НАЈНОВА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО – ЦИКЛОНОТ ГЛОРИЈА ВЛИЈАЕ НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

И во текот на денешниот ден нашата држава ќе биде под влијание на циклонот Глорија па така времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди но и со повремени локални врнежи од дожд а ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

Само на највисоките планини на запад ќе има услови за повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 20 степени што значи истите и натаму ќе бидат над просекот за овој дел од годината.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.