КРАЈНО ВНИМАНИЕ – МРЗНЕ! ОД ЈУГОЗАПАД ДОАЃААТ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ! АНАЛИЗА

Оваа ноќ температурите на воздухот значително опаѓаат и веќе на повеќе места се во негатива при што во ваква ситуација има појава на голомразица на патните правци па поради ова ги советуваме на возачите но и на пешаците да бидат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ како се движат со цел да не дојде до некоја несакана ситуација.

Токму ова е поради дополнителното спуштање на студената воздушна маса од северните географски широчини.

Од друга страна пак од југозапад полека ни се приближува облачна воздушна маса но и снежни врнежи па така во втората половина од ноќта како и утре (четврток) на југозапад и запад ќе има врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, понекаде истите може да бидат и со умерен интензитет при што во ваква ситуација ќе има зголемување на белата покривка.

Ќе започне да дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе се засилува во својот интензитет.

Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени во најтоплите региони.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.