СТУДЕН БРАН И ЦИКЛОН – СНЕГОТ ДОАЃА И ВО ГРАДОВИТЕ! АНАЛИЗА

Под влијание на циклонска активност и на влажна и студена воздушна маса која се спушта од северните географските широчини денес (сабота) поточно до крајот на денов и вечерва како и во текот на ноќта кон утрешниот неделен ден врнежите ќе се прошират насекаде низ државава и најпрвин ќе бидат од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините каде ќе дојде до ЗНАЧИТЕЛНО зголемување на снежната покривка.

Вечерва и ноќва поради падот на температурите на воздухот и дополнителното спуштање на студениот воздух од север на север, северозапад, запад и на југозапад снежната граница значително ќе се спушти и врнежите од дожд ќе поминат во снег и во некои од котлините каде можно е да дојде до формирање на снежна покривка.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачува во интервалот од 3 до 10 степени меѓутоа вечерва ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаѓаат.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доколку планирате да патувате на планинските места и на планинските превои со вас ЗАДОЛЖИТЕЛНО да понесете зимска опрема и да бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ со вашите автомобили поради тоа што поради падот на температурите на воздухот можна е појава на голомразица.

За нови, детални и по потреба обновени информации околу временската состојба следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ .