СНЕЖНО НЕВРЕМЕ, ИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ И УСЛОВИ ЗА НЕСТАБИЛНОСТ СО ГРМЕЖИ! ДЕТАЛНА АНАЛИЗА

Во моментов од југозапад кон нашата територија ни се приближува нестабилна воздушна маса која освен интензивните врнежи од дожд и снег, понекаде и влажен снег и само снег на повисоките места и на планините ќе има услови и за локална појава на грмежи.

Долж Повардарието и во југоисточните предели ќе се задржат внежите од дожд.

Да објасниме дека ваквата појава при врнежи од снег да се појават и грмежи е поради јужното воздушно струење кое го имаме над нашата територија.

Снежна покривка ќе се формира и во некои од котлините особено оние кои се наоѓаат на надморска височина од 700 – 800 метрипа нагоре и тоа на северот, северозападот, западот и на југозападот нод државава додека на планинските места во северозападна и западна Македонија снежната покривка ќе се зголеми дури и за околу 50 сантиметри.

Ќе започне да дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец кој ќе биде најмногу изразен на исток и Долж Повардарието.

НАПОМЕНА: Поради поинтензивните врнежи растат условите за зголемување на нивото на водотеците, реките и езерата низ државава па затоа на возачите ги советуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ доколку патуваат покрај водотеците во случај на нивно излевање.

Оние пак кој планираат да патуваат и одат на планина или скијачки центри да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да не се шетаат низ планините во случај на интензивни снежни врнежи. Исто така крајна претпазливост и доколку патувате низ планинските превои.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.