ЕКСКЛУЗИВНА АНАЛИЗА НА МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ: НА ГРАЃАНИТЕ ИМ АНАЛИЗИРАМЕ ЗОШТО ГРМИ КОГА ПАЃА СНЕГ

Почитувани граѓани оваа вечер ни се случува еден феномен кој е премногу чуден за граѓаните особено за југозападна Македонија каде покрај интензивните снежни врнежи оваа вечер има и појава на електрични празнења и грмежи кој се сосема очекувани и најавени од наша страна.

Многу од граѓаните се изјаснуваат дека ваквата работа не е на добро затоа што во текот на снежните врнежи има и појава на грмежи и на електрични празнења.

Најточната анализа околу тоа што точно ова значи и зошто се појавува следува сега:

Почитувани граѓани оваа вечер на висина имаме силно јужно и југозападно воздушно струење кое условува транспорт на МНОГУ ВЛАГА од Медитеранот а во исто време од север се спушта студена воздушна маса.

Кога студената воздушна маса од север ќе се судри со топлиот Медитерански воздух настанува вознемирување на Атмосферските тела со што доаѓа до развој на нестабилност проследена со грмежи.

Токму ние се наоѓаме на тој дел каде директно се судираат две воздушни маси па токму поради ова доаѓа до појава на електрични празнења и грмежи во текот на интензивните врнежи од снег кој ги имаме на запад и на југозапад од државава.

Секако ваквата ситуација и предзнак дека ќе наврне и значително количество снег кое може да создаде проблеми на запад и југозапад кое е и најавено претходно од наша страна.

Мора да напоменеме дека оваа ситуација ќе продолжи и во текот на целата ноќ кој ни претстојува.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.