ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: НОВ НЕВООБИЧАЕНО ТОПОЛ БРАН И МНОГУ МАЧНО ВРЕМЕ ПА ДОАЃА ЦИКЛОНОТ ХЕКТОР!

Во следните неколку денови а особено во петок и сабота територијата на нашата држава ќе биде зафатена од нов невообичаено топол бран со потекло од северните предели на Африка кој ќе услови невообичаено високи температури на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

Сепак поради силното јужно и југозападно воздушно струење повторно од Сахара кон нашата држава ќе се врши транспорт на прашина и песок а релативната влажност на воздухот ќе биде релативно висока па токму поради ова времето ќе биде МНОГУ МАЧНО па и спарно а температурите на воздухот ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.

Во ваква ситуација кај граѓаните ќе се појави мачнина и главоболка како и повремена нервоза а пак кај оние што се оперирани можни се болки на местата од старите рани.

Кај метеопатите исто така се можни болки во коските, главоболка, несоница, тежина во главата како и нервоза. Исто така ќе започне да дува и засилен јужен ветер.

Покрај сето ова овој викенд доаѓа и нов циклон кој го носи името ХЕКТОР и токму овој циклон ќе услови нови поитензивни врнежи проследени со грмежи а можна е и локална изразена нестабилност. Сепак околу ова детална анализа следува наскоро.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.