КОНЕЧНО ПРЕКРАСНИ ИНФОРМАЦИИ: СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО! (АНАЛИЗА)

Почитувани граѓани конечно ќе можеме од денес (петок) па во текот на целиот викенд кој ни претстои да уживаме во времето без врнежи а покрај тоа ќе биде и невообичаено топло за овој дел од годината и тоа поради продор на невообичаено топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка.

Денес (петок) особено претпладнево како и околу пладне ќе биде умерено, понекаде и значително облачно но останува суво времето.

Попладне и навечер облачноста ќе започне да се намалува па така за време на овој викенд ќе имаме сончево и топло време повремено со умерена облачност.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен додека во понеделник ќе биде уште потопло кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.