НАЈНОВА АНАЛИЗА – НОВ ВЛАЖЕН БРАН ВЕЌЕ ОД САМИОТ ПОЧЕТОК НА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА

Според моменталните анализи кој ние ги направивме нов влажен бран кој би условив нови врнежи од дожд и снег и повторно зголемување на снежната покривка се очекува веќе од самиот почеток на следната недела или од понеделник.

Инаку пред тоа за време на викендот ќе имаме преодно затоплување на времето со значителен пораст на дневните максимални температури на воздухот што ќе услови топење на снежната покривка а со ова растат условите за натамошно зголемување на водотеците и езерата низ државава но сепак допрва ќе анализираме дали би имало услови за нивно евентуално излевање.

Со нови и обновени информации околу ова очекувајте овие денови.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.