ЦИКЛОНОТ ГЛОРИЈА ДОНЕСЕ СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО СКОПСКО И КУМАНОВСКО (АНАЛИЗА ЗА НЕСТАБИЛНОСТА)

Во овие рани вечерни часови Скопскиот и Кумановскиот регион се зафатени од изразена нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи, засилување на ветерот и локална појава на град.

Понатаму оваа нестабилност ќе ги зафаќа североисточните и источните предели на државата како и оние места кои се наоѓаат по течението на реката Вардар а нестабилност е можна и на запад и на југозапад.

Сето ова е поради влијанието на моќниот циклон Глорија и поради судирот на значително посвежа воздушна маса со многу потоплата маса која се наоѓа над нашата држава.

Граѓаните ги советуваме во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат надвор и под осамени дрвја додека овчарите ги советуваме своите стада да ги заштитат поточно да ги делат во помали групи.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

НАЈНОВА АНАЛИЗА: НЕСТАБИЛНОСТ И УСЛОВИ ЗА ЛОКАЛНИ ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ!

На повеќе места ова попладне има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Понатаму поточно доцна попладнево и вечерва насекаде ќе има врнежи од дожд кој на повеќе места ќе бидат проследени со грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за локална појава на град.

НАПОМЕНА: Во зоната на нестабилност има услови за ЗНАЧИТЕЛНО КОЛИЧЕСТВО на воден талог со што може да дојде до локални поројни поплави а поради поинтензивните врнежи но и поради топењето на снежната покривка на планините ќе продолжи зголемувањето на нивоата на езерата и на реките како и зголемување на водотеците.

На граѓаните ги советуваме во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат надвор и под осамени дрвја додека на овчарите ги советуваме своите стада да ги заштитат поточно да ги делат во помали групи.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

ГРМИ ВО ДРЖАВАВА! СЕ РАЗВИВА НЕСТАБИЛНА ОБЛАЧНОСТ – АНАЛИЗА

Започна влијанието на циклонот Глорија. Во овие попладневни часови на северозапад како и во централните предели од државава започна развој на нестабилна облачност која е проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Поради невообичаено топлото време за овој дел од годината атмосферата и натаму ќе биде нестабилна па покрај врнежите од дожд кој ќе се прошират насекаде низ државава локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветеро а можна е и ретка појава на град.

Локално ќе наврне поголемо количество на воден талог и тоа од 15 до 20 л/м2 а можно е и повеќе.

На граѓаните ги советуваме во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат надвор и под осамени дрвја додека на овчарите ги советуваме своите стада да ги заштитат поточно да ги делат во помали групи.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

МНОГУ ВИЕ МАЧНО И СПАРНО?! ЗНАК НА ЦИКЛОНОТ ГЛОРИЈА КОЈ ПОЛЕКА НАВЛЕГУВА КАЈ НАС

Почитувани наши граѓани во текот на денешниот понеделнички ден многу од вас чувствуваат мачнина и тежина на телото како и главоболка и повремена нервоза. Оине кои се оперирани на местата на нивните рани може да почувствуваат болки а некои од граѓаните немаат сон поточно кај нив владее несоница.

Сето ова е знак на тоа дека циклонот Глорија полека но сигурно ја зафаќа нашата територија а сосема ќе навлезе кај нас доцна попладнево и вечерва кога насекаде ќе има врнежи од дожд а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Во исто време од Сахара кон нашата територија се транспортира прашина и песок па дождот кој ќе врне ќе биде измешан со прашина и со правец.

Локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот а можна е и ретка појава на град па токму поради ова на граѓаните ги советуваме во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат надвор и под осамени дрвја додека на овчарите ги советуваме своите стада да ги заштитат поточно да ги делат во помали групи.

Останува невообичаено топло и спарно за овој дел од годината со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени но поради релативно високата влажност во воздухот и поради песокта и прашината од Сахара температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА ПОРАДИ ЦИКЛОНОТ ГЛОРИЈА – АНАЛИЗА

Поради влијанието на циклонот Глорија денес (понеделник) територијата на нашата држава влегува во ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА фаза.

Од пладневните часови па натака најпрвин на запад а потоа и во останатите предели ќе има врнежи од дожд. Локално ќе има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува и можнста за ретка појава на град.

Ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец и токму ова ќе услови и транспорт на прашина и песок од Сахара како и заматена атмосфера.

Локално на запад, север и на исток од државава ќе наврне поголемо количество на воден талог (од 15 до 20 л.м2).

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ПРВ СТЕПЕН НА ЕВРОПСКИОТ ЦЕНТАР ЗА БУРИ: ЦИКЛОН ГЛОРИЈА

Почитувани како што најавивме денес (понеделник) особено од пладневните и попладневните часови територијата на нашата држава ќе биде зафатена од циклонот Глорија кој ќе услови врнеж од дожд најпрвин на запад а потоа и во останатите предели.

Поради нестабилната атмосфера локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.

Во ваква ситуација на граѓаните им препорачуваме во случај на појава на електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја а обчарите своите стада да ги заштитат односно да ги делат во помали групи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Температурите на воздухот и натаму ќе бидат невообичаено високи за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.