МОЌЕН ЦИКЛОН ГЛОРИЈА – САТЕЛИТСКИ СНИМКИ

На горната сателитска снимка можете да го погледнете моќниот циклон Глорија кој во регионот особено во делови од Црна Гора и Албанијаќе донесе интензивни врнежи.

Поинтензивни врнежи овој циклон ќе донесе и кај нас и тоа особено на запад, север и на исток од државава и тоа утре (понеделник) од пладневните часови па натаму па така во овие делови локално ќе наврнат од 15 до 20 л/м2 воден талог.

Атмосферата ќе биде нестабилна па така локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец додека макслималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.