СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ ЗАПАДНА И ЈУГОЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА ПРОСЛЕДЕНО СО ГРМЕЖИ! ИМА МНОГУ ПРОБЛЕМИ

Во текот на изминатото дено – ноќие западна ио југозападна Македонија како што и најавивме ги зафати вистинско снежно невреме проследено со ИНТЕНЗИВНИ снежни врнежи кој на југозапад дури беа проследени и со појава на грмежи.

Низ котлините снегот беше доста влажен поради што истиот во делови од запад и југозапад услови и прекин на електричната енергија а многу граѓани сеуште се борат со недостаток на вода.

Премногу е отежнат сообраќајот на патните правци додека целосно во прекин беше и патот Маврово – Дебар поради пад на лавина во која за среќа нема повредени граѓани.

Ваквата ситуација е поради силниот и моќен циклон кој ја зафати југозападна и западна Македонија. Снегот на скијачките центри веќе достигнува половина метар па дури и повеќе.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.