ќе се искачи во интервалот од 6 до 12 степено меѓутоа во вечерните и во ноќните часови ќе опаѓа и до утре (понеделник) во утринските часови ќе се спушти во интервалот од -5 до 2 степени додека на високите планини истите ќе се спуштат до околу -10 степени.

Следете го и официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

Виулици оваа вечер на Попова Шапка: Интензивни снежни врнежи

Влажниот воздушен бран веќе ја зафаќа територијата на Македонија и тоа претежно крајните западни, северозападните  и северните предели од државава. На планинските места има повремени врнежи од снег.

Во овој момент на Попова Шапка владее вистинска снежна бајка и виулица проследена со интензивни врнежи од снег. Токму овдека оваа ноќ како и во текот на утрешниот ден ќе има нова снежна покривка.

Во продолжени погледнете ја моменталната состојба на Попова Шапка:

Фото: Skimacedonia.mk

Секако следете го и официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

Попоски со најнова прогноза за утрешниот ден (недела)

Под влијание на влажен воздушен бран од северозапад утре (129.02.2017) времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет а во северозападните и во северните предели како и во крајните западни предели локално врнежите ќе бидат со умерен интензитет и се очекува да нврнат над 10 л/м2 воден талог.

Во северните и во северозападните предели освен на планинските места повремени врнежи од снег ќе има и на повисоките места каде ќе биде и нешто постудено за разлика од останатите предели од државава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец додека во северната половина од државава ветерот ќе биде од северен правец.

Минималната температура на воздухот ќе се спупти во интервалот од -1 до 5 степени додека максималната ќе се искачи во интервалот од 5 до 12 степени. Во северозападните и во северните предели истите ќе бидат нешто пониски и ќе се искачат во интервалот од 2 до 7 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

Славчо Попоски со детална прогноза за претстојната ноќ

Под влијание на влажен воздушен бран кој веќе го најавивме уште пред неколку денови во текот на претстојната ноќ кон утрешниот ден (недела) како и утре (19.02.2017) во утринските часови облачноста насекаде ќе се зголеми и времето ќе биде променливо облачно додека во западните, северозападните и северните предели ќе има повремени врнежи од дожд додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Исто така во текот на ноќта поради падот на температурите на воздухот во северозападните предели врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните предели ќе биде од југозападен а во останатите предели од јужен правец.

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен, понекаде особено во северозападните и западните предели и со умерен интензитет каде локално ќе наврнат околу 15 л/м2 воден талог.

Температурите на воздухот во текот на ноќта ќе се спуштат во интервалот од 0 до 5 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

Натпросечно топло време: Погледнете што не чека до крајот на денешниот ден (сабота)

Во текот на денешниот ден (сабота) 18.02.2017 времето во Македонија ќе биде умерено облачно и релативно топло со сончеви периоди кои ќе бидат долги во источната половина од државава.

Во текот на попладневните и во вечерните часови времето ќе биде променливо облачно а особено во западните, северозападните и во северните предели ќе има локални слаби врнежи од дожд на ниските додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Локално врнежите повремено ќе бидат со умерен интензитет и тоа во северозападните предели.

Во текот на вечерните и ноќните часови кон утрешниот ден (недела) услови за повремени врнежи од снег ќе има и на некои од повисоките места.

Ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните предели ќе биде од југозападен а во останатите предели од јужен правец.

Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интерваллот од 8 до 14 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

Ексклузивна изјава на Славчо Попоски до граѓаните на Република Македонија

Славчо Попоски дефинитивно докажа дека е најдобриот метеоролог во Македонија. Младиот стружанец откако го погоди скопското невреме, многумина започнаа да го следат. 25 – годишниот Попоски го докажа приматот најдобар, и тоа во многу наврати.

Тој на својот фејсбук профил напиша дека за Божиќ територијата на Македонија ќе биде под снежна покривна, со што се оствари неговата анализа. Студениот и снежниот бран кои што ги најавуваше Славчо ја зафатија Македонија.

Следуваше уште една негова најава за снежен бран која исто така се оствари.

Дефитивино овој млад метеоролог го заслужува приматот за НАЈДОБАР!

Изјава на СЛАВЧО ПОПОСКИ: Македонија навистина треба да биде горда затоа што ја има најбрзата, најреалната и најпрецизната временска прогноза. Пред граѓаните на државава сум најреален со што и колку да биде страшна инфромацијата истата ќе и ја соопштам на јавноста, исто така со напорна работа и секако најмногу со мојата реалност и почит ја достигнав уште од моите млади години да ја стигнам позицијата за најобар метеоролог во Македонија и горд сум на тоа. Исто таака до сите вас сакам да упатам длабока почит и огромна благодарност за големата поддршка која ми ја дадовте, ми ја давате и ќе ми ја давате во иднина. Јас постојам заради вас и многу ми значите мои граѓани на Македонија.

Ексклузивно: Погледнете како изгледаше вчерашната нестабилност која се појави над Ламанш

Нестабилноста во атмосферата која е проследена со поројни врнежи од дожд и грмежи а многу често е застапена и во форма на невреме со силни електрични пранзења, силен ветер  и град најчесто се јавува во топлиот дел од годината (во летниот период најчесто). За да дојде до вертикален развој на облаци и до нестабилност потребно е загреана атмосфера и во истата треба да има многу енергија. Тогаш се јавуваат оние силни електрични празнења (силни громови). Ваквите атмосферски процеси се претежно во пократок временски период.

Освен во летниот период нестабилноста може да се појави и за време на зимскиот период и тоа кога има изразено јужно воздушно струење и кога владее доста топла воздушна маса која продира од јужните географски широчини и со себе носи и невообичаено високи температури на воздухот а често се јавува  и транспортот на прашина и песок од Сахара. Секако транспортот на прашина и песок од Сахара често го имаме и во летниот период.

Текстот и објаснувањето околу настанувањето на нестабилноста во атмосферата ги подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ

Следната ексклузивна фотографија доаѓа од Ламанш и истата е направена во текот на вчерашниот ден (16.02.2017) и истата е направена за време на развојот на нестабилност:

Фото: Severe Weather Europe

 

Славчо Попоски со детална анализа на времето: Влажен бран ќе ја зафати Македонија викендов

Утре (18.02.2017) времето во Македонија во претпладневните часови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди кои ќе бидат долги во јужните и во југоисточните предели. Ќе биде релативно топло со натпросечни температури а во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

Во текот на попладневните и вечерните часови под влијание на влажен воздушен бран од северозапад облачноста ќе се зголеми и ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд во западните, северозападните и во северните предели. На планините ќе има повремени врнежи од снег. Во текот на вечерните часови и во текот на ноќта кон недела повремени врнежи од снег ќе има и на некои од повисоките места а на местата повисоки од 500 метри не се исклучува можноста за повремени врнежи од дожд и снег или краткотрајно влажен снег и тоа во северозападните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Максималната температура на воздухот утре (сабота) ќе се искачи во интервалот од 8 до 14 степени.

Во недела (19.02.2017) повремени послаби врнежи од дожд ќе има на повеќе места низ државава а локално истите ќе бидат со умерен интензитет. На планините ќе има повремени врнежи од снег а услови за повремени врнежи од снег ќе има и на некои од повисоките места и тоа во северозападните и северните предели. Ќе дува умерен ветер од јужен правец кој повремено на некои места и тоа особено во југоисточните предели ќе се засилува а на планините истиот ќе биде со умерен до засилен интензитет кој ќе достигнува брзина до околу 50 км/час.

Минималната температура на воздухот во недела наутро ќе се спушти во интервалот од -2 до 5 степени додека максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 7 до 13 степени додека во северните и во северозападните предели истите ќе бидат нешто пониски, исто така во текот на ноќта недела кон понеделник повторно во северозападните и во северните предели ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд и снег или влажен снег. Во недела доцна попладне и навечер ќе започне да дува слаб до умерен а на планините повремено засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика во понеделник утрото да биде постудено кога минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -4 до 4 степени додека во текот на денот повторно ќе биде релативно топло кога максималните температури на воздухот ќе се искачат во интервалот од 5 до 13 степени.

Уште поголемо затоплување на времето со невообичаено високи температури на воздухот ќе има од среда (22.02.2017).

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

 

Прекин, ограничен сообраќај и штрајк

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Богородица (Евзони) и понатаму е затворен за сообраќај за сите видови на возила.
Граничните премини Меџитлија и Дојран се отворени за сообраќај за сите видови на возила.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози на пониските места, додека на осојничавите места коловозите се наместа влажни.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

ОГРАНИЧЕН СООБРАЌАЈ: Според информација од ЈП Јасен, патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен, од 02.02.2017 година од 14:30 часот е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон на сите четири тркала.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сеуште се пренасочува преку градот Битола.

ЗИМСКА ОПРЕМА: На сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

ВНИМАТЕЛНО: Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна. Десната лента се затвара за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента, поставена e содветна сигнализација.

РАБОТИ НА ПАТ:

Градежната компанија Трансмет Доо Скопје изведува градежни работи за реконструкција на државен пат А2, делница: Обиколница Скопје, од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци. Со почеток од 02.12.2016 година се воведува времена измена на режим на сообраќај, согласно Одобрение број 22.2-72149/2 со датум 18.11.2016 година издадено од Министерството за транспорт и врски на РМ, односно сообраќајот се одвива по левата коловозна лента /правец клучка Сингелиќ-клучка Стајковци/ во двата правци а десната коловозна лента е затворена за сообраќај заради изведување градежни работи.

Од 03.12.2016 година извршена е измена на режимот на сообраќај на делница автопат Куманово-Скопје од 29+600 до 30+772 километар, населба Миладиновци. Затворена е за сообраќај лентата за застанување каде се одвиваат градежни работи, а сообраќајот се одвива по брзата и средната лента.

ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) ќе воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот ке се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.

Oд 15.01.2016 година, на патниот правец Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено, се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија .

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Патниот правец Р2137 Неготино – Војшанци поради санација на мостот на река Вардар е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува преку патниот правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница – Демир Капија и обратно.

На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Попоски со најнова прогноза за до крајот на денешниот ден (петок)

Под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и топла воздушна маса од југ до крајот на денешниот ден (петок) времето во Македонија ќе се задржи сончево и релативно топло со мала локална облачност. Во вечерните часови нешто повеќе облачност ќе има во западните предели.

Ќе дува слаб до умерен ветер во западните предели од југозападен додека во останатите предели од јужен правец.

Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 8 до 14 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ