ДОАЃААТ ВРНЕЖИТЕ – ДЕТАЛНО АНАЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО!

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на влажна но релативно топла воздушна маса во текот на оваа ноќ најпрвин на запад а потоа локално и во останатите предели ќе има повремени врнежи од дожд додека снег ќе врне само на повисоките планини.

Повеќе врнежи ќе има на запад и вкупното количество на врнежи од овој влажен бран ќе изнесува околу 10 л/м2 воден талог. Можна е и ретка појава на грмежи.

Повремени врнежи од дож и снег на повисоките планини ќе има и утре (четврток). Врнежите ќе бидат од локален карактер додека истите доцна попладнето и вечерта ќе престануваат.

Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

ВРЕДИ ДА СЕ ПРОЧИТА: ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ ГИ МАЧИ ВРЕМЕТО!

Рускиот академик и кардиохирург Николај Амосов кој живееше 89 години е познат и по неговата витаминско-минерална бомба, мешавина која тој им ја препорачувал на постоперативните пациенти за брзо опоравување.

Оваа мешавина е вистински магацин на витамини и микроелементи која е исклучително корисна и за здравите луѓе.

Пастата го надокнадува дефицитот на витамини, посебно во зимскиот период, кога е и сезона на грип и настинки. Оваа смеса е исто така добра и за јакнење на кардиоваскуларниот систем и за јакнење на имунитетот.

Состојки:

По 200 грама суво грозје,

суви кајсии,

суви смокви,

ореви,

мед и

еден лимон со кора.

Приготвување: 

Сите состојки исечкајте ги ситно, смелете ги во машина за месо или во блендер. Додадете мед, измешајте и ставете ги во тегла. Чувајте ја смесата во фрижидер.
Земајте по една супена лажица, два пати дневно. Наутро на празен стомак, и навечер пред спиење, со шолја топла вода или млеко.

Може да ја консумираат и деца (не помали од 3-4 години) – по една кафена лажичка, на ист начин.

Совет:

Повеќе од овошјата пред сушењето се третираат со одредени хемикалии поради долготрајност па затоа задолжително добро измијте ги такашто ќе ги ставите во сад со зовриена и изладена вода преку ноќ. Наутро, водата процедете ја а овошјето повторно измијте го под силен млаз вода и оставете го да се исуши.

Извор: Скопје24.мк!

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА: ЦЕЛИОТ БАЛКАНСКИ ПОЛУОСТРОВ ЌЕ УЖИВА ВО ВИСТИНСКИ ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ

По поларниот вртлог кој неодамна го зафати буквално целиот Балкански Полуостров и донесе снег и невообичаено ниски температури на воздухот кој се спуштија дури и под -20 степени сепак во следниот период токму овој полуостров ќе биде зафатен од навистина вистински пролетни температури на воздухот и истите ќе бидат далеку над просекот за овој дел од годината (повеќе од 10 степени повисоки од нормалните).

Сето ова ќе услови интензивно топење на снежната покривка на планините и истите ќе условат понатамошно зголемување на нивоата на реките.

Температурите ширум Балканот во следните денови на повеќе места ќе се искачат до околу 20 степени а понекаде дури и над 20 степени.

Сепак и покрај ваквата ситуација сепак ќе продолжи нестабилното време низ целиот Балкански Полуостров.

Да напоменеме дека пролетните температури на воздухот ќе ги зголеми условите за будење на природата.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

НЕВООБИЧАЕНО ТОПОЛ БРАН ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА!

Во текот на следните неколку денови па и за време на викеднот кој доаѓа територијата на нашата држава ќе биде зафатена од невообичаено топол бран кој ќе продре од јужните географски широчини и истиот ќе услови невообичаено високи температури на воздухот и истите ќе бидат дури и за повеќе од десет степени повисоки од вообичаените за овој период од годината.

Времето ќе биде претежно стабилно за време на викендот поточно сончево повремено со умерена облачност со исклучок на денот петок кога ќе има повеќе облаци.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

ПРЕКРАСНИ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ВРЕМЕТО ЗА ПРЕТСТОЈНИОТ ВИКЕНД – АНАЛИЗА

Конечно по долг период на нестабилно и врнежливо време викендот кој доаѓа барем одсега гледано накратко ќе одмориме од врнежите што значи ќе имаме далеку постабилно но и потопло време и тоа поради понатамошен продор на топла воздушна маса од јужните географски чирочини.

Времето ќе биде сончево и натрпосечно топло. Сепак повремено ќе има и умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени во сабота додека во недела истите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степени.

Промена на времето одсега гледано ќе имаме повторно од понеделник.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА – ДОАЃААТ НОВИ ВРНЕЖИ! АНАЛИЗА

Територијата на Македонија и понатаму е под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот кој условува многу нестабилно време и чести врнежи.

Во текот на денешниот ден (среда) ќе имаме умерено облачно време со долги сончеви периоди а има услови и за слаб локален дожд.

Ќе дува и умерен до засилен ветер од кугозападен правец.

Доцна вечерта и во текот на ноќта кон четврток како и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд додека на планините ќе има врнежи од снег.

Повторно врнежите локално ќе бидат поинтензивни и вкупното количество на наврнат воден талог ќе изнесува некаде од 15 до 20 л/м2).

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени.