НАУКАТА НА ДЛАНКА: КАКО НАСТАНА ПОЛАРНИОТ ВРТЛОГ ВО ЕВРОПА КОЈ ОДЗЕМА МНОГУ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ? АНАЛИЗА

Почитувани сите знаеме што се случи на самиот крај од месец февруари и на самиот почеток на новиот месец во кој влеговме поточно месец март.

Буквално цел Европски Континент како и цел Балкански Полуостров беше погоден од поларен вртлог кој се спушти од Арктикот и токму овој вртлог го нарековме ЧУДОВИШТЕ ОД ВРТЛОГ и истиот одзема дури преку 20 човечки животи.

Сепак научно да кажеме и објасниме на сите вас како настана токму овој поларен втрлог: Над северниот Пол и Арктикот се стационира многу висок воздушен притисок и истиот добре и до северна и североисточна Европа, сепак овој антициклон над Арктикот и Северниот Пол услови невообичаено високи температури на воздухот што доведе и до топење на мразот во овие краишта.

Овој антициклонален блок слободно услови поларниот вртлог кој се наоѓаше над Арктикот да слезе јужни и буквално д аја зафати цела Европа и цел Балкански Полуостров.

На Балканот овој вртлог услови формирање на циклонска активност и тоа поточно некаде над Италија и над Јадранот па ова доведе и до интензивни снежни врнежи па така делови од истиот беа одсечени од светот и блокирани.

Да напоменеме дека оваа ситуација е и сосема нормална понекогаш Арктикот да биде потопол од Европа и од Балканот но малку е невообичаено што токму тоа се случи на самиот крај на фебруар и почетокот на март.

Уште да напоменеме дека во исто време над Атлантикот се формираше силен циклонски систе кој дополнителго го услови спуштањето на поларниот вртлог од Арктикот кон Европа и кон Балканот.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.