ГОЛЕМА ВНИМАТЕЛНОСТ И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – НОВО СНЕЖНО НЕВРЕМЕ НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ И СКИЈАЧКИТЕ ЦЕНТРИ

Почитувани граѓани овој пост ќе го искористиме за тоа да ги предупредиме на сите граѓани кој утре (втоник) па и среда планираат да патуваат према планинските превои и скијачките центри дека толкму овие места се наоѓаат пред ново снежно невреме и интензивни снежни врнежи кој во северозападните и западните планински предели ќе ја зголемат снежната покривка дури за повеќе од 20 сантиметри.

Да напоменеме дека поради ветерот кој повторно се очекува и ќе биде од јужен и од југоисточен правец има услови за појава на снежни наноси.

ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со ова особено северозападниот дел на државава влегува дури и во ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА фаза поради интензивните снежни врнежи кој ќе ги има па поради ова ги предупредуваме возачите да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да не се движат по планинските места за време на овој циклон.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.