ЦИКЛОНОТ ГЛОРИЈА НИ СЕ ПРИБЛИЖУВА: НОСИ ВРНЕЖИ И НЕСТАБИЛНОСТ СО ГРМЕЖИ – АНАЛИЗА

Уште оваа ноќ ќе започне влијанието на циклонот Глорија над нашите краишта па така ќе има услови за сосема локализиран и краткотраен дожд а можни се и ретки грмежи.

Утре (понеделник) во текот на претпладнето ќе имаме повеќе сончеви периоди меѓутоа од пладневните часови најпрвин во западните предели а потоа и во останатите ќе има повремени врнежи од дожд кој сепак најинтензивни ќе бидат на запад и север каде локално ќе наврнат од 15 до 20 л/м2 воден талог.

Локално ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за редок град.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец додека маскималните дневни температури на воздухот и натаму ќе бидат далеку над просекот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.