ОД ЗАПАД СЕ ПРИБЛИЖУВААТ ВРНЕЖИ – ЌЕ БИДАТ ПОИНТЕНИВНИ!

Полека од запад кон нашата територија се приближува нов влажен бран кој во текот на втората половина од оваа ноќ како и утре (петок) ќе услови повремени врнежи од дожд кој на некои места ќе бидат нешто ПОИНТЕНЗИВНИ и тоа особено на запад каде локално ќе наврнат околу па и над 20 л/м2 воден таго а поради затоплувањето и јужното воздушно струење снег ќе паѓа само на највисоките планински места. Сепак оваа ноќ и утре (четврток) наутро ќе има и локалн појава на замрзнат дожд и дожд кој со допирот на тлото директно се смрзнува а локално сеуште ќе има и врнежи од снег особено на повисоките места и на планините.

Не се исклучува можноста и за ретки грмежи а ќе започне да дува и јужен ветер со умерен, повремено на некои места и со асилен интензитет па токму ова ќе услови пораст на температурите во втората половина на оваа ноќ.

Максималните дневни температури на воздухот утре (четврток) ќе се искачат во интервалот од 4 до 10 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

ЗА ВИКЕНДОТ СЛЕДУВА ГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ И НАГЛО ТОПЕЊЕ НА СНЕГОТ – ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВОДОТЕЦИТЕ!

Почитувани граѓани за време на викеднот кој доаѓа ќе имаме уште поголемо затоплување на времето кога од југ ќе продре уште потопла воздушна маса што ќе услови ГОЛЕМ ПОРАСТ на температурите на воздухо па така во сабота максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 8 до 16 степени додека во недела од 9 до 17 степени што значи овие температури се натрпосеќни и типично пролетни.

Сето ова ќе доведе до НАГЛО ТОПЕЊЕ на снежната покривка како на пониските така и на повисоките места но и на планините па така поради ваквата ситуација се очекува зголемување на новоата на реките и езерата во државава како и пораст на водотеците.

Во ваква ситуација на возачите им препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ доколку се движат во близина на водотеците затоа што постои можност истите локално да се излеат поради тоа што се работи за брзо топење на снежната покривка.

Времето ќе биде променливо и натпросечно топло со сончеви периоди особено во сабота но и со повремени локални врнежи од дожд додека снег ќе паѓа само на високите планини.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

ВНИМАВАЈТЕ – СЛЕДУВААТ ОПАСНИ МЕТЕОРОЛОШКИ ПОЈАВИ!

Почитувани се наоѓаме во една таква незгодна ситуација гледано на метеоролошки аспект.

Се работи за тоа дека на горниот слој од Атмосферата се наоѓа топол воздух додека во долниот од истата се наоѓа значително постуден воздух па токму поради ова ќе има локална појава на замрзнат дожд и дожд кој со допирот на тлото директно се смрзнува.

Ова е многу опасна метеоролошка појава па затоа на граганите им препорачуваме КРАЈНА ВНИМАТЕЛНОСТ како се движат (ова значи и за возачите и за пешаците) за да не дојде до некоја незгодна ситуација или пад на пешаците.

Веќе утре (петок) ќе имаме значително потопло време поради продорот на значително потопла воздушна маса од јужните географски широчини па така насекаде ќе има врнежи од дожд со исклучок на највисоките планини каде што ќе врне снег. Најмногу врнежи ќе има на запад кад елокално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.

НА АРКТИКОТ ПРОЛЕТ – ВО МАКЕДОНИЈА ПОЛАРНА ЗИМА, ИЗМЕРЕНИ РЕЧИСИ -20°C

Додека на Арктикот владее вистинска пролет и се топи Арктичкиот мраз буквално во цела Европа, цел Балкански Полуостров и во Македонија владее поларна зима како и екстремно ниски температури на воздухот, невообичаени за овој дел од годината.

Денес (01.03.2018) е почеток на климатолошката пролет која е заменета со поларна зима.

Ова утро е дефинитивно најстуденото утро оваа зима па така температурите низ низините се спуштија речиси до -20 степени и тоа во Берово каде се измерени -19 степени додека на високите места и планини температурите на воздухот се уште пониски.

Сепак по сето ова следува затоплување и тоа доцна попладнево и вечерва па така поради топлиот воздух во горниот слој од Атмосферата и ладниот во долниот од истата локално ќе врне замрзнат дожд кој директно со допир на тлото ќе замрзнува на истото па така на граѓаните ги советуваме да бидат крајно претпазливи и секако оние кој управуваат со автомобили за да не дојде до некоја несакана ситуација.

Во продоение погледнете ги измерените температури низ градовите на државава ова утро:

Minimum temperature in 24h. 03/01/2018 at 06:00 UTC
(18 of 18 stations)
1 Berovo (Macedonia, The Republic of) -18.5 °C
2 Skopje-Petrovec (Macedonia, The Republic of) -14.9 °C
3 Kriva Palanka (Macedonia, The Republic of) -14.6 °C
4 Gjuriste-Pgc (Macedonia, The Republic of) -12.6 °C
5 Lazaropole (Macedonia, The Republic of) -12.5 °C
6 Pozarane-Pgc (Macedonia, The Republic of) -11.7 °C
7 Skopje-Zajceprid (Macedonia, The Republic of) -11.1 °C
8 Tetovo (Macedonia, The Republic of) -11.0 °C
9 Vinica-Pgc (Macedonia, The Republic of) -11.0 °C
10 Stip (Macedonia, The Republic of) -10.4 °C
11 Topolcani-Pgc (Macedonia, The Republic of) -10.0 °C
12 Strumica (Macedonia, The Republic of) -8.4 °C
13 Demir Kapija (Macedonia, The Republic of) -8.2 °C
14 Prilep (Macedonia, The Republic of) -8.2 °C
15 Ohrid (Macedonia, The Republic of) -7.5 °C
16 Pretor-Pgc (Macedonia, The Republic of) -7.5 °C
17 Bitola (Macedonia, The Republic of) -7.1 °C
18 Gevgelija (Macedonia, The Republic of) -5.4 °C