ПОГЛЕДНЕТЕ КОГА ЌЕ БИДЕ МАКСИМУМОТ НА ТОПЛИОТ БРАН И КОГА ЌЕ БИДЕ НАЈМАЧНО ЗА ГРАЃАНИТЕ

Максимумот на топлиот бран кој е невообичаен за овој дел од годината и кој продира од јужните географски широчини поточно од северните предели на Африка ќе го достигне својот максимум утре (недела) како и на самиот почеток од новата недела кој ни е многу блиску.

Освен топлина овој топлотен бран ќе услови транспорт на прашина и песок од Сахара (минимално количество) но сепак токму поради ова но и поради релативно високата влажност во воздухот времето ќе биде мачно, тешко и релативно спарно па така кај граѓаните повремено е можна и појава на главоболки како и болки во коските и на местата од старите рани, можна е повремена нервоза како и несоница.

Максималните дневни температури во текот на следните денови ќе бидат невообичаено високи и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени па така снегот ќе започне забрзано да се топи дури и на високите планини низ државава.

Уште еднашка да напоменеме дека овие очекувани температури на воздухот се повисоки од нормалните дури и за десет степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

ЕДИНСТВЕНО СЕЛО ВО МАКЕДОНИЈА ВО КОЕ СЕ ЖИВЕЕ ГРАДСКИ

Вевчани, место каде природата ги дала најголемите убавини. На патот кон Струга, после селото Велешта, во падините на планината Јабланица е сместено едно најубавите македонски села. Доколку патувате од Охрид, оддалечено е 30km.

Кога ќе стигете таму на сред село ќе ве пречекаат љубезните жители на Вевчани, кои со душа чекаат посетители за да ги раскажат легендарните приказни врзани за ова место. Освен што е препознатливо по традиционалниот карневал кој секоја година се одржува на Василица 13ти и 14ти јануари, Вевчани изобилува со неверојатна природна убавина, а вистинска атракција се Вевчанските извори.

За да стигнете до изворите потребни ви се 10-тина минути од центарот на селото нагоре, следете ги ознаките и уживајте во старите уникатни селски куќи кои пленат со својата топлина.

Во пределот кај изворите направена е посебна пешачка патека, можете да најдете и дрвени клупи и масички. Уживајте во зеленилото и звукот на водата.

Преку спојот на дрвото и каменот, традиционалните предмети и старото огниште овде ќе ја почувствувате топлината што ја овозможува нашата земја.

Ова е единственото село во Македонија, со вистински градски шмек. Покрај тоа што Вевчани си се избориле за самостојна локална самоуправа, во суверниците во ова село ќе ви издадат и пасош, а можете и денарите да си ги замените со личници, валутата на оваа т.н. држава. Уште во југословенската држава вевчани одржале граѓански протест со обид за воведување вевчански пасоши и валута, кога насилно се настојувало да им се одземе еден од богатите Вевчански извори за водоснабдување на Елен Камен. Како резултат на тоа, во последниве 20 години Вевчани станаа симбол на локална самоуправа, моќна да им се спротивстави на централните власти, кога не е испочитуван локалниот интерес.

Земете пасош, но со него не поминувајте граници!

Извор: Скопје24.мк!

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

НАЈНОВА АНАЛИЗА: ДОАЃА ЦИКЛОНОТ ГЛОРИЈА: СО СОБЕ НОСИ ВРНЕЖИ! – ИМА УСЛОВИ И ЗА ПОИЗРАЗЕНА НЕСТАБИЛНОСТ

Како што веќе уште пред неколку денови најавивме на самиот почеток на следната недела поточно овој понеделник кој е многу блиску до нас територијата на нашата држава ќе биде зафатена од циклонот Глорија.

Уште во текот на утрешната ноќ кон денот понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, потоа во понеделник во текот на претпладнето ќе имаме претежно суво време со догли сончеви периоди меѓутоа од пладневните часови циклонот ќе започне се повеќе да влијае на времето кај нас.

Облачноста ќе се зголемува а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Ќе има и повремени врнежи од дожд.

Локално низ државава ќе има и развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.

Таму каде што ќе има нестабилност локално ќе наврне поголемо количество на воден талог (над 20 л/м2).

Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат далеку над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.

СОВЕТ: Ве советуваме доколку во вашето населено место се случат електрични празења да не претстојувате на отворен простор и под осамени дрвја додека траат истита а овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

НАУКАТА НА ДЛАНКА: ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ЈА ПРЕДИЗВИКУВА ПРОЛЕТТА И ПРОЛЕТНОТО ВРЕМЕ КАЈ НАС

Почитувани граѓани во последните неколку денови како и овој викенд имаме навистина невообичаено топло па дури и спарно време со невообичаено високи температури на воздухот за овој дел од годината кој во централните и во југоисточните предели на некои места веќе достигнуваат дури до 20 степени а понатаму ќе се искачат дури и над 20 степени.

Сепак во оваа анализа ќе ви анализираме зошто доаѓа до олку рано пролетни температури на воздухот над нашите краишта:

Над Атланскиот Океан како и над Северозападна Европа владее поле на многу низок воздушен притисок (длабок циклон) кој условува многу ветровито и врнежливо време.

Токму овој длабок циклон условува слободно од јужните географски широчини поточно од северните предели на Африка кон нашата територија да продира невообичаено топол воздух за овој период од годината и истиот условува невообичаено високи температури на воздухот.

Поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење понатаму ќе започне да се врши транспорт на прашина и на песок од Сахара и токму ова ќе го донесе мачното време како и зголемената влажност во воздухот.

Исто така ова ќе услови и забрзано топење на снежната покривка дури и на највисоките планини од државава.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

МНОГУ ПОУЧНО: МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ ОТКРИВА КАКО НАСТАНУВА ПРИРОДНИОТ ФЕНОМЕН ВОДЕНА БОМБА

Така наречената Водена Бомба настанува и се развива кога атмосферата е многу нестабилна исто така за оваа појава воздушниот притисок треба да биде низок што значи оваа метеоролошка појава настанува кога има циклонски период. Облаците се толку моќни и олујни што освен поројни врнежи од дожд секако и силни ветришта проследени со силни грмежи и град може да предизвикаат и големи материјални штети и поплави а недај Боже може да доведе и до човечки жртви.

Сепак оваа метеоролошка појава кај нас во Македонија е многу ретка појава но секако дека може да настане кога атмосферата горе е многу нестабилна. Инаку до дестабилизирање на времето и атмосферата доаѓа кога времето е сончево и многу топло со температури од околу или над 30°C, тогаш поради силното здрачење на сонцето атмосферата се загрева од сончевите зради и токму ова предизвикува дестабилизирање на атмосферата и појава на врнежи и грмежи и секако невреме со град.

Затоа во летниот период во претпладневните часови времето е претежно стабилно и многу топло додека во попладневните часови доаѓа до дестабилизирање на атмосферата и развој на олујни облаци кои со себе носат облилни поројни врнежи од дожд, грмежи, силни ветришта и град.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

МЕСТОТО КАДЕ СЕ СРЕЌАВААТ ДВЕ МОРИЊА НО НИКОГАШ НЕ СЕ СПОЈУВААТ

Средбата на двете мориња кои никогаш не се спојуваат, е уникатен феномен, кој може да се види во градот Скаген кој се наоѓа на северот на Данска.

Погледот помеѓу Северното и Балтичкото море е прекрасен. Границата меѓу нив е толку светла што  може да биде забележана оддалеку, бидејќи движењата на двете мориња никогаш не се спојуваат едно во друго. Причината за тоа е различната густина на водата.  Морските струи обликуваат подводна песочна патека која секојдневно ја променува својата местоположба.

Границата помеѓу Северното и Балтичкото Море може да биде јасно видена од плажата Гренен. Погледнете го и видеото кое е снимено токму таму:

https://www.youtube.com/watch?v=-zCSQmP7j3o

Извор: Скопје24.мк!

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

ВИСТИНСКА ПРОЛЕТ ВО МАКЕДОНИЈА – МНОГУ ТОПЛИНА: ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОБНОВЕНАТА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО

Под влијание на стабилна, сува и невообчаено топла воздушна маса која продира од јужните географски широчини за време на овој викенд времето во државава ќе биде сончево и невообичаено топло за овој период од годината повремено со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

Поради топлото време ќе продолжи забрзаното топење на снежната покривка на високите планински места во државава.

Да напоменеме дека поради јужното воздушно струење овој викенд ќе започне да се врши транспорт на прашина и на песок од Сахара.