ТОПЛОТЕН БРАН ВО ДРЖАВАВА: ТЕМПЕРАТУРИ ДУРИ ЗА 10°C ПОВИСОКИ ОД НОРМАЛНИТЕ!

Најновите анализи направени на времето за овој викенд и за самиот почеток на следната недела и натаму укажуваат на тоа дека нашата територија ќе биде под влијание на невообичаено топла воздушна маса која ќе продира од јужните географски широчини поточно од Северна Африка. Токму оваа воздушна маса и јужното воздушно струење ќе услови транспорт на прашина и на песок од Сахара како и заматена атмосфера.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени. Да напоменеме дека овие температури се повисоки дури и за околу 10 степени од нормалните за овој дел од годината па затоа граѓаните и натаму ќе чувствуваат мачнини и тежини поради неповолните временски услови и Африканскиот бран.

Нов бран на врнежи според сегашните анализи ќе имаме веќе од понеделник.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.