КРАЈНО ВНИМАНИЕ – НАДВОР ПОЧНУВА ДА МРЗНЕ: МНОГУ ВАЖНИ СОВЕТИ ОД ВАШИОТ МЕТЕОРОЛОГ

Почитувани со оглед на тоа дека температурите на воздухот постепено но значително опаѓаат со што до утрешното четврточно утро на многу места ќе се спуштат во негатива и истите ќе се спуштат во интервалот од -7 до 2 степени во најтоплите региони од државава ве советуваме да бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, еве зошто:

Поради ниските температури на воздухот ќе има појава на голомразица како на повисоките места и на планините така и во поголем дел од котлините па токму поради ова на возачите им препорачуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ додека возат со цел да не дојде до несакана ситуација.

КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ треба да обратат и пешаците поради појавата на голомразица.

Инаку оваа ноќ поточно во втората половина од оваа ноќ како и утре (четврток) на југозапад и запад ќе има врнежи од снег со слаб до умерен интензитет а ќе запоќне да дува и умерен ветер од северен и од североисточен правец кој повремено ќе се засилува по интензитет.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.