ПРОЛЕТТА ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНА ПОРАНО – СЕ МЕРАТ ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ! АНАЛИЗА

Почитувани граѓани слободно можеме да кажеме дека пролетта во Македонија пристигна порано и тоа гледано во температурите на воздухот кој овие денови се далеку над просекот за овој дел од годината а така ќе продолжат до самиот крај на овој викенд.

Сето ова е поради влијанието на невообичаено топлата воздушна маса која продира од јужните географски широчини поточно од Северна Африка.

Освен топлина како што претходно најавивме оваа воздушна маса со себе ќе донесе и Сахарска прашина и песок како и мачнини и тежини кај граѓаните.

Во продолжение погледнете ги денешните петочни максимални температури на воздухот измерени во Македонија:

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

МУ ДОАЃА СЕЗОНАТА НА НАЈОПАСНИОТ ОБЛАК ВО АТМОСФЕРАТА (КУМУЛОНИМБУС) ДОЗНАЈТЕ СЕ ЗА НЕГО!

Кумулонимбусот е олуен и конвективен (вертикален) облак кој се развива во летниот период од годината кога атмосферата е многу нестабилна, овој облак се развива некаде од 500 па се до 10 000 метри. Со себе носи поројни врнежи од дожд, силни грмежи како и силни ветришта и секако и град. Исто така овој облак многу често може да предизвика и формирање на Торнада.

На следната фотографија можете да погледнете како изгледа овој олуен облак:

Овој олуен облак е толку моќен што дури често знае да направи и метеоријални штети како и да предизвика поплави. Понекогаш знае да прерасне и во Суперќелија.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

ЕКСКЛУЗИВНИ ИНФОРМАЦИИ: ДЕТАЛНА АНАЛИЗА ЗА ПРОЛЕТ 2018 НА МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ!

Почитувани граѓани веќе уште пред девет дена навлеговме во климатолошката пролет а за 10тина дена и официјално ќе ни започне пролетта па добро е горе – долу да знаеме што може да очекуваме во текот на оваа пролет.

Според со долгорочните анализи на времето со кој ние располагаме во текот на пролетта која ни претстои ќе имаме температури близу нормалните што се за една пролет иако истите повремено може да бидат и нешто над просекот но не би требало да одат далеку над просекот. Сепак и покрај ова не се исклучува можноста за повремени продори на постуден воздух од северните географски широчини.

Што се однесува до врнежите тие би биле околу просекот за една пролет но сепак повремено треба да очекуваме и поизразени влажни воздушни бранови кои би донеле поинтензивни врнежи а со оглед дека на планините има доста снег и со топењето на истиот можно е понатамошно зголемување на водотеците и на нивоата на реките и езерата низ државава.

НАПОМЕНА: Поради тоа што се работи за долгорочна анализа на времето ова да не го земате здраво за готово затоа што промена на истата и тоа како е можно, Сепак горе – долу знаеме што да очекуваме оваа пролет.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

ТОПЛОТЕН БРАН ВО ДРЖАВАВА: ТЕМПЕРАТУРИ ДУРИ ЗА 10°C ПОВИСОКИ ОД НОРМАЛНИТЕ!

Најновите анализи направени на времето за овој викенд и за самиот почеток на следната недела и натаму укажуваат на тоа дека нашата територија ќе биде под влијание на невообичаено топла воздушна маса која ќе продира од јужните географски широчини поточно од Северна Африка. Токму оваа воздушна маса и јужното воздушно струење ќе услови транспорт на прашина и на песок од Сахара како и заматена атмосфера.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени. Да напоменеме дека овие температури се повисоки дури и за околу 10 степени од нормалните за овој дел од годината па затоа граѓаните и натаму ќе чувствуваат мачнини и тежини поради неповолните временски услови и Африканскиот бран.

Нов бран на врнежи според сегашните анализи ќе имаме веќе од понеделник.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

ЧУДО ВО ПЕРУ: СЕ ПОЈАВИ ЕДЕН НЕВООБИЧАЕН ФЕНОМЕН – ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ КАДЕ ПАЃААТ КАМЕЊА! ВИДЕО

Почитувани граѓани овие денови низ социјалните мрежи се појавија страшни фотографии и невообичаено видео. Се работи за еден невообичаен феномен кој неодамна се случи во Перу.

Се работи за страшно невреме кое буквално прави пустош а се работи за паѓање на камења од небото.

Тоа можете да го погледнете на следното виедо и фотографија:

https://www.facebook.com/marciogrequi/videos/1659458394147935/?t=0

Сеуште не се знае дали се работи за феномен или за монтирано видео но сепак добро е да го погледнете.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

КОНЕЧНО ПРЕКРАСНИ ИНФОРМАЦИИ: СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО! (АНАЛИЗА)

Почитувани граѓани конечно ќе можеме од денес (петок) па во текот на целиот викенд кој ни претстои да уживаме во времето без врнежи а покрај тоа ќе биде и невообичаено топло за овој дел од годината и тоа поради продор на невообичаено топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка.

Денес (петок) особено претпладнево како и околу пладне ќе биде умерено, понекаде и значително облачно но останува суво времето.

Попладне и навечер облачноста ќе започне да се намалува па така за време на овој викенд ќе имаме сончево и топло време повремено со умерена облачност.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен додека во понеделник ќе биде уште потопло кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.