НАГЛО ТОПЕЊЕ НА СНЕГОТ: ОПАСНОСТ ОД ЗГОЛЕМУВАЊЕ И ИЗЛЕВАЊЕ НА ВОДОТЕЦИТЕ!

Почитувани граѓани постепено времето ни се затоплува а уште поизразено затоплување на истото ќе имаме за време на овој викенд кога максималните дневни температури на воздухот насекаде ќе се искачуваат околу 10тиот степен па и над 10тиот степен додека во централните и во југоисточните предели од државава истите ќе се искачат дури до околу 17, 18 степени.

Станува збор за натпросечни температури на воздухот за овој дел од годината.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ И НАЈАВА: Сето ова ќе доведе до нагло и брзо топењље на снежната покривка која ќе услови зголемување на водотеците како и на нивоата на реките и на езерата.

Поради ваквата ситуација на возачите им препорачуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ доколку минуваат покрај водотеците поради опасноста од нивно излевање.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

ВОНРЕДНА БИОМЕТЕОРОЛОШКА ПРОГНОЗА: ОД -20°C НА +20°C!

Почитувани граѓани пред нас е една ОГРОМНА промена на временската состојба и тоа најмногу гледана по температурите на воздухот.

Додека до вчерашниот четврточен ден имавме невообичаено ниски температури на воздухот за овој дел од годината со што утрото во делови од државава истите се спуштија дури и до -20°C за време на овој викенд следува ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА на временската состојба гледано по температурите на воздухот кој ќе бидат во ГОЛЕМ ПОРАСТ.

За време на овој викенд максимумот на температурите во централните и во југоисточните предели ќе се искачу близу 20°C додека во другите предели истите ќе се искачат до околу па и над 10°C.

Поради тоа што се работи за ОГРОМНА промена на температурите за краток временски период сето ова МНОГУ ЛОШО ќе влијае врз метеопатите кој ќе чувстувваат тежини, повремена нервоза, можни се главоболки и болки во коските како и на местата од старите рани а можна е и несоница.

Освен кај метеопатите вакви појави се можни и кај дел од обичните граѓани.

Почитувани се работи за пресврт на температурите на воздухот дури и за повеќе од 20°C што навистина е ПРЕМНОГУ.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, ЗАСИЛУВАЊЕ НА ВЕТЕРОТ, ВРНЕЖИ И УСЛОВИ ЗА НЕСТАБИЛНОСТ! АНАЛИЗА

Под влијание на циклонска активност до самиот крај од денешниот петочен ден времето ќе се задржи претежно облачно на повеќе места со повремени врнежи од дожд додека снег ќе паѓа само на највисоките планински места.

Повеќе врнежи ќе има на запад а не се исклучува можноста и за локална нестабилност која може да даде и грмежи.

Ќе дува умерен ветер од јужен правец кој повремено на некои места ќе се засилува по интензитет додека во текот на претстојната ноќ ќе го смени правецот во југозападен и ќе биде засилен по интензитет.

Во текот на претстојната ноќ и утре (сабота) ветерот понекаде ќе достигнува брзина од над 70 км/час. Снежната покрвика ќе започне забрзано да се топи па токму ова ќе услови зголемување на нивоата на езерата, реките и водотеците.

Максималните дневни температури денес (петок) ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени додека утре (сабота) ќе биде МНОГУ ПОТОПЛО со максимум на температурите на воздухот од 7 до 15 степени.