ЕКСКЛУЗИВНИ ИНФОРМАЦИИ: ДЕТАЛНА АНАЛИЗА ЗА ПРОЛЕТ 2018 НА МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ!

Почитувани граѓани веќе уште пред девет дена навлеговме во климатолошката пролет а за 10тина дена и официјално ќе ни започне пролетта па добро е горе – долу да знаеме што може да очекуваме во текот на оваа пролет.

Според со долгорочните анализи на времето со кој ние располагаме во текот на пролетта која ни претстои ќе имаме температури близу нормалните што се за една пролет иако истите повремено може да бидат и нешто над просекот но не би требало да одат далеку над просекот. Сепак и покрај ова не се исклучува можноста за повремени продори на постуден воздух од северните географски широчини.

Што се однесува до врнежите тие би биле околу просекот за една пролет но сепак повремено треба да очекуваме и поизразени влажни воздушни бранови кои би донеле поинтензивни врнежи а со оглед дека на планините има доста снег и со топењето на истиот можно е понатамошно зголемување на водотеците и на нивоата на реките и езерата низ државава.

НАПОМЕНА: Поради тоа што се работи за долгорочна анализа на времето ова да не го земате здраво за готово затоа што промена на истата и тоа како е можно, Сепак горе – долу знаеме што да очекуваме оваа пролет.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.