ЕКСКЛУЗИВНО – МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ ИЗЛЕГУВА СО АНАЛИЗА ДАЛИ ПОНАТАМУ МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ СЛИЧНО СНЕЖНО НЕВРЕМЕ

Почитувани граѓани во текот на изминатото дено – ноќие југозападна и западна Македонија беа сведоци на големо снежно невреме проследено со многу интензивни врнежи од снег а на југозапад истиот беше проследен дури и со појава на грмежи.

Низ котлините на овој дел од државата паѓаше доста влажен снег кој поради тежината услови понекаде прекин на електричната енергија и прекин на снабдувањето на водата додека на патот Дебар – Маврово се регистрирани дури ве лавини во кој за среќа нема повредени граѓани.

Што д аочекуваме понатаму со времето и колку се шансите ваквата ситуација да се повтори?!

Според моменталните анализи кој ние ги направивме укажуваат на тоа дека за време на викендот кој ни доаѓа максималните дневни температури ќе бидат во значителен пораст и тоа особено во недела па така сето ова ќе услови топење на снежната покривка со што и понатаму ќе растат условите за зголемување на нивоата на водотеците и езерата низ Македонија.

Нов влажен и постуден бран може д аочекуваме уште од самиот почеток на следната недела проследен со врнежи од дожд и снег како и со повторно зголемување на снежната покривка.

Сепак овие анализи се сеуште доволно нејасни со што ќе мора да ги разгледаме и следните нови анализи кој ќе излезат и се ќе иде појасно што може да се очекува.

Ние континуирано ќе ја следиме ситуацијата на временската состојба и развојот на истата и навремено ќе ве информираме ( по потреба и предупредиме).

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.