ЗАПАДНА И ЈУГОЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА ДА ВНИМАВА – СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ! УСЛОВИ ЗА СОЗДАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ!

Почитувани граѓани под влијание на силен циклон понатаму поточно до крајот на денов и вечерва како и ноќва кон денот среда западна и југозападна Македонија ќе добие ЗНАЧИТЕЛНА СНЕЖНА ПОКРИВКА и тоа посебно на планинските места каде истата ќе се сголеми дури и за околу половина метар додека на повисоките места за околу 20 – 30 сантиметри.

Снежна покривка ќе се формира и во котлините со височина некаде до околу 10 – 15 сантиметри а не се исклучува можноста локално и за повеќе.

Како што веќе најавивме можна е и локална нестабилност проследена со грмежи кој веќе се појавија на југозапад и истит ебеа ретки но сепак ги имаше.

Во другите предели ќе врне претежно дожд особено Долж Повардарието и на југоисток.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.