ВОНРЕДНА БИОМЕТЕОРОЛОШКА ПРОГНОЗА: ОД -20°C НА +20°C!

Почитувани граѓани пред нас е една ОГРОМНА промена на временската состојба и тоа најмногу гледана по температурите на воздухот.

Додека до вчерашниот четврточен ден имавме невообичаено ниски температури на воздухот за овој дел од годината со што утрото во делови од државава истите се спуштија дури и до -20°C за време на овој викенд следува ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА на временската состојба гледано по температурите на воздухот кој ќе бидат во ГОЛЕМ ПОРАСТ.

За време на овој викенд максимумот на температурите во централните и во југоисточните предели ќе се искачу близу 20°C додека во другите предели истите ќе се искачат до околу па и над 10°C.

Поради тоа што се работи за ОГРОМНА промена на температурите за краток временски период сето ова МНОГУ ЛОШО ќе влијае врз метеопатите кој ќе чувстувваат тежини, повремена нервоза, можни се главоболки и болки во коските како и на местата од старите рани а можна е и несоница.

Освен кај метеопатите вакви појави се можни и кај дел од обичните граѓани.

Почитувани се работи за пресврт на температурите на воздухот дури и за повеќе од 20°C што навистина е ПРЕМНОГУ.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.