СЛЕДУВА МНОГУ МАЧНО ВРЕМЕ – ЌЕ ИМА ЗАМАТЕНА АТМОСФЕРА КАКО И ТРАНСПОРТ НА ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА!

Под влијание на невообичаено топла воздушна маса и на јужно воздушно струење во текот на следните денови ќе имаме невообичаено топло, спарно, и мачно време.

Од Сахара кон нашата државава ќе се врши транспорт на прашина и песок па токму ова ќе услови заматување на атмосферата додека релативно високата влажност на воздухот ќе го услови мачното и нешто поспарно време.

Температурите на воздухот како што и претходно кажавме ќе бидат невообичаено високи за овој дел од годината и истите ќе бидат дури и за повеќе од 10 степени повисоки од нормалните за овој годишен период.

Максималните дневни температури на воздухот во текот на следните денови ќе се искачуваат речиси насекаде до околу па и над 15 степени а во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачат до околу па и над 20 степени.

Ова ќе услови забрзано топење на снежната покривка дури и на високите планински места во државава.

Времето ќе биде претежно стабилно без врнежи а нови врнежи ќе има од понеделник. Детална анализа околу ова за време на викендот кој доаѓа.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА НА МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ: МНОГУ ЛОШО ЌЕ ВЛИЈАЕ ВРЕМЕТО ВРЗ ГРАЃАНИТЕ!

Во следните денови Африканскиот бран кој ќе ја зафати нашата држава ќе донесе многу мачно време за граѓаните а ќе биде и спарно па токму поради ова ќе се појави големата мачнина кај граѓаните.

Оваа мачнина ќе биде проследена со повремена нервоза, тежина на телото, можна е и главоболка како и несоница.

Времето ќе биде сончево повремено со умерена облачност со иклучок на утре (петок) кога ќе имаме нешто повеќе облаци но врнежи нема да има.

Температурите на воздухот речиси насекаде ќе се искачуваат до околу 15 степени додека понекаде и над 15 степени.

Најтопло ќе биде во централните и во југоисточните предели на државава каде максималните дневни температури на воздухот ќе се искачат некаде до околу па и над 20 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

НАЈНОВО: АФРИКАНСКИ БРАН И ЗНАЧИТЕЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА!

За време на претстојниот викенд кој ни доаѓа територијата на нашата држава ќе биде зафатена од Африкански бран кој ќе услови насекаде температури до околу па и над 15 степени додека во централните и во југоисточните предели истит еќе се искачат до па и над 20 степени.

Утре (петок) ќе има нешто повеќе облаци но оваа облачност нема да донесе врнежи додека во сабота ќе биде посончево иако доцна попладнето и вечерта како и во недела ќе има умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен и од југозападен правец.

Да напоменеме дека очекуваните температури ќе бидат повисоки од нормалните дури и за околу па и за повеќе од 10 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

НАЈНОВА АНАЛИЗА КОЈА НА СИТЕ ВАС ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ПОГЛЕДНЕТЕ КОГА ЌЕ ПРЕСТАНАТ ВРНЕЖИТЕ

Почитувани граѓани на сите вас ве интересира кога конечно ќе престанат врнежите од дожд кој од синоќа ја зафатија нашата држава.

Ова претпладне на многу места врне дожд а снег паѓа на планинските места со надморска височина од 1500 метри па нагоре.

Понатаму повремени локални врнежи од дожд и снег на повисоките планини сеуште ќе има низ државава.

Конечно насекаде престанок на врнежите ќе имаме од доцна попладнево и вечерва па така утре (петок) ќе имаме сепак нешто повеќе облаци но суво време како и релативно топло и натаму.

Во текот на денов следува обновена анализа на викенд временската прогноза.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА – НА МНОГУ МЕСТА ВРНЕ ДОЖД, ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ ВЕЕ СНЕГ

Под влијание на циклонска активност и на влажна воздушна маса од Медитеранот уште во текот на изминатата ноќ најпрвин на запад а потоа и на повеќе места поточно ова утро има врнежи од дожд додека снег врне на повисоките планински места (од над 1500 м.н.в па нагоре) каде е зголемена снежната покривка од таа надморска височина па нагоре.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка и Буково, но без проблеми во одвивањето на сообраќајот.

Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Ѓавато е намалена до 100 метри.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: На патниот правец А2 Струга – г.п. Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до м.в. Добра Вода – с. Франгово (во должина од 3км) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 км/час.

Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година. Повеќе детали за зимската опрема ќе најдете тука.