ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ПРВ СТЕПЕН НА ЕВРОПСКИОТ ЦЕНТАР ЗА БУРИ: ЦИКЛОН ГЛОРИЈА

Почитувани како што најавивме денес (понеделник) особено од пладневните и попладневните часови територијата на нашата држава ќе биде зафатена од циклонот Глорија кој ќе услови врнеж од дожд најпрвин на запад а потоа и во останатите предели.

Поради нестабилната атмосфера локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.

Во ваква ситуација на граѓаните им препорачуваме во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја а обчарите своите стада да ги заштитат односно да ги делат во помали групи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Температурите на воздухот и натаму ќе бидат невообичаено високи за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.