НАУКАТА НА ДЛАНКА: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ЈА ПРЕДИЗВИКУВА ПРОЛЕТТА И ПРОЛЕТНОТО ВРЕМЕ КАЈ НАС

Почитувани граѓани во последните неколку денови како и овој викенд имаме навистина невообичаено топло па дури и спарно време со невообичаено високи температури на воздухот за овој дел од годината кој во централните и во југоисточните предели на некои места веќе достигнуваат дури до 20 степени а понатаму ќе се искачат дури и над 20 степени.

Сепак во оваа анализа ќе ви анализираме зошто доаѓа до олку рано пролетни температури на воздухот над нашите краишта:

Над Атланскиот Океан како и над Северозападна Европа владее поле на многу низок воздушен притисок (длабок циклон) кој условува многу ветровито и врнежливо време.

Токму овој длабок циклон условува слободно од јужните географски широчини поточно од северните предели на Африка кон нашата територија да продира невообичаено топол воздух за овој период од годината и истиот условува невообичаено високи температури на воздухот.

Поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење понатаму ќе започне да се врши транспорт на прашина и на песок од Сахара и токму ова ќе го донесе мачното време како и зголемената влажност во воздухот.

Исто така ова ќе услови и забрзано топење на снежната покривка дури и на највисоките планини од државава.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.