ВНИМАНИЕ – ЈУГОЗАПАД И ЗАПАД ОЧЕКУВААТ НОВ СНЕГ – КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ДОКОЛКУ ПАТУВАТЕ

Како што и претходно најавивме во моментов од југозапад кон нашата територија навлегува облачна воздушна маса кој оваа ноќ како и утре (четврток) на југозапад и на запад ќе услови нови врнежи од снег со слаб до умерен, локално и со умерен интензитет па така снежната покривка ќе се зголеми.

Поради ниските температури на воздухот кој ќе се спуштат во негатива ќе има појава на голомразица па така доколку патувате ве советуваме да бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ со цел да не дојде до некоја несакана ситуација.

Исто така и на пешаците им препорачуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Да напоменеме уште дека поради ветерот особено на повисоките места и на планините можна е појава на снежни наноси.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.