ГОЛЕМО СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО ЗАПАДНА И ЈУГОЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА – СНЕМУВА СТРУЈА И ГРМИ! АНАЛИЗА

Снежното невреме кое ги зафати западна и југозападна Македонија услови прекин на електричната енергија особено во селата кои се наоѓаат во овој дел на државава.

Исто така според најновите информации кој ги добиваме од граѓаните прекин на електричната енергија има баш и во центарот на Струга.

Интензивните снежни врнежи се проследени повремено со електрични празнења и појава на грмежи.

Снежната покривка до утрешниот ден (среда) наутро ќе се зголеми за околу па дури можно е и за повеќе од 50 сантиметри на планинските места на запад и северозапад додека на повисоките места за 20 до 30 цм а во котлините за 10 – 15 цм а можно е и повеќе особено на повисоките котлини.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.