ВРЕДИ ДА СЕ ПРОЧИТА: ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ ГИ МАЧИ ВРЕМЕТО!

Рускиот академик и кардиохирург Николај Амосов кој живееше 89 години е познат и по неговата витаминско-минерална бомба, мешавина која тој им ја препорачувал на постоперативните пациенти за брзо опоравување.

Оваа мешавина е вистински магацин на витамини и микроелементи која е исклучително корисна и за здравите луѓе.

Пастата го надокнадува дефицитот на витамини, посебно во зимскиот период, кога е и сезона на грип и настинки. Оваа смеса е исто така добра и за јакнење на кардиоваскуларниот систем и за јакнење на имунитетот.

Состојки:

По 200 грама суво грозје,

суви кајсии,

суви смокви,

ореви,

мед и

еден лимон со кора.

Приготвување: 

Сите состојки исечкајте ги ситно, смелете ги во машина за месо или во блендер. Додадете мед, измешајте и ставете ги во тегла. Чувајте ја смесата во фрижидер.
Земајте по една супена лажица, два пати дневно. Наутро на празен стомак, и навечер пред спиење, со шолја топла вода или млеко.

Може да ја консумираат и деца (не помали од 3-4 години) – по една кафена лажичка, на ист начин.

Совет:

Повеќе од овошјата пред сушењето се третираат со одредени хемикалии поради долготрајност па затоа задолжително добро измијте ги такашто ќе ги ставите во сад со зовриена и изладена вода преку ноќ. Наутро, водата процедете ја а овошјето повторно измијте го под силен млаз вода и оставете го да се исуши.

Извор: Скопје24.мк!

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.