НЕМА КРАЈ НА ЗИМАТА – БАЛКАНОТ ПРЕД НОВ ПОЛАРЕН БРАН И МНОГУ СНЕГ!

Невообичаено ниски температури на воздухот (пониски од нормалните за овој дел од годината дури за 10 степени), засилен ветер, врнежи од дожд и снег и формирање на снежна покривка и на некои од ниските места а на планините ГОЛЕМО зголемување на истата.

Ваква е сликата за Балканскиот Полуостров за време на викендот и на почетокот од следната недела.

Од овој поларен бран со невообичаено ниски температури на воздухот кој ќе се спуштат длабоко под нулата ќе бидат најмногу погодени земјите од северен и од северозападен Балкан поточно: Словенија, Хрватска и Босна додека кај нас барем според моменталните анализи температурите на воздухот ќе бидат далеку повисоки но снег ќе има на повисоките места и на планините и формирање или значително зголемување на снежната покривка.

Метеомакс КОНТИНУИРАНО ќе ја следи секоја ново – настаната временска состојба и навремено ќе ги информира сите граѓани на Македонија но и на оние граѓани кој се наоѓаат надвор од нашата држава.

НАПОМЕНА: Овие нагли и големи промени на временската состојба од многу топло на многу студено време и обратно МНОГУ ЛОШО ќе влијаат врз здравјето на граѓаните и тоа особено врз метеопатите.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил  каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

МОЌЕН ЦИКЛОН ХЕКТОР: ВО САБОТА ВНИМАВАЈТE – ЌЕ ИМА ОЛУЕН ВЕТЕР ( БРЗИНА ПРЕКУ 100 КМ/ЧАС)

Во сабота во нашата држава големо влијание ќе има моќниот циклон ХЕКТОР и веќе како што најавивме ќе услови врнежи и грмежи а локално не се исклучува можноста и за ИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси.

Сепак во оваа анализа ќе обрнеме внимание на ветерот кој многу ќе го има во денот сабота што значи тој ден ќе биде МНОГУ ВЕТРОВИТ.

Ќе дува засилен до СИЛЕН ветер од јужен правец кој локално ќе има ОЛУЈНИ удари па така брзината на некои места можно е да достигнува дури и до преку 100 км/час.

Во ваква ситуација на граѓаните ги советуваме да бидат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ каде се движат а своите автомобили да ги ставаат подалеку од дрвја и бандери за да не дојде до некоја несакана ситуација.

Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да се заштитат.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил  каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

ДОАЃА ЦИКЛОН ХЕКТОР – НОСИ ОЛУЕН ВЕТЕР, ВРНЕЖИ, ГРМЕЖИ И УСЛОВИ ЗА НЕВРЕМЕ СО ГРАД!

Под влијание на циклонот по име ХЕКТОР за време на овој викенд не очекува нова ГОЛЕМА промена на времето.

Во сабота ќе биде невообичаено топло, спарно, тешко и многу ветровито со засилен до СИЛЕН ветер од јужен правец кој локално ќе достигнува брзина дури до околу 100 км/час.

Времето ќе биде променливо облачно а веќе од попладневните часови најпрвин на запад а подоцна насекаде ќе има врнежи од дожд кој ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.

На повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер додека локално можни се ИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси проследенисо засилен ветер, електрични празнења и услови за град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

На граѓаните ги советуваме во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат надвор и под осамени дрвја додека на овчарите ги советуваме своите стада да ги заштитат поточно да ги делат во помали групи.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил  каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО СТРЕСЕ РЕГИОНОВ!

Пред околу половина час силен земјотрес со интензитет од 4.7 степени спорет Рихтеровата скала ја стресе Романија.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 148 километри северно од главниот град Букурешт.

Земјотресот се наоѓа на 140 километри длабочина и засега нема информации за евентуални штети.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил  каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА МНОГУ ЛОШО, ТЕШКО И СПАРНО ВРЕМЕ И ЗА ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА!

Во текот на следните неколку денови поточно пред да пристигне циклонот ХЕКТОР за кој детална анализа ќе објавиме во текот на денов ќе имаме МНОГУ МАЧНО, СПАРНО и ТЕШКО време а температурите на воздухот ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината и истите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени но поради релативно високата влажност на воздухот и поради транспортот на прашина и песок од Сахара температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.

Утре (четврток) ќе биде релативно суво додека во петок ќе има локални послаби врнежи од дожд.

Ваквото време многу лошо ќе влијае особено врз метеопатите кој ќе имаат појава на главоболки и болки во коските и на местата од старите рани, исто така ќе осеќаат тежина во главата и на телото а можна е и повремена нервоза како и несоница.

Да напоменеме дека освен кај метеопатите вакви проблеми можни се и кај обичните граѓани.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил  каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА: ЗИМСКИ УДАР И СНЕГ ДОАЃААТ НА БАЛКАНОТ!

Многу студен воздух од Акртикот ќе се спушти овој викенд на Балканскиот Полуостров и истиот ќе донесе врнежи од снег на голем број места од северен и северозападен Балкан а истиот ќе услови и невообичаено ниски температури на воздухот кој на многу места како минималните така и максималните дневни температури на воздухот ќе се спуштат под нулата.

Поради поинтензивните врнежи на повеќе места ќе се формира нова снежна покривка додека на високите планини ќе има ГОЛЕМО зголемување на истата.

Најпогодени од овој зимски бран ќе бидат Словенија, Хрватска и Босна.

Македонија барем според моменталните анализи овој поларен бран нема да ја зафати (не барем со многу голем интензитет) но сепак ситуацијата континуирано ќе ја следиме па ќе ве информираме.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил  каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

НАЈНОВО АНАЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО – ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НЕ ЧЕКА

Во текот на денешниот ден (среда) ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди но и со локални послаби врнежи од дожд а можни се и сосема ретки грмежи додека на високит епланини ќе има слаби врнежи од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец кој повремено ќе се засилува по интензитет.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервал од 10 до 17 степени.

Утре (четврток) ќе имаме претежно сончево и топло време за овој период од годината а ќе има и мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец додека масималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.

Во петок ќе има послаби локални врнежи од дожд додека во сабота територијата на нашата држава ќе биде зафатена од циклонот ХЕКТОР кој ќе услови врнежи и грмежи а ќе биде и невообичаено топло, спарно и мачно пред пристигнувањето на ХЕКТОР.

Сепак детална анализа околу циклонот ХЕКТОР следува денес (среда).

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба. СЛАВЧО ПОПОСКИ.