ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: ОЧЕКУВАЈТЕ ЗНАЧИТЕЛНИ ВРНЕЖИ – ДОЖД, СНЕГ, ЛАПАВИЦА И ВЛАЖЕН СНЕГ! НАЈНОВА АНАЛИЗА

Под влијание на циклонска активност најпрвон на запад а потоа и во останатите предели од државава ќе има врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините.

Исклучок ќе бидат северните, северозападните, западните и југозападните предели каде врнежите ќе бидат од дожд и снег низ некои од котлините додека на повисоките места и на планините ќе паѓа само снег каде ќе дојде до ЗНАЧИТЕЛНО зголемување на белата покривка.

Во северозападните и во запафнит епланински места снежната покривка ќе се зголеми дури за повеќе од 30 сантиметри.

Врнежите ќе видат ПОИНТЕНЗИВНИ па така на запад потоа локално на југ и истиок од државава ќе наврнат нови над 30 л/м2 воден талог. Можна е појава и на ретка нестабилност проследена со ретки грмежи.

Ќе започне да дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец кој најизразен ќе биде Долж Повардарието.

НАПОМЕНА: Поради поинтензивните врнежи растат условите за зголемување на нивото на водотеците, реките и езерата низ државава па затоа на возачите ги советуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ доколку патуваат покрај водотеците во случај на нивно излевање.

Оние пак кој планираат да патуваат и одат на планина или скијачки центри да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да не се шетаат низ планините во случај на интензивни снежни врнежи. Исто така крајна претпазливост и доколку патувате низ планинските превои.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.