НАЈНОВО АНАЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО!

Почитувани граѓани како што најавивме денес (недела) ќе имаме стабилно, суво и невообичаено топло време за овој дел од годината поточно времето ќе биде сончево а особено попладнето и вечерта ќе има умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.

Во текот на ноќта недела кон понеделник ќе има услови за сосема локализиран краткотаен дожд и услови за ретки грмежи и токму ова ќе биде само најава на приближувањето на циклонот Глорија кој ќе ја зафати нашата држава во понеделник особено попладнето и вечерта.

Нови и обновени анализи околу циклонот Глорија очекувајте наскоро.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат далеку над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.