ВНИМАНИЕ – ЦИКЛОН: МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ЖОЛТА И ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА

Почитувани граѓани како што претходно најавивме во текот на утрешниот ден (вторник) нашата територија ќе подпадне под влијание на циклонска активност која ќе услови нови поинтензивни врнежи кој ќе бидат претежно од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините.

Снежната граница можно е да се спушти и нешто под 1000 м.н.в и тоа во северните, северозападните, западните и во југозападните предели на државава.

Погледнете ја најновата анализа направена од пред некој час:

Утре (вторник) во текот на претпладнето ќе има услови за слаб локален дожд и снег на повисоките места и на планините и тоа претежно на запад.

Меѓутоа под влијание на нов циклон од Медитеранот од попладневните часови од запад врнежите ќе се интензивираат и до вечерта ќе се прошират насекаде низ државава.

На ниските места ќе врне претежно дожд додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег и особено на запад и северозапад на планинските предели ќе дојде до ЗНАЧИТЕЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ на белата покривка. Снежната граница на север, северозапад, запад и на југозапад би можела да се спушти и до околу 800 м.н.в.

Ќе има услови и за ретка појава на грмежи а ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Врнежите ќе бидат ПОИТНЕНЗИВНИ и локално ќе наврнат нови над 30 л/м2 воден талог додека на планините на северозападот и на западот снежната покривка ќе се зголеми за околу па дури и за повеќе од 20 цм.

НАПОМЕНА: Поради поинтензивните врнежи кој ни доаѓаат повторно е можно ЗГОЛЕМУВАЊЕ на водотеците како и езерата во државава па добро е да се ВНИМАВА поради нивно евентуално и локално излевање.

НАПОМЕНА: Поради ваквата ситуација северозападот на Македонија утре (вторник) влекува во ПОРТОКАЛОВА а останатите во ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.