НЕСТАБИЛНОСТ НАВЛЕГУВА ВО ДРЖАВАВА – ПОЧНУВА ДА ГРМИ!

Под влијание на циклон со центар над Медитеранот во овие рани вечерни часови на крајниот западен дел има поизразени облачни јадра кој условуваат врнежи и чести грмежи проследени со засилување на ветерот.

Понатаму вечерва на повеќе места ќе има врнежи од дожд а локално ќе биде и нестабилно облачно со поинтензивни врнежи од дожд, грмежи и засилување на ветерот. Снег ќе врне само на високите планини на северозапад и на запад.

Најобилни врнежи ќе има на крајниот запад каде локално ќе наврнат околу 20 л/м2 воден талог.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

ЕКСКЛУЗИВНО: МЕСЕЧНА ПРОГНОЗА – МЕСЕЦ МАРТ ПОВРНЕЖЛИВ И ПОТОПОЛ!

Почитувани граѓани ја анализиравме ситуацијата околу временската состојба над нашите краишта за месец март кој веќе е во тек.

Според долгорочните анализи кој ние ги направивме овој месец ќе помине во знакот на понестабилен месец и со повеќе врнежи од вообичаеното, сепак гледано по температурите на воздухот ќе биде потопол од вообичаеното и тоа минимално односно за степен до два потопол од нормалата за овој месец.

И покрај ова сеуште неможеме да и кажеме збогум на зимата затоа што е сеуште премногу рано и секако дека може да дојде до некој постуден воздух од север што би условил потрпосечно студено време па дури и врнежи од снег.

ПОТСЕТУВАЊЕ: Ве потсетуваме дека овие прогнози не треба да ги земате здраво за готово и дека промени на истите и тоа како се можни па затоа најдобро и понатаму да ги следете нашите пократкорочни прогнози.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

НАЈАВА ЗА НЕСТАБИЛНОСТ, ДОЖД И ГРМЕЖИ!

Под влијание на циклонска активност со центар во Медитеранот и на влажна и релативно топла воздушна маса од југозапад попладнево и вечерва ќе има врнежи од дожд.

Локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со поинтензивни врнежи од дожд, засилување на ветерот и грмежи.

Ќе дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец додека маскималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени.

Добро е да напоменеме дека во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја а овчарите да си ги заштитат своите стада односно да ги делат во помали групи.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

ЕКСКЛУЗИВНО: МЕТЕОМАКС СЕ ПРОШИРУВА – МНОГУ ИНТЕРЕСНО ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ!

Почитувани граѓани за сите вас имаме една прекрасна информација за која веруваме дека многу ќе ви се допадне и ќе се заинтересирате.

Се работи околу тоа дека наскоро покрај метеоролошките анализи ќе објавуваме и информации кои се поврзани со спортот и со здравјето на граѓаните и сето тоа ќе биде поврзани и околу моменталната временска состојба и за тоа што не очекува понатаму па со оглед на очекуваната временска состојба ќе добивате совети од нас како да се справите со наглите промени кој многу често ни се случуваат.

Искрено се надеваме дека со овој потег одиме уште еден голем чекор понапред и дека сите вие ова ќе го очекувате.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

НАЈАВА ЗА ЗАСИЛЕН ДО СИЛЕН ВЕТЕР И ТРАНСПОРТ НА ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА!

Под влијание на силно ју=но и југозападно воздушно струење кое ќе го имаме во текот на денешниот ден (вторник) но и утре (среда) освен многу нестабилното време со чести врнежи ќе се врши и транспорт на прашина и на песок од Сахара.

Поради оваа ситуација на некои места дождот кој ќе врне ќе биде помешан со прашина и со песок.

ОЧЕКУВАЊЕ НА БРЗИНА НА ВЕТЕР: Ќе дува умерен до засилен, повремено локално и СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец кој на моменти ќе достигнува брзина од над 80 км/час.

Сето ова ќе услови да имаме натпросечно топло време и релативно високи температури на воздухот за овој дел од годината.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

УШТЕ НЕЗАМИНАТ СТАРИОТ – ДОАЃА НОВ ВЛАЖЕН БРАН КОЈ ЌЕ УСЛОВИ И НЕСТАБИЛНОСТ ВО АТМОСФЕРАТА! (АНАЛИЗА)

Територијата на нашата држава е под влијание на циклонска активност со центар во Медитеранот и истата е на серија на влажни но релативно топли возушни бранови кој условуваат чести врнежи.

Уште незаминат стариот бран кој во текот на веќе вчерашниот ден особено попладнето и вечерта што ја зафати нашата држава доаѓа нов влажен бран кој овој пат ќе услови и нестабилност во атмосферата.

Денес (вторник) времето во нашата држава ќе биде променливо облачно и релативно топло. Во текот на претпаднето ќе има само слаб локален дожд и тоа претежно на запад додека околу пладне и попладне како и навечер врнежите ќе се интанзивираат но сепак најинтензивни ќе бидат на запад каде локално ќе наврнат нови околу 20 л/м2 воден талог.

Ќе има и локален развој на нестабилна облачност проследена со поинтензивни врнежи и грмежи.

Ќе започне да дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени.

Да напоменеме дека снег ќе паѓа само на највисоките планини и тоа на северозападот и на западот од државава (над 2000 м.н.в).