ВНИМАНИЕ: ИНТЕНЗИВНО ВЕЕ СНЕГ ВО ДРЖАВАВА – БЕЛАТА ПОКРИВКА СЕ ЗГОЛЕМУВА!

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север оваа вечер особено на северозапад и запад има врнежи и тоа во Полошкиот регион врне претежно снег каде снежната граница значително се спушта додека на другите места на ниските места врне дожд додека на повисоките места и на планините паѓа снег.

Снежната покривка на планините и на скијачките центри постојано се зголемува.

Оваа ноќ врнежите ќе продолжат и ќе бидат од дожд на ниските места а на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде ќе продолжи зголемувањето на снежната покривка.

Снежната покривка на исток, североисток, запад и северозапад ќе се спушти под 1000 м.н.в каде врнежи од дожд и снег или влажен снег ќе има и понекаде на повисоките котлини – 500 – 600 м.н.в.

На возачите им препорачуваме КРАЈНО ВНИМАТЕЛНО возење особено низ планинските превои.

 

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил. СЛАВЧО ПОПОСКИ.