ЦИКЛОНОТ ХЕКТОР СТАНУВА СЕ ПОСИЛЕН: СЛЕДУВААТ ЗАСИЛЕНИ ВЕТРИШТА А ДОАЃААТ И ПОИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ!

На времето кај на се повеќе влијае моќниот циклон ХЕКТОР кој во текот на утрешниот саботен ден ќе услови најпрвин умерен до значително облачно и невообичаено топло време но сепак ќе има и повремени сончеви периоди.

Во текот на денот ќе има услови само за слаб локален дожд и тоа претежно на запад а ќе дува ЗАСИЛЕН до СИЛЕН ветер од јужен правец кој локално ќе достигнува брзина од дури 90 км/час.

Ќе биде невообичаено топло за овој дел од годината со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени додека атмосферата ќе биде ДОСТА заматена поради транспортот на прашина и на песок од Сахара.

Навечер и во текот на ноќта кон недела најпрвин на запад а потоа и во останатите предели од државава ќе има врнежи од дожд кој локално ќе бидат поинтензивни каде со што ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог (на некои места можно е и над 30 л/м2).

Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со поинтензивни врнежи и грмежи како и засилување на ветерот.

Во текот на ноќта сабота кон недела и во недела на повисоките планини ќе врне снег.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сето ова може да доведе до понатамошно зголемување на нивоата на езерата, реката и речните корита па поради ова ве советуваме да бидете крајно внимателни поради евентуално нивно излевање.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

АНАЛИЗА НА МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ: ДАЛИ ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД ПОПЛАВИ ВО МАКЕДОНИЈА?!

Почитувани се наоѓаме во еден таков период во кој врнежите се многу чести а овој период ќе продолжи и натаму што значи дека и натаму треба да очекуваме многу чести врнежи.

Од друга страна пак поради невообичаено високите температури на воздухот кој ги имаме овие денови започна интензивно топење на снежната покривка и на највисоките планински предели од државава па токму поради ова нивоата на езерата во државава особено на Охридското езеро е многу зголемено и моментално се наоѓа на три сантиметри од критичната кота.

Со оглед на тоа дека врнежите продолжуваат како што напоменавме и погоре во текстот растат условите з апонатамошно зголемување на нивоата на езерата како и на рекит еи на речните корита и водотеци низ државава па токму поради ова не се исклучува можноста и за нивно локално излевање кое би можело да услови локално поплавување иако да се надеваме дека до ова нема да дојде.

Од друга страна пак од средината на следната недела на видик има студен бран кој би се спуштил од север и би условил врнежи од дожд и снег па така ако оваа ситуација и развој на времето продолжи токму како сега ќе треба да издадеме и вонредна временска прогноза за земјоделците поради опасност од мразеви кој би можеле многу лошо да влијаат врз земјоделските култури.

Метеомакс КОНТИНУИРАНО ќе ја следи состојбата на времето и ќе ве информира за секоја ново – настаната временска ситуација.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

ВОНРЕДНО: ДЕНОТ САБОТА ЌЕ БИДЕ ПРЕМНОГУ ТЕЖОК, ТОПОЛ, СПАРЕН И ВЕТРОВИТ ДЕН!

Како што веќе и претходно најавивме утрешниот саботен ден ќе помине во знакот како ПРЕМНОГУ ТЕЖОК, ТОПОЛ, СПАРЕН И ВЕТРОВИТ ден додека времето ќе биде умерено до значително облачно иако ќе има и повремени сончеви периоди.

Врнежите ќе пристигнат некаде навечер и во текот на ноќта кон денот недела кога ќе се интензивираат и прошират насекаде, сепак детално анализирање на врнежите ќе имаме до крајот на денов.

Ќе дува ЗАСИЛЕН до СИЛЕН ветер од јужен правец кој локално ќе достигнува брзина од дури околу 90 км/час.

Напомена: Поради силниот ветер добро би било и секако за секој случај да внимавате каде се движите а своите автомобили да ги ставате понастрана од дрвјата и бандерите со цел да не дојде до некоја несакана ситуација.

Исто така поради силното јужно и југозападно воздушно струење веќе започна транспортот на прашина и песок од Сахара а тоа можете да го забележите по заматеноста на атмосферата.

Транспортот на прашина и песок од Сахара ќе продолжи и утре (сабота) во текот на целиот ден.

Температурите на воздухот ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО високи за овој дел од годината и истите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

Поради релативно високата влажност во воздухот како и порди транспортот на прашина и на песок температурите на воздухот ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените а времето и понатаму ќе биде многу мачно, спарно и тешко.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

НАЈАВА ЗА ЗАСИЛЕН ДО СИЛЕН ВЕТЕР ОД ЈУЖЕН И ОД ЈУГОЗАПАДЕН ПРАВЕЦ (УДАРИ ДО ОКОЛУ 90 КМ/ЧАС)

Почитувани граѓани како што најавивме од денес (петок) на времето кај нас влијае циклонот ХЕКТОР со што веќе на запад условува врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет додека снег врне само на највисоките планини (над 2000 м.н.в.)

Врнежите понатаму ќе се прошират и во другите предели но ќе бидат локални и слаби додека на крајниот запад ќе бидат со умерен интензитет.

АНАЛИЗА НА ВЕТЕР: Поради големата разлика на воздушниот притисок на многу мал простор ќе започне да дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец кој утре (сабота) ќе биде повремено и со СИЛЕН интензитет па така локално ќе достигнува брзина до околу 90 км/час.

Поради ова од денес (петок) започнува транспорт на прашина и песок од Сахара што значи дождот кој ќе врне на некои места ќе биде помешан со прашина и песок.

Добро е да напоменеме дека за секој случај поради силниот ветер кој ќе го има граѓаните да внимаваат каде се движат и во ваков случај да внимаваат каде ги ставаат нивните автомобили односно да не бидат во близина на дрвја или бандери со цел да не дојде до некоја несакана ситуација.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

ХЕКТОР СЕ БУДИ! АНАЛИЗА

Во моментов над Италија и Јадранот започнува да се буди циклонот ХЕКТОР кој ќе започне да влијае на времето кај нас веќе од денес (петок) така што времето денес ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет додека снег ќе паѓа само на највисоките планини (над 2000 м.н.в).

Ќе започне да дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец со што ќе започне и силно јужно и југозападно воздушно струење што ќе услови од Сахара кон нашата територија да се транспортира прашина и песок од Сахара што значи понекаде дождот што ќе врне ќе биде помешан со прашина и со песок.

Ќе биде натпросечно топло со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервал од 12 до 17 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!