ЦИКЛОНОТ ГЛОРИЈА ДОНЕСЕ СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО СКОПСКО И КУМАНОВСКО (АНАЛИЗА ЗА НЕСТАБИЛНОСТА)

Во овие рани вечерни часови Скопскиот и Кумановскиот регион се зафатени од изразена нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи, засилување на ветерот и локална појава на град.

Понатаму оваа нестабилност ќе ги зафаќа североисточните и источните предели на државата како и оние места кои се наоѓаат по течението на реката Вардар а нестабилност е можна и на запад и на југозапад.

Сето ова е поради влијанието на моќниот циклон Глорија и поради судирот на значително посвежа воздушна маса со многу потоплата маса која се наоѓа над нашата држава.

Граѓаните ги советуваме во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат надвор и под осамени дрвја додека овчарите ги советуваме своите стада да ги заштитат поточно да ги делат во помали групи.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.