ВО ВТОРНИК СТИГНУВА НОВ ЦИКЛОН – ПОИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ – ПОНАТАМОШНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СНЕЖНАТА ПОКРИВКА!

Под влијание на нова циклонска активност веќе во вторник најпрвин на запад а до вечерта и ноќта кон среда и насекаде во државава ќе има врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИТЕНЗИВНИ и ќе наврнат нови над 30 л/м2 воден талог.

На повисоките места и на планините ќе има ПОИНТЕНЗИВНИ снежни врнежи каде снежната покривка повторно ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголемува. Исто така во вторник вечерта и ноќта кон среда снежната граница ќе се спушти и нешто под 1000 м.н.в и тоа на северозапад, запад и на југозапад каде можно е формирање на бела покривка и во некои од котлините особено на оние котлини со поголема надморска височина и тоа некаде од 700 – 800 метри па нагоре.

Не се исклучува можноста и за ретка нестабилност проследена со ретки грмежи особено на југоисток. Ќе дува и умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец.

НАПОМЕНА: Поради поинтензивните врнежи кој ни доаѓаат повторно е можно ЗГОЛЕМУВАЊЕ на водотеците како и езерата во државава па добро е да се ВНИМАВА поради нивно евентуално и локално излевање.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.